Годинава, детската евровозија ќе се оддржи во Киев, Украина. На 30ти ноември. Ќе учествуваат: Арменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Малта, Молдавија, Холандија, Русија, Сан Марино, Шведска, Украина и ние. Нас ќе не` претставува Барбара Поповиќ, со песната Охрид и музика. По една година пауза, повторно ќе се појавиме. Ма да мислам дека баш и не треба. Коментарите се излишни. Што поради другите учесници, што поради.... ај нема врска. Не знам јас дали ќе гледам, најверојатно само ќе уклучам кога ќе гласаат, да се уверам дека сме на последното место. Веќе изгубив желба за детскава евровизија... http://www.youtube.com/watch?v=AZGScMgzXk4
според мене слаба песна....ама ај од досада и лошата програма општо на ТВ, и ова ќе е нешто да се погледне п.с. само 12 земји учеснички?
Јас ич не ја сфаќам кореографијава.Само павтат со рацете а,оваа се движи како да и се моча.Сепак ќе глеам чисто да видам кое место ќе освоиме.
Веќе 2 години не гледам Детска евровизија. А ова ќе биде и трета година. И на овој настан почна да преовладува политиката.
Не знам дали ќе можам оваа година да фатам барем дел од детската евровизија,лани воопшто не ја гледав бидејќи,нели,ние не учествувавме,но јас сепак ќе навивам за нашата земја,иако конкуренцијата од другите земји учеснички е огромна,а и кореографијата на оваа наша овогодинешна песна за детската евровизија е многу слаба,но не сме ние тие кои треба да одлучуваме кој треба,а кој не да оди на детската евровизија и затоа што е тука е! Сепак,напред Македонијо!
Иииии неверојатен еден поен зааааааааааааа Македонијаааааа. Кој ремет, еј. Сите држави од прилика се разликуваат за некој поен.... Само нас околу 30тина поени не` делат од предпоследното место. Не изгледав ниту еден настап. Ама сакав да фаќам ремет на гласањето.
Девојчево во школо со мене е, самошто друга паралелка е... Ич не се зачудив што сме последно место... претпоставував... Едноставно, не и ја поднесувам нејзината дигнатост и можам да го видам тоа по нејзиното танцување. На гласањето незнаев дали да се смеам или да плачам.... катастрофа! И баш ќе и го видам лицето во школо... Сум се обидела да видам другарка со неа.. но ме пцуе.
Иии, најгоолемо браво за нас, прво место од назад Шала на страна, многу убаво испеа Малта, заслужено прво место
Е, да Малта беше најдобра. Малта од Малта многу убаво пее. Знаев дека ќе победат ззошто девојчето ем добри вокали имаше ем пеењето беше полно со енергија.
Браво за нас, кој успех Дури 19 поени Јаки сме ејјј Патем, Малта заслужено си го освои првото место Браво за девојчето
Најискрено за нашава песна : Катастрофа,девојкава изгледа како да има 18 години,а не дете. Песната ни текст ни ништо,срамови. Редно е да се откажиш Македонијо од Евровизија.
Не ја гледав Евровизијава, ама на интернет прочитав дека сме се пласирале на последно место. И не ме чуди. Песната беше катастрофа.
Одамна престанав да пратам детска евровизија. Некогаш беше забавно да се гледа,во поново време потсетува на маскенбал. На се личат освен на деца.
Мене па најтрагично ми е што кога отворив профил на типкава 500 слики има од аеродром, проби настапи и слично, ма не е битно што се обрука за цел живот битно си се прошета. Уште и пишуваат коментари супер беше, Македонија никогаш нема да освои некое од првите места, прекрасен глас а таа три чисти нема од пеење. Да ја имав за пријател ќе и го лепнев од Боби Андонов настапот, дека Македонија не освоила некое од првите места, не за друго.
Девојчето ми беше одврато уште кога ја видов рекламата... мене само посебни луѓе ме привлекуваат на таков начин. Муабетот е "шта да ти причам кад све знаш"