Без разлика како сте напишале, сите се согласуваме дека дете кога ќе згреши, родителите треба да реагираат, да го корегираат и да го посоветуваат за грешката.
Повеќето, или не допреле дете, или пак детето им допира во поголем дел телефон, па немаат појма што се дешава, но сепак коментираат тука. Значи, многу мразам кога луѓето не можат да ја сфатат суштината и веднаш удираат со напади, наместо да го решат проблемот, сопствен во најголем дел. Вие сте проблемот алооо, децата само копираат, ако урлате, ќе урлаат, ако се невоспитани, наследиле од некого!
Потполно си во право. Проблемот е во возрасните не во децата. Тие се еден бел лист хартија и само впива од околината. Еве јас како наставник, да ви кажам со тргање на детето во училиште, после извесно време точно знаеме кое од каква домашна средина доаѓа. Детево во училиште кажува буквално се дома што се случува. Учевме за електрични апарати во домот и набројуваме :тв, шорет итн. И тоа кога го слушна зборчето тв вели. Тато на мама вика,, имаш гас како телевизор".Др случка зошто не напиша домашно? мама и тато се скараа и татоко ми ја изгоре тетратката. Запрашајте се како сите тие работи и многу други влијаат на тоа невино суштество. Никој од вас нема да си признае дека детево е невоспитано. Сега по модерно е хиперактивно е. Оставете да си го живеат тој детски свет, и да уживаат во детството. Ги запишувате на секакви дополнителни активности. И на што треба и на што не треба. Но, битно е дали на Трајко, Петко детето оди на балет или кошарка па мора и моево.
Треба повеќе вакви видеа да гледаат. Детската психологија е многу кревка и практично, со нашиот начин на одгледување(како старатели и како општество), создаваме идни генерации кои ќе треба да се продуктивни, исполнети индивидуи. Толку многу шанси има да си го заебиш детето за цел живот... Да се обидеме да биде што помала штетата.
Ве молам не одете оф топик со пријавувањето, темава не е за тоа и ќе отиде во сосема погрешна насока. Благодарам.
Невоспитани! Уште децВа и пред родителите прават бељи се безобразни а родителите мртви ладни ко да не се присутни со паметот! Жал ми е за новиве генерации никогаш нема ништо од нив да биде! Нема допирна точка како не воспитува нас како денешните, не им прават услуга што вака ги имаат пуштено од раце
Еве јас на пример ако видам дека некој е навреден од мојата искреност во истиот момент престанувам да бидам искрена со таа личност. Не секој поднесува искрени луѓе, а јас највеќе ја ценам таа особина кај луѓето. Па макар колку и да била горка.
Другарка моја работи во игротека и главата и чади после секој роденден, вика 90посто од децата се невоспитани. Да сакаш да им обрнеш на сите внимание не можиш. Се качуваат кај што не треба, носат храна во просторот за играње, вриштат, се тепаат. Вика после секоја смена морам засушен фил и распаднати мафини да собирам. Колку и да ги опоменуваш, за инает прават обратно. А никогаш не се случило родител да ги опомени, туку се лути ако им го повишиш тонот оти на глава ти се качуваат. Па некоја си мајка и пишала на газдарицата на игротеката дека со воспитувачки како другарка ми и другата вработена ќе си ги изгубеле муштериите, знаеле само да викаат по децата. Епа наместо да си ги воспитате децата и да им обрнете внимание да не се понашаат ко кучиња од синџир пуштени, полесно е друг да го направиш крив за вашиот неуспех.
Иако темата нема врска со ова, и најверојатно ќе не избришат или префрлат, муабетот за во игортеките - многу е едноставно: Се состануваат сите газди на игротеки, на ниво на држава... си составуваат гарунд рулс, правила за однесување во игротека, и пред секој роденден, како стјуардесите пред лет, или снимка пред секоја театарска претстава се пушта - забрането е ова, забрането е она... и дека секое дете што не ги почитува правилата ќе биде опоменато, и на крај доколку продолжи ќе мора да ја напушти игротеката. А воедно да си имаат и обезбедување за во случај на Керенс мајки и татковци. Секаде во светот има Керенс, во мода се, тоа не може ние да го контолираме, ама во светот каде што има правила - таквите се одстрануваат. И ако се заканува дека ќе ја затвори игротеката ќе биде обелоденета како Керен чие дете кршело правила, а таа тоа го одобрува. И така постепено луѓето ќе навикнат дека може да јадат срам во игротека и ќе почнат да си ги опоменуваат децата (освен тврдокорните Керенс, за нив нема спас) Инаку баш убаво звучи кога онака топтан ќе речеш НЕ СИ ГИ ВОСПИТУВАТЕ ДЕЦАТА... топтан за сите... ко пример јас да речам - кој ви е крив вие во 20тите години ко сте мрзливи ... лол... онака по автоматизам да ти шибнам нешто или некоја карактеристика - оти така сакам. Колку што не е убаво тоа што го прават некои родители, толку е неубаво вие неколку без деца што имате право да ги осудувате сите деца и родители топтан. Ете јас па како родител што се движи околу луѓе со деца и игротеки и сл, можам да кажам дека од 20 - 3-4 ќе бидат такви невоспитани, и тие ќе го прават целиот неред.
Другарка ти твоја треба друга работа да најде. Тешко и било распаднат мафин да собере а за што е тука, да лежи, децата кога ќе дојдат на забава да се мирни за да не и чади главата нејзе? Да не треба децата да земат метла и да и ги соберат мафините. За воспитувачка што им се дере на деца и јас ќе пишев на газдарица, па една пријава, две, три, нека и чади главата дома после. Штом нештото го прават над 90 посто од децата, може треба да се запраша дека можеби нештото е детска разиграност, а не невоспитаност, како може сите да се невоспитани, секој ден да и чади главата нејзе, а само таа да е во право. Затоа се тука децата дојдени, да се забавуваат, не да и ја олеснат работата на другарката. Кога немаш дете, ако се расплаче некое на сред ресторан ќе мислиш пуштено е од на синџир, кога имаш дете сфаќаш дека и твоето ќе се расплаче некогаш безразлика како го воспитуваш, ќе викне на цел глас, ќе ти дојде в земја да пропаднеш од срам. Тоа не се Керенс мајки, тоа се мајки што конечно им се дигнала свесноста малку зошто ако се вработуваат воспитувачки и наставници онака како што треба, а не со врски, ќе треба низ цела држава една чистка да се направи вклучително и такви ко другарката, пошто огромен процент не се обучени како да се понашаат со деца, па најлесно раздери се.
Па реално и не знаеш.Можеш до сабајле да се церекаш од смеење ама се додека не го изодиш патот на една мајка (сеедно родила/посвоила)…нема да знаеш со што се соочува.Да гледаш свое дете и да гледаш дете од сестра,брат,комшивка е различно многу. Никогаш нема да можеш од страна да ги спознаеш напорите,трудот,жртвата,љубовта на еден родител се додека истиот не станеш еден ден. Сум гледала и јас дете од сестра како расте.Ама истото не сум го воспитувала,за истото не сум станувала ноќе 15 пати,за истото не сум одела на работа за да има се,за истото не сум правела жртви,не сум повлекувала црти,не сум плачела за него,не сум одвојувала од своја уста,не сум морала да смислувам одговори на најтешките животни прашањ.Тоа го правела мајка му Така да ,да.Ќе имаш дете па ке размислуваш здравје од сасвим друга перспектива за се на тема дете.
Сериозно другарка ти очекува да биде чисто во игротеката каде што одат мали деца? Треба родителите да зачистат по роденденот, а другарка ти нека си ја прчи?
Дали треба правилник да се направи за да се знае како треба да се понашаат децата и возрасните за време на родеднден? Нели е тоа од општа култура, воспитување шо се носи од дома, што или го немаш или го имаш. Треба во правилник да пишува: "Храна и пијалоци да не се носат во делот кај што се играчките, или да не се качуваат на опасни места во делот за играње бидејќи ќе се повредат" ? Тоа не си ги воспитувате децата беше за дотичната која се жалела од вработените, не посочив никој посебно. Ако се пронајде некој во тоа, не е мој проблем. Имаш работено во игротека некогаш или стварно мислиш дека работата им е да трчкаат два сати по децата? Ја спремаат храната која се служи, ги служат возрасните гости со пијалоци и храна, ги служат децата, им пуштаат песнички и ги забавуваат со игри, ги сликаат, раскреваат и чистат, сечат торта... Па да, во право си. Зошто другарка ми и вработените по игротека општо да повишуваат тон на децата и да ги опоменуваат за една иста работа, залудно потрошена енергија е тоа. Слободно нека се тепаат меѓу себе, нека се пентерат кај ќе стигнат додека во меѓувреме возрасните к*р ги боли што им се случува со децата. И кога ќе се повредат на крај, да не биди виновна вработената. Оти нели, како смее таа на мое дете да повиши тон?
Правилник мора за се да постои... така е секаде во светот. Ако има правила, тогаш казниво би било прекршувањето на истите. Тоа се нормите, а потпирање на домашна култура да се надеваш дека некој нема да напрај нешто, тоа на жими мајка. Ај остај пари на сред улица, и очекувај некој да не ги укради, јер домашна култура треба сите да ја имаат. Немаат сите домашна култура и нема смисла ни да очекувате такво нешто воопшто, затоа во светот постојат правила и казни.
Има.Очекува од децата во игротека да пазат да не прават лом.Тогаш и возрасните треба истото по кафаните да го прават.Нели од нас треба да учат?