Баш затоа што дете не секогаш знае што е навредливо, затоа и не треба да му се замерува. Доколку родителот не се заангажира за сопственото дете и не го воспита, тогаш за родителот треба стап. Лани летото имаше едни помали деца си играа со децата на мои роднини, тие децата што беа на гости дојдени го грабнале некое кутре(малечко, да не кажам бебе) и го мачат, го лулаа на лулашката со главата надолу, си играа рингишпил со него. Мајка им гледа ли гледа и ништо не им кажува. Јас не можев да ја поднесам таа слика како го мачат кутрето и им реков без да им се дерам, им реков дека не е убаво така да го мачат кучето. Никој не ме послуша иако им кажав, и ги прашав како би им било нив да ги лулаат на лулашката така, да ги грабнат за рацете и да ги вртат за 360 степени како рингишпил. Мајка им како ме погледна на криво, фалеше уште и да ме плукне. Затоа велам, родителите се криви. И кога сме веќе на темава, да кажам оти многу ме нервира кога родител за своето дете кажува "немам време за тебе". Епа еве што прават социјалните мрежи, за детето нема време,а за на фејзбук да објавува секој ден на стори нешто има време.
Тоа од мало се воспитува, затоа се вика дека е слика на родителот. Се раѓа како табула раса, а после сè што учи е прво од родителите, а потоа од средината, другарите… Така што навредливо е сепак, ама и ова држи вода.
Баш кога се мали децата се учат просто: не се коментира туѓ физички изглед колку и да нѝ е чуден. Крај.И нема да има изговори ,,абе мал е не разбира” ,,абе не се љути он е дете” Значи не е дека не им фаќа мозочето ич, за да научат некои базични работи.После ќе се крстиме кога ќе ги опоменуваат во школо.
Кај нас машките кога се тепаа, не им бегаше стапот. Кој и да беше вмешан во тепачката, ќотекот и да видиш после дали ќе изиграваа како оние во турските серии. И да не заборавам да кажам оти најчесто тие во службата(или што и да е) во школите не се интересираат за насилството во школите, најчесто употребуваат фрази од типот "деца како деца" и "децата знаат да се и сурови". Пред неколку години кога ја тепаа на земја девојката од Неготино, превзема некој нешто? Како не... Баш од таму ќе почнат, да го решаваат проблемот во школите.
Не не, ни јас не сум, ама учителката од 1-во до 5-то што ни беше беше од постарите генерации, ние требаше последна генерација да и бидеме, но таа и друга генерација води. Арно не се пожали некој од мој клас оти тепа таа, инаку кој знае дали ќе работеше уште. Мада и нивните родители ако знаеја дека нивното дете не е примерно во школо, и тие плус ќотек му удираа.
Децата се љубопитни. Учат низ прашвање. И колку и да ни е непријатно, прашвање не е невоспитаност. Напротив, прашање е отворена врата за да научи ако нешто е непожелно. Неодговарање на тие прашања ќе донеси да си скокнат до свои заклучоци шо не е воопшто добро за понатамошен развој или да слушни некој шо вели и да си пополни со то како мисли дека е вистина. И да му речиш „не се коментират туѓи изгледи“ ако не праша чоекот, после ќе праша дома. Шо ете, е идеално. Ама некогаш нема да му текни. Оти е дете. Плусто примерот е 5 години. Во градинка. Не е ни школска возраст кај шо веќе почнуват и поинаку да мислат и поќе да памтат. За среќа, или жал, некогаш мора да се случи или да се кажи нешто за да знајме дека конкретно за то треба да збораме ( за среќа оти ќе научи, за жал оти можи да е непријатна ситуација). Пример ќе му речиш дома, „не се коментира за како личат чичковците и тетките, за то каков му е нос или уста и дали имат меше, добро?“ ( пошто за то прокоментирал или те прашал дома, крај краева не можиш се да набројш шо е непријатно) и ќе види следно некој со нешто шо не си успеал да набројш дома и ете ти проблем. Проблем е ако се повторва иста забелешка и погрдна споредба, и проблем е ако родителот не презема ништо за то. Ама за инцидентно однесување ... деца се. Не роботи. Во природата му е да учат низ прашања и игра. Добро објаснување и повторување од страна на родител ќе резултира со то детето да сфати. Евентуално. Ако праша пак, не е дека детето е нЕвОсПиТаНо. Родителот доволно пати не повторил. И то е океј, на некои деца им треба поќе време ( со деца работам и буквално си спремам картички за шо е океј и шо не е океј во согласност со родители шо ги имат како проблеми да се повторва шо поќе зошто ништо од прва не се памти јбг, можи ми е апсурдно еднаш неделно да повторвам дека не се вика зошто другарче ти зеде играчката ама мора некако да се запамти, шо низ пример, шо низ разговор). Колку и да е табула раса детето, некогаш забораваме дека не се само семејството и родителите влијание. И околината е. Ако оди во градинка, погрдна споредба за нешто шо ќе праша можи иди од таму. Можи иди од маало. Можи или од постари роднини. Родителот прај damage control во секој случај. Спомнавте и булинг. Према мене скроз друга тема. Пошто да, можи да е непријатно ако има различно дете и да го праша зошто е такво, ама најчесто родителите на двете страни можат да напрат damage control на ситуацијата. А доста често и пред време се кажва на родителите ако има нешто „поразлично“ за детето да се спреми за ситуацијата и да не напрај да е непријатно на другата страна која би добила непријатна забелешка. Булинг е веќе повторувачко, насилно однесување. Насилно и/ли психички и/ли физички. Инцидентно се повредуваме и возрасните, јбг. Некогаш не мислиш шо збораш, некогаш мислиш дека си со добра намера. И то не е булиг. Зато и од мали учиме децата да велат извини и колкава важност има. Булинг е, повторно, кога е повторувачко физичко или вербално насилство. Ако свесно повредуваш некој. Постојано, и постојано. И то е пропуст на родителите, околината и училиштето. То веќе влегва во невоспитаност.
Дете од 5 години кое искоментирало "Многу си грбав" не би рекла дека е невоспитано. На таа воздраст не знаат да навредат, понижат или да се исмеваат. Детето видело некој кој е различен и коментирал од љубопитство. А кога мислите мајката да го воспита дека не треба да се коментира физичкиот изглед на 2-3 години? Детето се воспитува преку вакви ситуации инаку ако не се случат како би го воспитала мајката? Друга е ситуацијата ако се повторува коментарот, а мајката не реагира.
Добро така е Од шо се штедат децата, новиве генерации с(м)е ужас.Едно е да рече ,,зошто е мамо грбава тетката” друго е да рече ,,грбава си”.Таа што ќе го чуе тоа, нема да се наљути сигурно, пошто е од дете кажано, ама како мислите дека ќе се осети?Сѐ некои нови работи измислувате на форумов. Најмајки.
Децата се огледало на родителите, а и обратно (ако родителот во лице кажува се што ќе му текне, детето ќе мисли дека тоа е ок и истото ќе го прави). Дете од 5 години ако е воспитано нема да изусти такви зборови во лице на некој кој има деформитети. Да, децата се љубопитни, сакаат да знаат, прашуваат. Ама, не е тој правиот начин. Затоа, ние како родители треба од мали да ги научиме дека постојат секакви луѓе, луѓе кои се поразлични од нас и имаат посебни потреби, дека не функционираме сите на ист начин и не изгледаме сите исто. И дека со нив треба да се однесуваме како и со сите останати, со почит. "Дете е, остај го" не води кон ништо добро. Ако на време не ги научиме на убаво однесување, после е касно. Баш до 5 години многу работи учат, а меѓу главните се добри манири и убаво однесување со сите.
Споредувам исто така ко шо знае да каже дека е грбав. Е токму исто. Пошо утре може на дете в градинка да му рече “ќор си” и да му ги тресне наочарите од земја. Ама дете е де, не разбира.
А од колку мали родителите треба да ги учат децата на тие нешта? Ваљда дете од 5 години е таман мал за да се учи на култура и да се воспитува на сите тие нешта. А неговите му рекоа нешто после тој коментар?
Да се надеваме тогаш дека кога ќе тргне на училиште дека таму ќе го научат на повеќе култура и морални вредности.
Дете од 5 години и не е така мало, како што некои го претставуваат. На 5 години и 8 месеци веќе одат во школо. Утре ако учителката е грбава, в лице ли ќе е и каже, оти е мало, па и не е „невоспитано“. Потоа тие деца се исмеваат со другарите, ги задеваат ако носат иста облека со денови или не дај боже ако облеката им е стара. Јас на 5 години, го чував брат ми дома, мајка ми излегуваше ако има потреба, а јас го пресоблекував, и седев до него ако спие за да не падне кога ќе се разбуди. Знаев што смее, а што не се кажува пред други луѓе, посебно што не се кажува пред непознати.
Не е мал, некои родители мислат дека е мал и дека ништо не разбира, па навредата ја оправдуваат со "дете е, не разбира". Многу порано ги учат тие основни работи, од хигиенски навики, до основна култура. Буквално ги имитираат родителите. Ако ти се однесуваш добро со луѓето, и тие ќе се однесуваат. Ако ти ги поздравуваш комшиите, и тие ќе ги поздравуваат. Ако ти си миеш раце често, и тоа ќе си мие. Навики од мали нозе им се всадуваат, толку е едноставно.
Родителите треба да го научат, а не наставниците. Ама не се криви децата, кога родителите очекуваат воспитувачките во градинка, наставниците па после и професорите да им ги воспитуваат децата.