Оваа година детската евровизија ќе се одржи на 3-ти декември во Ереван, Ерменија. Наш претставник е Доријан Длака со песната "Жими овој фрак". http://www.youtube.com/watch?v=a8dvYL3yo4A Втора проба: http://www.youtube.com/watch?v=2ekm1Tg_G-s Ќе видиме што ќе направи во сабота Да го поддржиме и да му посакаме среќа!
убо пеј детево... само песнава ми звучи мн познато... како да има превземено од една песна од детската евровизија пред две години безразлика не верувам дека ќе постигни нешто... никогаш не успеваме
На детска евровизија скоро секогаш сме со висок пласман Во 2004 со Мартина освоивме мислам 8-мо место Во 2005 со Денис Димоски освоивме исто 8-мо Во 2007 со Димитар и Росица 5-то Во 2008 со Боби Андонов 5-то
Прв пат ја слушам песнава но интересна е со добра кореографија.А да и мене ми звучи познато од негде.Како и да е надевам ќе постигнат повисоко место годинава.
Да не знае некој во колку часот ќе биде? На МРТ не пишува ништо... Патем, еве кои ќе бидат претставниците.. Armenia Belarus Belgium Bulgaria FYR Macedonia Georgia Latvia Lithuania Moldova the Netherlands Russia Sweden and Ukraine Што значи ниту една Југословенска, што значи барем да бидеме 11 место, добро ќе биде.. Ние ќе бидеме 8ми по ред. Еве кои места сме биле изминатите години. Болдираното е кое место сме биле, а подвлеченото е колку поени сме добиле. Junior Eurovision Song Contest 2010 Saturday, November 20, Anja Veterova Eooo, Eooo 38 12 Junior Eurovision Song Contest 2009 Saturday, November 21, Sara Markoska Za Ljubovta 31 12 Junior Eurovision Song Contest 2008 Saturday, November 22, Bobi Andonov Prati Mi SMS 93 05 Junior Eurovision Song Contest 2007 Saturday, December 8, Rosica Kulakova & Dimitar Stojmenovski Ding Ding Dong 111 05 Junior Eurovision Song Contest 2006 Saturday, December 2, Zana Aliu Vljubena 14 15 Junior Eurovision Song Contest 2005 Saturday, November 26, Denis Dimoski Rodendenski Baknež 68 08 Junior Eurovision Song Contest 2004 Saturday, November 20, Martina Siljanovska Zabava 64 07 Junior Eurovision Song Contest 2003 Saturday, November 15, Marija and Viktorija Ti Ne me Poznavaš 19 12
Секој со свој вкус, ама мене воопшто не ми се допаѓа песната. За кореографијата давам тројче... Изгледа 11 или 12 место ќе сме, дај Боже да грешам...
Сега баш го изгледав настапот.. Искрено, ми се свиѓаше, само цело време, како да немаше воздух и глас.
И децава не се то што беа. Бечка школа? Немаме наше имe или..? Добро да не хејтам, нека му е со среќа на малиов.
Аман бе веќе од тоа политичко гласање, и на детска евровизија ли бе, како не им е срам само?????? Оффффф, готово се откажувам од шитовизијава. Кога ќе се престане со политичкото гласање, тогаш може и ќе глеам! Русија на Белорусија 12 поени и даде дека многу им беше убава песната така? Абе ајде! И порано имаше политичко гласање, ама учествуваа повеќе држави и добивавме и ние поени од хрватите, србите, бугарите (незнам што им беше филмот оваа година).. тоа е и евровизијата не е тоа што беше. Не е ни чудо што оваа година учествуваа само 13 држави Грузија победник со она иритирачкото кенди мјузик? Аххх беее На бугарите ние им дадовме 12 поени, а они на нас 2! Како не им е срам? До сега ни давале најчесто високи поени и ја памтам 12-ката од нив во 2007 а сега? зошто?
Добро е, не бевме барем последни Не слушнав ниту една песна, освен победничката, која не беше нешто посебно.