1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска искреност или невоспитаност?

Дискусија во 'Дете' започната од Matotheja, 14 март 2022.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Многу од родителите се попустливи и ги оправдуваат навредите на своите деца, им дозволуваат се, а децата се се повеќе невоспитани. Не може така.
    Од мали се учат дека навреда е грбав да му кажеш на некој. Треба да се научи да почитува и да кажува извини кога ќе згреши, а не да се оправдува мало е.
     
    На spacegirl92, mode-kristina, deskarada и 9 други им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Се согласувам. Но многу не знаеме за случајот. Можеби му било прв пат да искоментира така, а тоа би било прилика да му укажат неговите родители дека не треба така да коментира. Проблемот е што неговите не му укажуваат.
    Муабетот ми е, може да се случи да ти каже некое дете нешто такво можеби за прв пат во неговиот живот и ти ќе си помислиш леле невоспитано дете, а тоа прв пат така коментира, и тука треба да се реагира, тоа е воспитување, се учи од сопствените грешки со укажување дека греши.

    Во основа да, односно воспитувањето најглавно доаѓа од родителите, но логично не застанува тука, затоа реков така. Тоа што неговите не се замараат е вистинскиот проблем, но не мора да значи дека детето ќе се оформи во невоспитан возрасен, времето допрва ќе покажува, зошто воспитувањето не застанува на 5 години, не можеш да очекуваш дека дете на 5 години е научено апсолутно сè како што треба и во секој поглед да очекуваш да се однесува примерно.
    Башка децата проаѓаат низ разни фази. Имав другарка од забавиште до факс се дружевме, во забавиште еден период нонстоп им покажуваше среден прст на луѓе. Не беше еден момент, беше период. Може видела надвор некој средношколец како го прави тоа и и' оставило силен впечаток, гарант немаше ни појма што прави. И децата и' зборевме дека не е убаво тоа, и учителката, гарант и нејзините, ама нејзе и 'беше интересно. Колку деца ко ќе чујат некој срамен збор подолг период го користат од инает. Јас се сеќавам, некаде во 2ро-3то одд. имав фаза кога плукав, се сеќавам моите колку ми збореа дека не чини, не е културно, не е убаво, не доликува; ама ги гледав машките у маало како плукаат, па плукав и јас, без разлика што ми збореа, па ми здосади после некое време и престанав. А кој знае колку невоспитано сум делувала.
    Не е сè така просто и едноставно во воспитувањето и однесувањето на децата, од еден гест или коментар не може сè да знаеме што е како е.
    Но главниот проблем се сведува на тоа што родителите не се замараат многу, освен ако превземале нешто после тоа, можда разговарале со него дома.
     
    На Kbr, mode-kristina, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  3. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.953
    Пол:
    Женски
    Кој родител на своето дете му ги има кажано сите можни зборови кои се навредливи и не треба да ги употребува?
     
    На simona_baby и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  4. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Претеравте, ама навистина. Каква навреда?! Како може воопшто некој да се чувствува навреден од 5 годишно дете?
    Мојата ќерка е 5 години и погоре искоментирав поаѓајки токму од тоа.
    Еве конкретно ќерка ми во дадената ситуација нема да искоментира "Зошто си грбав", ама сигурно ќе ме праша мене. И тоа не мислам дека е зошто така јас сум ја воспитала, туку дека некои деца се поопуштени во комуникацијата. И еве до сега и немам објаснато да не коментира нечиј изглед на глас затоа што не сме имале ситуација или поблизок контакт. Целата ситуација нема врска со булинг. Булингот точно започнува од дома кога слушаат како родителите оговараат и омаловажуваат некого или пак им забрануваат на децата да си играат со пдредено другарче затоа што е различно, ама сигурно не доаѓа од љубопитноста на детето зошто видело нешто различно.
     
    На ane.bella, mssuniquee, Kbr и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Ние генерациите што растевме по распад на Југославија, во време на транзиција, во време на неизвесност за подобри времиња, ехе што се не сме поминале, и што се не носиме како товар, понекогаш знаеме да се жалиме дека сме осакатена генерација, не само дека растевме во посиромашни услови, туку и демек во попрости времиња, ама кога гледам како растат денешните деца, искрено ме фаќа многу поголема тага за нив, отколку за нас.
    Што знаат денешните деца? Од мали им даваат телефони во раце за да играат игри, и неретко родителите не фрлаат поглед да видат што им гледаат децата на таблет или мобилен, и им прават профили на социјални мрежи, од мали ги прават инфлуенсери, ги учат да позираат, да се шминкаат и средуваат, кога им слават роденден, па се тоа мора да изгледа како да е прослава за некоја принцеза од Дизниленд|( аман, немој случајно некој да им се пожали од нивното дете, очи ќе ти ископаат|(
    Оставете ги децата да бидат деца, ама попатно научете ги кои се должностите на едно дете, и не ги осакатувајте веќе со погрешни задоволства.
     
    На eta, elenaklasik, bicycle и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.620
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Булингот започнува од родители кои сметаат дека нема потреба или "немало ситуација" да им објаснат на децата дека не треба да вреѓа.
    Многу сте ми јаки вие родителите кога некое лошо однесување на друго дете го оправдувате (зошто и вашето е такво) со "па еве и моето вака прави зошто јас онака сум го научила" и као твоево златен пример за сите деца е и се е ок.

    На родителите е да си ги воспитуваат децата, а не на наставници.
     
    На crimson, Frosty!, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Напротив не реков дека јас така сум го научила. Муабетот ми беше дека баш е 5 години и се дружи со други 5 годишни и отприлика знам тоа што така искоментирало не значи дека е лошо воспитано.
    Иако 5 годишните деца прават многу грешки, ама на нас е да им укажуваме каде грешат.
     
    Последна измена: 14 март 2022
    На mode-kristina и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.832
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Осакатени сме. Не знам од каде да почнам. Прво ми паѓа на памет семејства уништени поради мешање во туѓи проблеми, постојано трубење дека постари се постари и тоа значи ке молчиш и почитуваш по секоја цена.
    Јас секогаш ке бидам на страната на моето дете и ке пробам да разберам зошто реагира лошо, ако реагира. Позадина за девијантни однесувања има секогаш.
    Погрешно е што не учеле на авторитет, почит, наведнување глава пред постари кои си лечат комплекси свои на други, често на деца.
    Гласот на детето никогаш не се слушал. Учени сме да поттиснуваме емоции. И да молчиме. Затоа што може и полошо.
    Што е погрешно задоволство а што не?
    Откако станав мајка и почнав да читам за развојот на детето и неговата психологија ми се разјаснија мноогу работи.
     
    На spacegirl92, Camille84, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Јас како што прочитав тука, родителите не изреагирале воопшто во моментот, така да не верувам ни после тоа дека реагирале.
    Читајќи ги тука коментариве, сфаќам зошто има толку многу булинг од најмали нозе (зборам за деца од 6 до 9 години). Останував без зборови кога ми кажуваше ќерка ми, ама сега ми е скроз јасно.
    Само, верувајте ми дека ако еден ден вашето дете биде во таква грда ситуација, нема да бидете толку полни со разбирање.
    Толку од мене на темава.
     
    На crimson, mode-kristina, deskarada и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.792
    Допаѓања:
    40.685
    Пол:
    Женски
    Лелее ама сте ја одолговлекле темата. :drunk:
    Никој не вика дека е прифатливо да им се дозволи на децата да вреѓаат, туку муабет за некое дете што се погодило да каже коментар не е доказ ниту дека детето е невоспитано ниту дека ќе им прави булинг на други деца за три години.
     
    На ane.bella, mode-kristina, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Ааа не, не. Не дека сум полна со разбирање, туку само велам дека не знаеме доволно за детето и неговото воспитување од тој еден настан за да го етикетираме дека дефинитивно е 100% невоспитано. Моето дете да беше јас дефинитивно не би преќутела.
     
    На mode-kristina, cresa-jagoda, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.641
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала, бевме во Грција на одмор и шетавме. Две деца (6-7 годинки) одеа пред нас и се баш загледаа во мајка ми, грб испокршија и мислејќи дека не разбираме македонски искоментираа "Леле колку е дебела оваа", а мајка ми само што се породи со сестра ми.

    Не се налути, едноставно виделе, чудно им е, се насмеа само после. Децата го се уште осознаваат светот, има некои работи на кои се навикнати и кога ќе видат поразлично имаат реакција. Можеби детето е научено да не коментира лошо за нечиј изглед, а ова веројатно не го ни мислело како нешто лошо.
     
    На Angie1432, Ketchup, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.876
    Допаѓања:
    129.786
    Пол:
    Женски
    Детето не е криво, ама родителите се.
    Дете треба да се учи како да се изразува и однесува од мала возраст.
     
    На mode-kristina, Bella*, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.558
    Допаѓања:
    13.908
    Булинг имаше и во мое време, и тоа од типот да му кажат некому „види си ги фармерките вети ти се, види си ги патиките, стари ти се“, на дете без родители му велеа „ти бе си пробал ли некогаш во животот салама ( мислиш кавијар јадат дома, па потценуваат)“, врв „да ти се мочам во бонбоните“ ( ова една школска ми го кажа во нижите одделенија откако еден период запнав да јадам бонбони). Едно дете во комшии маваше со камења по возрасни, и неговите „абе дете е, ќе му помине“. Денес со полиција го собираат и го носат на судење, оти пие, нема контрола, се тапа кај стигне, кривични пријави и казни еден куп, што за тепачки, што за сообрќајки, а се почна со „дете е“. Таа што ми се „мочаше во бомбоните“ се мислеше дека докторка ќе биде. И не стана ништо, не прави ништо корисно во животот. Многу работи ќе поминат во животот, еве јас и другите сме ги истрпеле нив, ама тие сами со своите пороци, лоши навики нема да се изборат за ништо, ама баш за ништо.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Мајката немала лоша намера, ама така само потврдила дека жената е поразлична. На дете ништо не му значи рак и болест.
    Јас би му кажал само дека на светот постојат секакви луѓе, со коса без коса, грбави, негрбави, црни бели и дека сѐ тоа е нормално.

    Мене внука ми ме немаше видено долго време, кога ме виде со долга коса и пола фарбана, ме праша што сум ја направил косата ко женско. :D
    Ѝ објаснив наједноставно што може, дека и машки се фарбаат и дека може да имаат долга коса. Немаше дополнителни прашања и коментари.
     
    На crimson, ane.bella, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Шо се занесвате, живи се'?
    И во 'наше време' имаше секакви.

    Туку... дете од пет години не е криво, оти навистина не разбира, ама родителот е крив, оти разбира многу убаво и ако не реагира, го поддржува таквото однесување.
    Башка што тоа дете, од некаде го има научено тој збор... многу веројатно, од дома.
     
    На crimson, Cosmic Girl, BezglasnaBukva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Сега и децата ви сметаат? Направете им cancel и нив (facepalm)

    Очекувано тука се оправдува и ќотек и муабети од типот "ее ние од нашето време, никој не е како нас, сега децата се за жалење". Истиот муабет го слушавме и ние растејќи, и не, не сме посупериорни од децата денес.

    Не знаев дека постојат зборови кои не треба да ги учат децата. Зборот грбав е придавка, го има и по приказни и по учебници, и не значи дека детето искоментирало со намера да повреди употребувајќи го. Тоа што овде се сметате повикани да го коментирате и образложувате на форум со цел да се омаловажува и суди детето, притоа и родителите, нели е истата таа некултура на озборување и игнорантност која ја осудувате?
     
    На simona_baby, Ambitious, ane.bella и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Не знам мислењето од кај ми се најде овде:wasntme:
    Јас не се надоврзав за случајот конкретно што се пишуваше, туку напишав општо.

    @MilaSs12 Не сум мајка, ама извини, не треба секогаш да бидеш веднаш на страната на твоето дете, бидејќи да, тебе може ти е највредно, најмило и се најнај, ама тоа не значи дека не било или нема да биде виновно некогаш, и дека ќе биде безгрешно.
    Кажав што е погрешно задоволство, јасно пишува во последниот пасус, да не се повторувам.
    И како е лошо да се почитуваат авторитети, побогу?

    @WildMk Точно, во секое факинг време имаше секакви, и некултурни деца и булинг што правеа, и што станаа пропалици невидени, ама како сега што се излезени работите од контрола, никогаш не биле, потфрлено е многу, и тек ќе се потфрла, ама ајде, секој нека си прави ко што знае.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    16.919
    Пол:
    Женски
    Како тогаш има невоспитани возрасни, или може го прескокнале детството :^).
     
    На Celltica и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.792
    Допаѓања:
    40.685
    Пол:
    Женски
    А што точно е сега потфрлено како никогаш до сега?