Син ми има 4 години и сега е преокупиран со спајдармен, цело време скока, трча и не седи буквално нигде мирен, не е невоспитан, дете е, фаза е тоа, сум го видела и предходно кај деца од другарки роднини и слично. иначе ми текна ситуација од пред 2-3 месеци каде бевме во ресторан кој во склопот има игротека, и слават во тој дел роденден, он отиде да се игра со децата, се замези грицки од таму каде што имаше масички за децата, го видов и го скарав, и ми вика ама мамо тоа е за деца ставено таму, што има врска ако земам чипс, му викам не е културно, ми вика добро мамо. Поминуваат 10 мин доаѓа си ја зема цедевитата и ми вика ке идам ја на роденден и си ја носи кај децата, му викам неможе ние не сме поканети, и ми вика ама она дете слави роденден сега ми е другар он ме викна, на крај дуваше свеки со нив па и торта ни дадоа. Е сега дали е невоспитано дете кажете вие, мене ми беше непријатно ама што да правам сепак во некои ситуации мора да се попушти, деца се.
Да, али се носат деца у кафана? И не сум сигурна што подразбираш под "лом". И се очекува децата да се одлика на родителите, затоа што е вистина. Има разлика од невоспитаност до нормално детско однесување. Во рано основно имаше неколку деца кои константно си пцуеја и се тепаа, после кога ги запознав родителите се ми стана јасно.
Прво во кафиќ или кафана не истураме храна и пијалоци по подот, не мачкаме со сосови по масите и столовите, не кршиме чаши и друг прибор намерно. Ако некој го прави тоа со намера е невоспитана стока. И како второ, не, во никој случај сами не раскреваме во ресторан. Единствено ако сум ја измачкала масата или сум направила трошки ги собирам во чинијата или чистам со салфетка. И тоа пак секој своеволно го прави. Не мислам дека пишав погоре дека некој друг е должен да го собира нередот во игротеката, туку да се внимава што и каде е забрането да се јади или прави.
Кој друг, бе девојче? Тој е вработен во игротеката, работа му е да раскрене. Во игротека одат и мали дечиња. И дете од две години може да замачка или да истури сок, не е невоспитано тоа дете. Плус мојата е четири и пол години, па уште е теленце што се вели за некои работи и не сметам дека е невоспитана. Зборам и трубам нонстоп, но се случува да истури сок или да направи трошки.
Зошто не би се носеле(ручек,вечера,славење). Лом(истурен пијалок,качување по столици,кршење чаша демек мн расположени,храна падната на земја).Се имам видено од ова. Точно има разлика.Тука се согласувам и јас.И граници мора да се постават.И самата сум мајка на три деца.Проблеми од ваков тип не сме имале никогаш никаде. @christinnn во игротеките каде ние сме славеле или оделе стаклени чаши кај децата немало.Не знам како би кршеле децата?Хартиени чаши,тањири да,или готови сокчиња со сламка.Па мачкање со сосови Мислам малце ги филувате ситуациите Се согласувам дека има галама,трчање,туркање меѓу децата.Па и падната храна на земја.Ама дека мачкаат со сос кај ке стигнат тоа немам видено.Дури мислам дека таква храна и не се носи по игротеки.
Не знам, душо, што ти кажала другарка ти, ама сум чекала родендени во игротеки, и сме биле на мнооогу такви. Мачкање сосеви не сум видела, искрено во овие години, ниту намерно истурено сок, не сум видела ни да кршат чаши. Со мафините, да, сум видела.... ама она другото не. Може се десило, не велам не, ама како што кажува другарка ти испаѓа дека на секој роденден се случува и сите деца го прават. Малку погрешна слика ти се дава, мислам. Има невоспитани деца, и секогаш имало, ама кога читам на форумов, чиниш сите се такви, и испаѓа ко да не можеш во игротека или кафана да одиш, оти те чекаат секаде дечишта што сакаат да ти ги испрскаат пантолоните со кечап, и да ти го искршат столот. Не знам, стварно... еве и јас дете бев, кога идеа гости со деца, знаев точно од кој да си ги кријам играчките, имаште такви кои ми ги кршеа, а родителите ништо не им велеа... нели порано сите воспитани беа, ако читаш овде на форумов, сега сите невоспитани.
Зошто изедначувате постојано тепање и пцуење, што уствари е деликвенција, со обично паѓање на мафин на земја? Ваѓање од контекст скрос. Едноставно кажете си немам трпение да работам со деца, неголи демек загрижена сум за нивната безбедност. Децата првенствено во школо учат да се стабилизираат, да седат на столче мирно по неколку часа, да учат социјални правила и норми, што е дозволено во група, што не е дозволено, имаат обврски како домашна работа, ако не ја завршат ќе добијат минус, така се учат на последици, а не во игротека кај што дошле да се релаксираат и да играат, да треба да пазат да не турнат мафин на земја или сок да не истурат пошто воспитачката погрешна професија одбрала. Разиграноста и невнимателноста кај децата не само што се очекувани на таа возраст туку и се препорачливи пошто битно е за правилен развој децата да се вклучени во играње. Е сега на некоја ја нервирало да измете мафин, а уствари плата зема за тоа, па нормално дека родителите ќе реагираат ако му се раздере на детето. Со кое право му се дереш на нечие дете. Ако нема доволно персонал во игротеката, се жалиш кај претпоставен дека бројот на вработени не соодветствува со обемот на работа, не го испушташ гневот на најмалиот што никако не ти е крив за ништо. Да ги ставиме во кафез дури не пораснат само да не ни нарушуваат мир.
Незнам дали на мене се однесуваше ова, али никаде не спомнав за паѓање храна на под. И да се изјаснам, мали деца кои пцујат и користат насилство спрема друго дете/возрасен за мене дефинитивно е невоспитаност и незаинтересираност на родителот да го поправи однесувањето на тоа дете. Да не го слушнеле тоа од повозрасен сигурно немале да го изустат, а продолжуваат да се однесуваат така поради тоа што на родителите не им е гајле. Поради тоа јас го сметам за невоспитаност. Недоволно внимание.
Каде се сите тие перфектни луѓе од форумот во реалниот живот? Никако да налетам бар на некој. Шала на страна. Голем проблем во нашето општество е немање баланс во работите. Тоа не е толку изразено помеѓу постарите генерации, повеќе го гледам кај помладите. Често тука се пишува дека „децата се огледало на родителите“, но тоа во милиони случаи не е точно. Јас бев спротивно од се што беа моите родители. Тие беа “9 до 5 на работа“, а јас бев дете и основец од кое на секоја учителка/професорка верувам дека и се враќаа нозете дома од мене. Денес сум сосема спротивно од тоа што бев како основец и средношколец, но тој пат сам го пешачам. Многу голема грешка на еден куп родители денес е што им го ускратуваат тоа право на улична пргавост, и ги затвораат во стаклени ѕвона. Утре тие деца кога ќе излезат да се борат со суровоста на животот ќе бидат прегазени како мравки, затоа што им била ускратена таа улична школа. Запрашајте се како Вие денес сте тука, живи-здрави, во време на 90-те за време на транзиција, огромна невработеност, санкции. Баш таа улична пргавост на вашите татковци довело да се снаоѓаат во животот, за да вие имате секој ден храна на масата. Нека ви трчаат деца по улици и дворови. Гледајте детски насмевки секој ден. Многу подобро отколку да гледате затворени куќи и празни улици
Денес на секој му сметаат детски насмевки и пргавост... за жал! Одма се се препишува на невоспитаност, не се прави разлика меѓу нормално детско однесување и невоспитаност и разгаленост - се во еден кош се става. Ако не седи детето перфектно мирно и воспитано, одма се лепат етикети. Затоа се повеќе и повеќе затуцани генерации идат, баш како што кажуваш ти. Нема улично школо, не смееш да го оставиш детето да згреши и да научи, ако праша нешто ете според луѓево тука треба да го прекршиш од ќотек да не му текне да праша повеќе да не рече некој дека родителите го учеле така. Ако трча и ако скока е невоспитано, ако прашува е невоспитано, ако направи нешто палаво е невоспитано, ако истури вода е невоспитано, општо, поарно да не раѓаме веќе барем раат да сме од невоспитаности БТВ, ние на времето ѕвоневме по ѕвончиња и бегавме, се зафркававме по телефони (немаше идентификатори уште), крадевме цреши, се тепавме - ферски се викаа тогаш (без тоа да биде пренесено на сите портали на интернет), баш невоспитани бевме хахаха... ама тоа се сметаше за горе долу нормално, детска фаза која поминуваше, ја поминувавме сите, и после веќе не беше интересно. Имавме и крадено од продавница мастики, не фатија, ни се развикаа, ни се заканија дека дома ќе не кажат следен пат, не ни текна повеќе Цели спомени се од тоа едно време на детство кое те формира во човек во иднина, кое сега го нема, и не знам што ќе биде од овие деца... и моите 2 деца слабо стојат со улично школо, ќе паднат плачат ко крај на светот да е, ќе им рече некое дете нешто лошо, се убиваат од плачење, паѓаат од точак со помошни тркала, после не сакаат 2 недели да го видат од трауми, и ме загрижува тоа, а од друга страна вложувам напори да се воспитани, немој да трчаш, немој ќе скршиш нешто, немој така да велиш не е културно, немој ова, немој вака, немој така... им ги сечам крилата ми се чини. Не знам што е паметно!
Немам јас ништо против со деца кои трчаат,растураат, па и расипуваат нешто. Ми се деси да дете на тепих само што го донесовме од хемиско ми истури сок. Збор не реков ниту помислив, масата ми е сеуште ишкртана со маркери пак ништо не реков. Деца се. Што ќе прават. Сигурно нема да седи со мене на Фемина. Ама и те како имам проблем со манипулативни,пцуења,вриштења,тепање на другари и возрасни затоа што не е по нивно и да не набројувам сега. Првото е живо дете. Второто е невоспитано. И утре и моето да е такво ќе е невоспитано.
А бе сеа врти-сучи, златна релативност! И правила да постојат и тие ќе се прекршат. И правилник да постои, пак ќе застраниме. Нема полно-рамно никаде. Само една гоолема животна лекција, која треба да ја надополнуваме откако ќе станеме родители. Без надменост, без грубост, зашто тие умот го матат. Сите сме луѓе и грешиме. Според православната религија, гревовите на децата започнуваат од 7 години, бидејќи и почнуваат нашколо па и сѐ посвесни би требало да стануваат. Пред оваа возраст нема забележани грешки, ама сепак мора да постои воспитување. Децата се најчесто лика и прилика на родителите, нешто од тоа што гледаат нешто од тоа што наследуваат како што се отвора карактерот. Не оправдувам израз "дете е, нема гајле, не знае, не размислува". Очекувам да биде искрено во детски стил коментаторски, да, но како родител си ја застапувам мојата улога и го воспитувам преку реални примери. Невино ќе искаже мисла, ама тука не застанувам да се насмеам и толку. Рекло грбав е, ама родителите не му објасниле зошто како? Или мало е не разбира, ама таблетот во рака, пример... А како знаат да коментираат на 5-6 години човечее, па па па. Алал да им е, јас наивна бев на нивна возраст. Кога ми доаѓаат дома деца, како неистрчани лавови се, ајде сепак ги разбирам и не очекувам да се мирни, ама како да не знаат што побрзо глупост да направат. Родителиве ќе подвикнат, ама немоќни се, па ајде остави ги нека се лупнат негде. Најчесто се такви бидејќи претпоставувам јас дека и дома се оставани да дивеат, па едноставно не знаат за граница. А сметам во крајна линија дека се некултурни. Битно патиките марка на нив па ќе се изнафалат што носат, таблетчето во рака, оние глупостине на јутуб што вртат им се секојдневие, родителиве како откажани од улогата и толку е. Еден убав муабет, пример за тоа што значи туѓ стан, културно дружење немам слушнато. Е па луѓе воспитанието се случува секој ден, со секоја случка, не е е презентација во power point.
Ако некој тапан му е гла од играње на деца - си ја згрешил професијата. О не, засушен фил. О не. Мафин паднал. Очекувате деца да имат table etiquette и на роденден да не се разиграни и весели и збеснати и то да го поедначите со невоспитаност? Не. Утната е професијата ако то го мислите. Дете не е кукла па ќе му кажиш и ќе седи мирно во игротека. И ако некој работи во игротека прво мора да е свесен дека работи со деца. И не. Не си таму да му ебиш роденденот и да му викаш. Ќеренс се кога неосновано се карат. Ако му викаш на дете оти е дете - ти си Ќерен. И чим работиш со деца значи си спремен за нивната хиперактивност. Само по себе можи и никогаш да не е такво ама сега е Р О Д Е Н Д Е Н со С И Т Е другарчиња и леле види ги овие играчки и види го ова за скокање ОМГ ПИЦА и ГАЗИРАН СОК МАМА ШО НЕ МИ ДАВА. Нормално дека ќе се возбудени и хиперактивни. Џизс. И ми се бендиса примерот со недостатокот на манири кај возрасни, а се очекува да ги има кај деца. Сум видела пијани возрасни шо се однесуват полошо од било кое дете шо го имам видено во пример, ресторан. Ех кршење чаши, викање, пеење, одење по маси, тресење в пајнца и шо не. Невоспитани. Ми се бендисва примерот, ама не е то тема за да одам подлабоко од ова.
Јас се чудам зошто толку ви смета кога ќе кажат не знаеш, немаш деца. Еве, немам деца, и целосно се согласувам со тоа. Едно е да гледаш како расте детето на сестра/брат или на комшиите. Друго е да го гледаш како се развива 24/7. Едно е да знаеш детска развојна психологија во теорија, сосема различно кога ќе се сретнеш со тоа во пракса. Тоа некаде ќе му дојде исто како некој што никогаш не студирал да мисли дека се знае за факултетот. Или јас да кажам дека знам како е да работиш во банка, оти сестра ми таму работи. Вистината е некои работи мора да се доживеат за да се дознаат. На темата, за коментарот на 5 годишно дете, не мислам дека е невоспитаност. Да, децата од мали се учат и да, тогаш впиваат се, ама толку работи има што треба да ги научат што секако не можат да го направат до одредена возраст. Ако сега му кажеш дека не е соодветен тој коментар, можеби нема да се повтори, ама не значи дека нема да искоментира нешто друго подоцна. Пак ќе кажам, немам деца, не знам точно како е, ама верувам дека подобро се учи со конкретни примери и ситуации. Некогаш колку и да зборуваш, детскиот мозок не може да разбере се. А и од друга страна, и на нас возрасните ни се случува да кажеме нешто несоодветно, па да се каеме. Не е океј, ама се случува. Така да, не би ги етикетирала децата како невоспитани.
@theowndemon разиграни и весели во детски стил колку убаво звучи. Замислата е гледаат играчки, се воодушевуваат, па едвај чекаат да ги земат во рака. Попатно скокаат се радуваат викаат. Ок. Реалноста е трескање врати со сета сила, удирање во ѕид со предмет, фрлање со перници (ај ок), лизгање по паркетот. Таква им беше играта. И после мајка им телефон им даде да се "смиреле". Ако ова е убава игра според повеќето, значи јас имам погрешна претстава или бледи спомени од тоа како ние се однесувавме на гости. Инаку, децата се од 6 до 10 на возраст. Станот ми е потесен, нема многу место за изводење. Тепање со перници можат дома, ама ете и на гости се можело, бидејќи родителите ги мрзи на секое да им велат, па си ќутат, по секако децата по свое ќе тераат. А бе дома ако сакаат нека ја превртат нопачки куќата, ама на гости не. Ама тешко дека кога ќе си отидат овие двајцава "родители" ќе им одржат лекција како не треба на гости така да прават, што е дозволено а што не. А бе ај живи све, деца што почнале школски период не оправдувам да се такви и не. Имаат права ама имаат и одговорности и не важи "остави, само деца се". Не. Дете од 10 години е веќе пубертет, 8 години е тука негде веќе, ама родителите изгледа се во вечен пубертет.
Твојот стан игротека е и ти грешна професија одбра шо ме цитираш ова да ми кажиш? И попратно деца од цел град ти идат, оти си игротека и бизнисот ти зависи од то дали се дериш на децата? Оти моето мислење за то е. Јас не негирам дека има невоспитани деца и тие можи се. Можи не се. Не ги знам. И не можам да коментирам индивидуални примери, шо пример, в стан ти дошле пошто не го знам ( иако, пак, темата НЕ е за то ама сте се решиле со деној по ДЕЦА да плукате. Темата е за непристојни прашања и забелешки од страна на деца и дали е то невАспитање ама толку не можите да се помирите дека прашвање не е невоспитаност шо секакви примери измешавте), ама кога темата е изгенерализирана, пример ИГРОТЕКА кај шо деца ... ИГРАТ, да генерализираш дека сите биле невоспитани, it's a stretch. Никој тука не пиши дека не постојат невоспитани деца. Дури и во основната, многу поневина форма на темата. Само се нагласува дека се шо ќе ве изнервира не е невоспитаност пошто деца не се возрасни. А кога ни одговара велиме "деца се" и сфаќаме, а во други ситуации очекуваме подобро од возрасен да се однесува оти така ни одговара. Или ко ќе прочитам "мене мајка ми ко ќе ми викнеше абе знаев да не мрднам". И такво авторитативно родителство си има свои ефекти на нас ко возрасен и ако сакате то да го вратите ... O boy. But let's not go there. Оти 2729283 тема ќе е, само да речиме дека природно е дете да ти тестира граници. Оти така учи. Вратете се на фазите назад една членка шо ги пишеше.
Едно е среќно дете, разиграно и весело, друго е невоспитано и збеснато. По мое до родителот е, треба да се реагира во одредени ситуации а не да си тера муабети а тоа да ти ја испреврти цела куќа на гости. Имам ситуации многу пати кога доаѓале на гости уште кај свеки кога живеев. Деца три мали (најголемиот 5-6 сепак не толку мал) заедно на гости со мајка им и татко им. Тие ладнокрвно си пијат кафе децата урлаат, фрлаат сончоглед на сите страни, трчаат по цела куќа, се качуваат по скали, се имаа качено во таван и си имаа најдено играчки таму, а ти како родител да не го побараш каде е и што прави? Си отвораат по кујна па еден нашол паштета си отвора си јаде, другиот си нашол друго. Истите од кога се преселивме дојдени се еднаш, исто.. Трчаа, лупаа ми ги отворија сите соби, имам врата стаклена за малку ќе ми ја искршеа. Стварно не сваќам таква ладнокрвност за родител, не сум ниту некогаш сум видела во моја близина такво нешто. Имам бебе мало е и во никој случај не би го оставила покасно да си прави што сака, искрено ако не можам до толку да му ставам контрола дека не смее во туѓа куќа не би ни отишла со него. Дома нека си прави секое што си сака и што му е дозволено ама во туѓа куќа не може!
Ако родителите се зрели и стабилни ќе знаат како да си воспостават ред и култура кај детето макар и две годинки да има, на дете постојано се зборува што и каде смее, а што не смее откако почне да разбира. Нормално дека едно детенце нема да седи цело време на столче и да не мрдне, ќе си игра, но тоа не значи дека треба да дивее или по ваше кажано хиперактивно и да уништува туѓ мебел. Цртало и шкртало по маси и теписи и нека го дете е? Глупости невидени, родителите се тие што треба да му укажат каде може да црта и да шкрта. Денешниве деца далеку далеку се понапредни отколку ние кога бевме деца, пред некој ден дојде на гости моја другарка со нејзината две годишна ќеркичка, детето испи цела чаша пиво на екс (ја зема од друга гостинка) и креваше раце пеејќи сиктер бај бај, а другарка ми само си се смешкаше. И после не разбирале мали биле, и те како разбираат само што на родителите не им се замара, роди го, дај му телефон да седи мирно и после во градника и на училиште ќе го воспитуваат.
Смета бидејќи тоа не е вистина. Заборавате дека многу фамилии живеат во заедница.Плус и е навреда кон оние кои не можат да имаат деца. Не мора да родиш за да бидеш 24/7 опкружен со деца. Вакви ситуации: И она „дете е, остави го“ не чини. Си играло.А, што ако при игра се повреди или повреди друг? Дома и надвор од дома не е исто. Во туѓ објект треба да се почитуваат правилата на сопственикот на објектот.И расфрлањето не е во ред.Овие важат и за дете и за возрасен. Битно е да има правилно воспитување од мала возраст. Нереагирањето на родителите во иднина може да го претвори детето во лош човек. Дете кое ќе се однесува насилнички кон другите деца. Маж кој ќе повредува луѓе или жена која ќе гази други за да дојде до поголема моќ или повеќе пари или обратно, де.Оти од мали не биле воспитани правилно, па мислат дека они се цело време во право и дека сè им припаѓа на нив. За да се спречи ова родителите наместо да седат и да се смеат треба да реагираат.