Детска искреност или невоспитаност?

Дискусија во 'Дете' започната од Matotheja, 14 март 2022.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Женски
    This(y)(y)(y)
     
    На winnie02, spacegirl92, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.387
    Пол:
    Женски
    ооо мене ми го удри муабетот со вртење зборови :rofl::rofl:
    кај што реков дека вртам глава.Пази реков дека вртам глава.Да не копам мислења мои сега.Ти мене ќе ми кажуваш ја што сум рекла.Нападот е најдобра одбрана така?
    Пошо некад не мислите со мозокот шо зборите, а се праите овде борци за женски права.Да си ги воспитувавте децата, толку колку шо се замарате да идете со голи цицки, светот ќе беше подобро место за живеење, и ќе бевме здрава и писмена нација.
    А моите до ден денес, еве ако те интересира, ме учат да не превртувам очи, ама глупи муабети како овие, само тоа заслужуваат.Еве пак ги превртев. :?:
    I`m guilty
     
    На spacegirl92, Peanut Butter, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    16.921
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе, во сите теми кај што се спомнуваат деца мора да го праите овој муабет. Добро, разбираме дека сте мајки, ама со комплексиве, каде??
    Тие што немаат деца не се одделени на посебно парче земја кадешто нема деца. Смешни сте со коментариве. Другарки, браќа, сестри, роднини, комшии, околу нас имаат деца и ние сме биле деца, сме растеле со деца, играме со деца, ги чуваме кога ќе ни ги доверат, значи ЗАЕМЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕТЕ, не знаат тие што родиле само. Знаење не се добива само ако го родиш детето, може некоја ќе посвои дете, или таа нема да биде мајка, затоа што не родила.
     
    На winnie02, crimson, bicycle и 12 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Глупи муабети се да не признаваш развојни фази, и да мислиш дека ќе си го воспиташ бебето од 8 месеци да се понаша ко безгрешно чудо на веков. Едуцирајте се пред се... мајка ми е детски психолог, цело време се консултирам со неа за се што е поврзано со децата. Почитувам кога кажуваш нешто од економијата, се разбираш, татко ти го консултираш.... не би се контрела на таа тема со тебе, пример, ама не може ти секаде се да знаеш.
    Проблемот е што е конкретна тема - за незгодни прашања и коментари на мали деца.Е сега не знаеш конкретно на таа тема, па мешаш се и сешто, од невоспитаност, до ќотеци и сл.
     
    На ane.bella, Yowannty, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Колку предрасуди и злоба во два поста, тоа е чудо.
    Прво научи се да дискутираш цивилизирано и без навреди, па потоа соли им на други дека не им се воспитани и како се воспитуваат деца.

    @jacqueline.s од каква економија се разбира? Детево не прави разлика од увоз и извоз
     
    На Camille84, bittersweet, ane.bella и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.387
    Пол:
    Женски
    Ја не ни викам дека сѐ знам.Ама преку глава сте ми со ,,немаш деца не знаеш”, а и кажав тој муабет до што може да доведе.Второ има разлика од незнаење и невоспитување.Зборевме и за дечишта шо по туѓи домови или по кафичи шрум прават.Во темана ,,што е најчудното нешто што го направил некој кај вас дома” колки поста беа за деца шо сееле чоколади, мочале по теписи?
    @Mikha4 жити се?? Ти мене ќе ми кажеш што е увоз што извоз@forumce врти врти и ти.Реков дека се гадни со муабетот ,,немаш деца не знаеш како е”
    Најјак муабет ви е тоа.Ко сеа ја да каѓам иам 20, ја сум млада убава и стегната за разлика од 40 годишни жени.Убаво ќе ви е? Шо сте вие криви шо сте постари, што не изгледате стегнато ко мене пример.Така и обратно, шо сме ние криви шо уште неаме деца? Да остама факултет, да родам едно ако не, за да бидам достојна на вашите височества?
    Аплаузот е пошто сте и они приближно колку мене и БЕЗ ДЕЦА.
     
    На Rama и deskarada им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.063
    Допаѓања:
    117.765
    Пол:
    Женски
    Не ја сфаќам темата. Премногу е опширна, нема вовед.
    На што се мисли?
    Дајте пример па ќе дискутираме.
     
    На mal.ecka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Не знам, економија не ми е струка, затоа не ни навлегувам таму, знам има спомнато дека татко и се занимава со тоа, и затоа да речам не се мешам многу.

    За деца, на страна од ова... не е навреда да речеш кога ќе имаш деца ќе видиш, или немаш деца не знаеш. Тоа е факт. Детето на комшиите, или на братот, или на другарката не го гледаш 24/7, не му го пратиш развојот, едноставно не ти дава такво искуство. Да прескокнеш преку истражувања, психолози и луѓе со акшуал искуство, и да речеш, не ни вие ни психолозите, никој не знае, јас знам, тоа веќе нема смисла.

    Само да знаете колку фактори влијаат на моменталното однесување на едно мало дете, моите ангели можат да се претворат во демони кога не се донаспани, кога се гладни, настинати и сл. Ќе ги видите такви, ќе мислите дека се невоспитани дечишта кои немаат никаква контрола. Да, може на комшиваката детето е стварно невоспитано, ама не секое дете што ќе постави некое незгодно прашање, или ќе се расплачи без причина е невоспитано. Затоа викам, ќе имате деца, ќе знаете. Ако не сакате така, а се интересирате за нивното однесување општо како тема, читнете литература, има објаснато. Лични ставови на тема која е многу опширна и комплексна, каде се нема искуство или нема истражувано не може да се порелевантни. Мислам да се разбереме, има и родители кои не се свесни за фазите, па или ќе фрчат шамари за секој незгодно прашање или па ќе речат - остај дете е... па ќе креираат или пасивен човек кој ќе се плаши да прашува и да открива во иднина, или некој алапача кој ќе лупа се и сешто во лице на другите. Треба да се знае што е нормално а што не, и да се реагира соодветно, не да се прекине скроз (фазата мора да помине), ама да се насочи правилно, со подучување, со разговор.
     
    На crimson, Yowannty, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.949
    Допаѓања:
    31.464
    Ау темава, како деца невоспитани, па нема такво нешто :D
    Првин нема невоспитани деца, второ ако не си мајка немаш право да коментираш за деца е на форум главно :D (facepalm)
     
    На spacegirl92, Peanut Butter, Anie93 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.387
    Пол:
    Женски
    Се почна од тоа дека некое детенце ѝ кажало ја една од членкиве дека е грбава.А има сколиоза мислам рече?
    Види на првата страја баш.На @Matotheja мислењето.И почнавме да го коментираме тоа, и сѐ отиде во …
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Јас веќе ти објаснив што е увоз, а што е извоз во друга тема.
    За навредите и начинот на комуникација нема веќе да коментирам, излишно е сѐ што ќе кажам затоа што извртуваш до недоглед.
    Според тебе сите деца од бебиња се невоспитани, иако имаше одлични мислења напишани од други членки, експерти во областа за која се зборува, ама ти попрво да пцуеш се живо отколку да најдеш грам разбирање и да прочиташ за што се зборува. Има одличен пост поназад за егоцентричноста кај децата, изгледа некои деца не ги одрастуваат сите фази.
     
    На crimson, Snowflake97, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.791
    Допаѓања:
    22.944
    Ако сум излегла да пазарам, да ручам на раат или било што и дојде дете на моја маса и ми пречи на било каков начин, испаѓа не треба да преречам зашто немам свои?
    Било тантрум, било хиперактивно, било невоспитано, не е обврска на рандом луѓе да се справуваат со туѓи деца кога им влегуваат во личен простор.
    Ми се има случено дете од околу 6-7 години дојде до мене и почна да ми ја чепка ташната и влече телефонот од рака додека си чмаев на клупа надвор. Ништо не реков, со поглед само ги барав родителите и само ги гледам од 15 метра далеку го повикуваат да дојде. Да ми се извинат? Јок.
     
    На Peanut Butter, Rama, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Муабетот со " немаш деца , не знаеш како е" не е во лош контекст кажан, ниту е за да навреди некого. Сите сме биле млади,немажени, немајки и кога правам споредба од умот што сум го носела тогаш и овој сега, тотално ми се косат еден со друг.
    И јас превртував очи на мајки што велеа: заодевМЕ, НИ излезе запче, се разболевМЕ. ... ми немаше смисла муабетов ама сега и јас велам така а не можам да објаснам зошто. Едноставно од душава ми иде, осеќам топлина и милина.
    Има деца, ако сакаш цел ден помини го во објаснување пак си тераат по свое. Јас сум за да се објаснува и објаснувам ама тогаш кога ќе увидам на грешка кај детево. Има скоро 5 години и веќе само разграничува што е добро , а што лошо. Можеби дека е зборлеста па цел ден ни се состои од прашања, ама навистина се ја интересира :drunk: мачно е да одговараш на детски прашања што понекогаш немаат смисла па мораш да импровизираш со одговорот ама само така ќе го дознае тоа што ја интересира.

    Не за џабе рекле: домашна култура и воспитување.
     
    На Ladybug98 и Directioner005 им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Не... не смее никој да ти смета, ни човек, ни дете, ни ништо, без оглед дали имаш деца или не. Не беше темата дали ти досадува некој во кафич. Туку дали е нормално ако дете праша некое незгодно прашање за друг да биде таргетирано како некултурно и невоспитано дете!
     
    На Snowflake97, theowndemon, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Зошто и се нафрливте на членката? Јас нејзиниот коментар воопшто не го сфатив навредливо за оние кои не се мајки. Напротив, факт е дека поразлично ќе гледаме на работите кога ќе имаме свои деца. Не е се црно и бело и не е се така како што изгледа. Да, невоспитани деца има, ама тоа можеме да го разграничиме дури околку школската возраст. Нормално е дете да е радознало, да се загледува во се што е нетипично, ново, па и да праша и да искоментира, така ќе се научи за различностите. Не е нормално вие како зрели возрасни личности да се навредувате од коментар на 5 годишно дете и да го нарекувате невоспитано. Што треба мајката да направи, уште пред да знае да збори да го учи што смее а што не да искоментира? Дај олабавете, дете е, вие сте искомплексираните.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ама полесно е да навредуваш мајки и татковци и да се потсмеваш отколку да се потрудиш да разбереш за што се работи. Нормално дека тинејџери и млади луѓе не ги интересира за развојот на малите, но овде не само што нема емпатија туку дури се поттикнува агресивност и одбивност кон најмалите, ставајќи ги сите во ист кош.
    Понормално е културно да им кажеш на родителите дека ти пречи и да си продолжиш со раатот, отколку да ги озборуваш насекаде дека детето им е невоспитано, а они за ќотек.
     
    На Yowannty, Annath, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Не знам зошто мешате поими што имаат огромно значење. Има разлика од невоспитаност до крајна невоспитаност, како и од "искреност" (зачинета со манипулација) до искреност. Дете е дете и на било која возраст различно е. Од чување и минување доста време не е воспитувањето така лесно. И да објаснете што е сколиоза, гарант нема името да го погоди кога ќе сака пак да каже.
     
    На Maca Macka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    13.680
    Ти прво научи се на комуникација, па потоа зборувај за невоспитани дечишта. Која злоба во коментариве твои еј. И така е. Не знаеш кога не си мајка. Што толку ве навредува тоа Не сте мајки, не знаете. Исто ко јас да влезам во темата Вештачко оплодување и да коментирам, а немам искуство со тоа. Дај олабави малку. Твојот прв пост во темава е Невоспитани дечишта и тоа за сколиоза.
    Дете од три, пет години знае за сколиоза? :x
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    9.319
    Пол:
    Женски
    Многу убаво објасни баш со свои зборови. И се забегува вон темата, тоа е точно. Зборуваме за конкретен пример со дете од пет години и со коментар кој е недоличен.
    Булинг на пример е сосема друг проблем, зад кој има сосема други причини и не треба да се мешаат поимите.
    Намерно пишувам од стручен психолошки аспект за да се добие инфо и од друг агол. Кој не сака да чита стварно не мора. Јас ги разбирам денешниве деца кои се навикнати на брзи инстант одговори и на тоа одма да си ги задоволат потребите дека имаат отпор да читаат долги текстови и воопшто да читаат. Само за слика и кратко видео се има трпение, мислам не се за џабе инста и тик ток најпопуларни...јбг и мене ми годи гугл. Но мое мислење е дека секој што е родител или планира да биде во иднина треба да прочита.
     
    На simona_baby, Zumbulche, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.541
    Допаѓања:
    12.784
    Пол:
    Женски
    Премногу го извртивте муабетот.
    Тоа "не сте мајки, не знаете" можеби не е навреда, ама тоа не значи дека немаат право да коментираат. Овде се даваат примери и од околината не мора само свое дете да имаш па да знаеш како е.
    Еве јас сеуште не сум мајка, ама имам искуства и сум се грижела за бебиња и деца повеќе и од мајка. Темата е отворена за дискусија за сите.
     
    На Peanut Butter, Anie93, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.