Баш од тоа “остави го, дете е, не разбира, ој на мајка тој хиперактивниот”, грото од деца се невоспитани. И не, кривицата не е кај децата во никој случај, се знае кој е виновникот.
И ќерка ми прашува, некогаш и не знае дали треба или не, и ќе праша или искоментира во незгодна ситуација. И нормално јас ќе ја опоменам, и дома ќе разговарам и ќе и објаснам дека не е културно, или навредливо, и после ќе ме праша оти е некултурно (оти тешко е на нивна возраст да направат разлика), па и тоа ќе објаснам, па ќе има и друго зошто и трето зошто итн, се дури не дојде друга слична ситуација... и така се дури не научи што е ОК и што не е ОК. А пошто постојат безброј ситуации, сигурно наеднаш нема да сфати дека тоа се однесува на се, па пак ќе лупне нешто.... За жал па вакви безгрешни ко вас тука на форумот, ќе ја слушнат и ќе фатат да ме оговараат како сум за стап оти не сум ја научила ќерка ми уште пред да се роди што е културно а што не, па мора на свои 2-3-4-5 години да ви ги повредува чувствата. Среќа па вашите деца со факултет се родија, остајте нашите прости деца да ги воспитуваме по нормален пат на грешки и исправки. А овие па што немаат деца, а се експерти за детска психологија и воспитување, повеќе од самите експерти, нема ни да ги коментирам.
Никогаш го немам слушнато или кажано ова од никоја мајка да оправдува лошо однесување од сопственото дете, не верувам дека и вие го имате слушнато туку да се најдете на муабет овде. После се чудите од каде учат децата вакво однесување. Невоспитани има, не викам не, но се познава кога се веќе поголеми, околу 9-10 години и на овие испадите им се подалеку од очите на родителите. Има деца навистина се хиперактивни, има и деца кои не се носат најдобро со контрола на емоциите, најчесто сите имаат тантруми во некој период од развојот, најважно е да се работи со нив преку уважување на нивната личност а не деградирање со цензура на петгодишна возраст. Затворање, изолирање или казни нема да помогнат, веќе докажана работа.
Окејјј, нема невоспитани деца, вашите деца уште од пелена се најителигентни, љубопитни, експерти уште од кога ќе се родат за се, мислам за што има да се дискутира воопшто, затворете ја темава.
Ми се допаѓа како реагираш на прашањата на ќеркичката. Браво само имам. И се согласувам со тебе дека премногу осуди има на темава, непоткрепени со знаење и искуство. Ме интересира само колку години има ќерка ти? Спомна дека прашува зошто е некултурен некој коментар- што ми дава претстава дека е под 7 год... Прашувам за да имам појасна слика, бидејќи годините на детето, кои овде некои други членки упорно ги игнорираат, се пресудни.
И те како има вакви родители. Ги имам неколку вакви во околина. Хиперактивно е, дете е... Бевме на ручек со еден пар во ресторан, детето им се качува на маса на луѓето од соседна маса ДОДЕКА ЈАДАТ, мајкава и таткото се смеат ко неандерталци. Мм им вика абе луѓево јадат, приберете го, они онака дрско, па дете е што им смета??? За време на тој ручек детево скрши тацна, тие таквоте за сол стаклени, тепаше девојчиња и машки деца ама помали од него, ни скокаше на нас по маса. Родителите беа како од Марс паднати. Едвај чекав да си одам искрено. Сега ниту едно дете не сака со детево да игра и комуницира од што е такво, родителите изненаџени.
Колку убава тема на разговор! Вредна е за пишување и дискутирање и тоа како! Ова е прашање на когнитивен и морален развој кај детето и фазите од тој развој. Нешто што очигледно не им е на многумина познато, ако судам по коментарите. Штета само што сите психолошки теми поврзани со развојот на децата наместо да бидат во темата психологија, каде што и реално припаѓаат, се тука - во темата дете. Може да се отвори една тема детска или развојна психологија во која би се зборувало за вакви и слични теми.
Погрешно реагирале на однесувањето на детето, не биле заинтересирани да се информираат повеќе околу тоа како да го воспитуваат и сега ќе ги „жнеат“ последиците. Знаете, некогаш џабе се сите добронамерни совети од страна. Родителот ќе ги доживее како мешање во начинот на кој ги воспитува децата од чиста лична егоистичност. Подоцна како бумеранг се ќе им се врати, кога детето трајно ќе усвои лоши навики и облици на однесување и кога ќе видат до што довело нивното „воспитување“. Е тогаш корегирањето ќе оди потешко малку.. Јас сум присталица на т.н. метода на позитивно воспитување, но тоа е многу поразлично од отсуство на контрола или едноставно незамарање со детето..
Не е битно што не си мајка. Нечие дете се. Во иднина ако имаш желба, ти посакувам да бидеш мајка. Јас пишав и да е виновно, секогаш ке ја барам причината за неговата реакција. Децата учат од родителите и под влијаниа нивни или на околината се градат како личности и прават грешки. Погрешно е затоа што не учеле да молчиме пред возрасни затоа што така треба. Не се ценеле гласовите на децата, нивните чувства. Никогаш не се давало предност детето да каже што мисли и чувствува. Се учеле да молчат. Пред професор комшии роднини свекрви и свекори.
Бравос, ми плесна во лице, јер од сите коментирачи, само јас нагласив дека не сум мајка, а како се осмелувам да коментирам бе. Оти да се биде мајка, тоа е цела наука, ние неротките, не знаеме како со дете, и што е невоспитано дете, или пак воспитано, немаме примери по дома, по комшии и роднини и пријатели Примеров ти е исто како да ти речам јас сега тебе, абе што се запна ти да коментираш за војна и последици од истата, не си ни политички аналитичар ни бутур Аман, ако сте мајки, не сте безгрешни или совршени, прифатете, имате недостатоци како што имам јас, и Петра и Станка
Абе каква љубопитност и искреност, да не се лажеме, се знае што е нормално на која возраст. Не очекувам од 3 годишно дете да јаде со нож и вилушка, ама на 7-8 години да фрла, мава по непознати, да не знае како да се однесува, невоспитано е. А за коментирање, пак зависи од возраста, не е ништо страшно и случајно да навреди некој, сепак тоа е малку покомплексно, децата не можат да ги научат меѓучовечките кодекси така брзо, ама во секој случај, има граница. Bottom line, 90% од “хиперактивните” се невоспитани.
Не сум била сведок на вакво нешто и верувам дека има секакви родители, но сум била сведок на деца кои имаат тантруми, не е пријатно па освен сам да останеш смирен ништо не помага во тие моменти. Сепак темата е покрената заради коментар на 5 годишно дете и пишува искреност или детска невоспитаност?!
Ќерката само што наполни 6 години, и сето тоа се случувало години уназад. Сега нормално се помалку и помалку, како што расти и како што учи што е ОК а што не е. Ама затоа имам син кој има 3 години, и до прва со него ме чека. И јас сум била дете, па памтам моите ќе ме опоменувале, не е убаво така, немој така да велиш, значи нормален дел од развојот е, само треба да се работи на тоа. Затоа тука одма ќе налепат етикета невоспитаност... не велам не... има родители кои нема да реагираат, има родители кои престрого би реагирале па и со ќотек, што и тоа не е во ред. Ама ако дете праша зошто тетката нема коса, или зошто чичкото е во количка, или зошто другото дете има скината блуза не е невоспитано, едноставно сака да знае... и наше е да ги научиме не да не прашуваат воопшто, туку дискретно да не прашаат нас или да почекаат до дома. Не успева секогаш, тоа е процес (освен за членикиве од форумов, вонземските чуда што имаат деца што уште од раѓање се културни и воспитани), некогаш ќе им се испушти, некогаш ќе прашаат па ќе им текне и ќе се засрамат, некогаш па среќа ќе поќутат и дома ќе не прашаат... тоа не значи дека се БУЛИС. Што повеќе прашуваат, тоа повеќе учат, тоа помалку прашања во иднина на истата тема, не знам што е нејасно!!! Има и такви некултурни и невоспитани (најчесто поголемки) кои сакаат да те навредат, да на време не ги научиле дека не е убаво така, ама за 4-5 годишно дете да си претпоставиш дека прашува оти е невоспитано, треба стварно да немаш никакво познавање од детска психологија.
Па ете не знаете, кога мешате поими. Пример дете не специфичен поим... дете може да е 3 годишно, 5, 7, 10, 13.... не збораме тука за дете што ќе дојде и ќе ти ја закачи една или ќе те плукни, или ќе ти опцуе не е темата тоа... туку за незгодни прашања или коментари. И нормално треба да се разграничи, дали е детето што прашало или искоментирало има 4 години или 14. Не може општо, невоспитани се децата и готово! И од каде знаете дали дома ги учат, ги опоменуваат или не? Па одма коментари дека домашните се криви. Некои деца потешко сфаќаат, некои полесно, на некои 10 пати треба да им се повтори, на некои 5.
За прашањево би требало да се обрние внимание и на возраста на детето, бидејќи тука возраста игра голема улога. Ако зборуваме за мали деца, повеќе би рекла дека е незнаење отколку искреност или невоспитаност. Под искреност кај дете подразбирам да се искаже онака како што размислува и се чувствува, така што не сметам дека коментирање туѓ недостаток е искреност, туку незнаење дека со тоа може да навреди некого. Кога децата ќе почнат да изразуваат интерес за светот околу нив и да поставуваат прашања, родителите треба да одговараат соодветно на нивната возраст и да ги воспитуваат. Се додека родителите не обрнуваат внимание на изразување и манири кај децата станува невоспитаност.
Ќе пишам малку подолг пост, извинете однапред. Кој нема воља да се чита или не го интересира нека ме скокне. Кој сака да се информира - бујрум: Детето на светот не доаѓа со научени морални вредности, ниту со развиени когнитивни способности. Тие се развиваат низ годините, во одредени возрасти, низ фази. За оваа тема во психологијата постојат доста истражувања, а најпознати теории се теориите на Виготски и Пијаже (добро познати, да не речам дури и омрзнати, помеѓу студентите на психологија зошто стварно многу им се обрнува внимание во студиите и во развојната психологија). Од желба да се провери точноста на овие теории се излезени еден куп понови и помодерни истражувања од оваа област. Бидејќи примерот за детето од постов е 5 години ќе се задржам на таа возраст. Имајте во предвид дека овие возрасни периоди може да варираат од дете до дете и од кај понапредните деца да се и помали. Т.е. кај некои деца развојот може да е поспор и подоцна да развијат одредени способности. 1. Теоријата на Пијаже за когнитивниот развој вели дека способноста на детето да мисли (или когницијата) се развива постепено, низ 4 фази. Детето помеѓу 2 и 7 години е во втората, предоперативна фаза. За неа е својствена егоцентричноста: Детските мисли и комуникација поаѓаат од себе. Егоцентричност е неспособноста на детето да ја види ситуацијата од аспект или од гледна точка на другото лице. Децата на таа возраст постепено учат да ја надминат оваа егоцентричност односно постепено учи дека другите не мислат, гледаат, чуствуваат исто што и тоа самото. Процесот се нарекува децентрација и не настанува преку ноќ. Дете на оваа возраст не може кога решава проблем истовремено да земе во предвид повеќе од еден аспект. Дури над 7-8 години мислењето на детето е децентрирано и може да зима во предвид повеќе аспекти од она што го анализира, гледа и доживува, вклучувајќи ја и перспективата и чувствата на другиот. Кратко видео на темата егоцентричност со приказ како изгледа: Теоријата за моралниот развој на Пијаже вели дека моралот се развива кај детето низ две фази - хетерономна моралност и автономна моралност. Хетерономна моралност или морален реализам е својствен за децата помеѓу 5 и 10 години. Значи ако се гледа од аспект на неговата теорија за развој на когницијата тоа се децата од предоперативна и раната оперативна фаза. Во овој период детето одредува дали нешто е добро или лошо само врз база на резултатите и последиците од акцијата и од тоа како однесувањето ќе ги афектира нив самите. Исходот од однесувањето е поважен од намерата. Нема порстор за компромиси. Ако нештото е забрането, забрането е и погрешно е да се прекрши таа забрана. За детето не е битно зошто се прекршила забраната. (пр. ако земеш колаче кое не смееш да го земаш, тоа е погрешно без разлика дали го крадеш или го земаш зошто си гладен.). Децата од овој период веруваат во светоста на правилата, поставени од авторитетот - родител, учител и сл. Тие правила се за нив апсолутни и некршливи. Мора да се следат инаку за нив ќе биде лош исходот, односно ќе следи казна. Значи кај помладите деца моралот се базира на авторитетот од надвор. Дури и не мора да е физички присутен авторитативниот лик, зошто моралот е наметнат од негова страна. Моралот е контролиран однадвор (во однос на детето). Како се развива когницијата и способноста да се земе во предвид другиот при проценката и размислувањето така се развива и моралот. Доаѓа детето на поголема возраст (во оперативната фаза) до автономна моралност или морална релативност. Надминувајќи ја егоцентричноста способни се да ги разгледуваат правилата од туѓа гледна точка. Така што тие веќе не се апсолутни, туку разбираат дека тоа се договорени правила и дека тие се направени да одговараат на мнозинството во групата. Заради тоа се и променливи. Знаат дека се битни, но знаат и дека се нештата се комплексни и дали се помалку или повеќе фер. Преговараат повеќе и сакаат да ги сменат оние кои не се фер, т.е. да се усвојат нивните правила ако мислат дека се пофер. Значи, како што растат разбираат кои се мотивите зад постапките и сфаќаат дека се исто толку битни како и последиците од нив. Сфаќаат дека нема апсолутно исправно и погрешно, туку дека е битна и намерата и последицата. Така што ако одлучат дека нешто треба да се каже или направи, тоа не е заради страв од казна туку е резултат на комплексно морално расудување. Теоријата на Пијаже потоа е разработувана, критикувана, дополнувана од страна на други психолози. Така сега има повеќе теории според некои има и повеќе фази во моралниот развој на детето ама сите од неа почнале. За Виготски имам исто така пишувано во друга тема - за внатрешниот говор кој е истотака поврзан со развојот на мислата и со развојот на моралот, зошто има саморегулатрона функција. Во целост еве го споделувам: „Внатрешниот говор - оној што се одвива во нашата глава без знаење на другиот, може некогаш ќе ги помине внатрешните контроли на мозокот и ќе излезе од устата, ќе го кажеме гласно. Тогаш станува надворешен говор. Немора да се каже вербално, со гласовниот апарат, може да се каже и невербално, со телото, лицето во вид на гест, мимика, став, движење. Сте виделе некогаш некој си мисли нешто во себе и му се читаат мислите на лицето преку мимиката - ги движи веѓите, устата, прави гримаси. . Тоа е толку универзално за сите луѓе, што сите го прават независно од културата и расат на која припаѓаат или јазикот кој го зборуваат. Дури и кај приматите постои, така што најверојатно е и генетски одредено. Нема човек што не го прави тоа или што толку успешно, во секој момент, може да ги контролира своите реакции до степен да не го издадат што мисли во себе. Гледајте ги луѓето кога зборуваат по телефон, некогаш се однесуваат исто како да се лице в лице со соговорникот, иако знаат дека тој не може да ги види, може само да ги чуе. Некогаш слабата контрола е заради тоа што мозокот прави паралелно еден куп работи и е проптеретен и неможе истовремено добро да води сметка за околината и да анализира дали е прикладна реакцијата на ситуацијата. Некогаш тоа е заради силни емоции кои ги чуствува во моментот и го преземаат кормилото врз телото. Во психологијата има цели правци и теории за оваа област. Денес е доста популарен тој дел од психологијата што се занимава со комуникација. Има и доста литература и експерти за таа област, за говор, внатрешен говор, говор на телото и итн. Според една теорија (на Виготски) внатрешниот говор е продукт на когнитивниот развој на детето. Тој сметал дека надворешниот говор и интерперсоналните дијалози (разговорот со другите луѓе) постепено станува внатрешен говор и интраперсонален дијалог кај детето, благодарение на неговиот когнитивен развој. Процесот го нарекол интерналзација на говорот или грубо преведено повнатрешнување на говорот. Поддршка за неговата теорија нашол во оној феномен кога малите деца си играат или изведуваат некоја когнитивна активност и си зборуваат гласно што прават: - ова вака сега, ова така сега. Овој говор се нарекува егоцентричен говор или приватен говор и го сметал за транзиторна фаза во процесот на интернализација, за преод меѓу двата вида дијалози. Виготски сметал дека основната улога на егоцентричниот говор во развојот на детето е во тоа да му помогне да научи како да го регулира своето однесување и своите мисли. Подоцна според понови емпириски студии ова негово сфаќање за улогата на егоцентричниот говор се преиспитува и се открива дека егоцентричниот/приватниот говор кај детето има повеќе функции во развојот на детето, а не само саморегулаторна, како на пр. вежбање социјални интеракции, вежбање говор и изговор, учење на јазикот, играње улоги и преправање. Истотака новите сознанија велат дека егоцентричниот говор не се губи, како што сметал Виготски, откако процесот на интернализација ќе заврши, туку дека овој говор си останува и кај возрасните и си има саморегулаторна и мотвациона улога. Убаво е ова да се знае и да се има во предвид кога се обраќаме на некој друг. Особено на децата. Она што е надворешен дијалог со возрасниот, после станува внатрешен дијалог на детето. Она што негуваме - расте.“ Долго е предолго. Знам. Но сега откако го прочитавте ова, ако стигнавте до долу ќе знаете: - зошто дете од 5 години гласно кажало мисла, - зашто не можело да предвиди како тоа ќе му влијае на другиот што слуша, - зашто не му било јасно дали е добро или лошо И можеби ќе прифатите дека ова се развојни фази кои не се нови и модерни измислици. Жан Пијаже е роден 1896 умрел 1980, а Виготски е роден истата година ама умрел 1934. Значи познати се работиве уште во раниот 20-ти век. Значи вашите деца ќе ги минат истиве развојни проблеми, некои порано, некои подоцна ќе ги решат, како и децата од пред 100 години. Ако немате деца, едуцирајте се. И не викајте моето нема да биде такво, или да е мое, ќе биде друга приказна.
@Cosmic Girl Браво, преубаво објаснато... тоа е тоа. Тоа што јас го кажував со прости, народски зборови. Фазите се фази, тоа што ќе се правиме тука дека нашите се родиле со највисоко ниво на свесност и морал... или тие што допрва ќе ги раѓаме такви ќе бидат, грешка. Јас кога немав деца едно мислев, кога имав едно сосема друго мислев, сега веќе со второ дете уште повеќе некои работи ми се разјаснуваат. Најдобро наместо да осудуваме деца и родители, прво да се едуцираме за периодите, да знаеме што треба да се очекува од одредена возраст и како најлесно да се поминат некои фази. И нормално, темата е за детски незгодни коментари, прашања и сл... немаше потреба да се мешаат работи како булинг, качувања на маса во ресторан, правење секакви бељи и сл.
Супер ферманите шо ги пишувате, ама место телефон да им се дава од 3-4 години, и да се чека на воспитувачките во градинка, освен зборовите искажани, ниеден родител не го кошта да му збори на детето ,,мамичка сите луѓе на светов се убави, сите се разликуваме меѓусебе но не е убаво да го потенцираме тоа" Или им покажувате слики од дебели, анорексични, искривени, згрбавени, прави, им викате дека никого од нив не треба да коментираат. Детето се раѓа како табула раса, а не е такво цел живот. Многу ги галите и мазите. Discipline in its simplest forms can start as soon as 8 months of age. You will know it is time when your once powerless little baby repeatedly slaps your face or pulls off your glasses…and laughs hysterically. 8 месеци еј, а на 5-6 години да го руши цел ресторан, а јас да си боцкам марулче и да се смеам, пошо е дете? Сите сме биле некогаш деца, ја ваква распиздена никогаш не сум била.Значи јас лично сум гледала по кафичи или ресторани како трчаат и ќе собере нешто, чаши влечат од маса, едни еднаш во Сидро, пола риба заврши секаде околу масата, цапа со рацете у тањир и ја фрла ко конфети.А овде ќе плачете за леб немало.Ама дете е бе така? Да видите девојка со нозе на маса кренати, ќе речете невоспитана е, ама дете од 5-6 год шо фрла храна не е невоспитано туку е дете така? него пошо имате деца, и ваљда и вашите го прават тоа и сеа ајде ќе ги переме деца биле.И доста више со муабетот, ,,немаш деца не знаеш како е" Ќе се погоди може членка шо не може да има деца, и ќе и` го кажете ова и у срце ќе ја пгоодите.Не сте го фатиле Господ за м*да ако сте мајки, аман више од глупиов муабет.Ние не сме луѓе ако неаме деца?Да не не смеам да коментирам на темава ако немам дете?Не сум деспот
Никако ни по гз плескање доживотни трауми ќе има како така семејно насилство. Дете е тоа. Дете сум била и ја и на гости кога сум одела срам ми било да чепнам нешто од масата иако сите ме нуделе па дури и моите. До родителите е.
@Feminka22 исто ко шо ти велевме дека не е убаво да булиш во жени без градник под блуза и да им превртуваш очи, не е културно, ама тоа е, не те научиле родителите твои ко дете дека не е убаво. Требало уште од 8 месеци да те научат!!!