Детска искреност или невоспитаност?

Дискусија во 'Дете' започната од Matotheja, 14 март 2022.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.913
    Молим те цитирај каде реков дека се они за ќотек човече.
    А зашто јас да им речам? Нели не треба јас недечар да кажувам?
     
    На Peanut Butter и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.671
    Допаѓања:
    39.946
    Пол:
    Женски
    Ако ѝ кажеш на некоја дека не е стегната, може ќе се навреди АМА тоа е факт. Исто и ова со имање, немање деца. Патем на 50години какви има стегнати, некои од 20 може вода да им носат. Примерот не ти е добар.
     
    На Snowflake97, Feminka22 и prashinka им се допаѓа ова.
  3. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Да се објаснам: јас не ја отворив темава, туку модератор ја презеде од Сакам да кажам темата. Не знаев дека ќе предизвика волку бурни реакции едно мое прашање. Ниту имав цел да навредам некој ниту да предизвикам тешки дебати.

    Конкретно за случајот, не беше за мене наменет коментарот, туку за друг човек, во семејна атмосфера и знам дека детето е умно и сè, но ете случката ми создаде дилема.

    Сепак мислам дека е детска искреност сè додека не се повтори, како што веќе кажав.

    Јас повеќе не дискутирам на темава...
     
    Последна измена: 15 март 2022
    На Ketchup, Snowflake97, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    Да праша зошто овој или оној е таков е нормално за дете од 5 години.
    Го исчитав постот на @Cosmic Girl за развојните фази. Ако добро разбрав, 5 годишно дете према тоа е во предоперативна фаза и хетерономна моралност и се води според тоа што му го кажале родителите како погрешно/исправно.

    И детска искреност е, засега.
    Проблемот е што овде родителите ништо не направиле и никако не реагирале. Детето нема да научи ништо за да не го повторува во иднина. И ќе поминат години така и детето можеби ќе порасне во ваљда "брутално искрена" личност.
     
    На WildMk, Peanut Butter, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    3.268
    Пол:
    Женски
    Феминке млада си, и јас сум ама сум родител.. Малата ми има 2ипол години, зборува се.
    Се трудам и работам со неа, не мава дечиња не мава животни, не крши, ама конкретно викендов од 1 саат невнимание наше, ручавме а малата и братучедките си играа во кујната, ние муабет на маса повеќе луѓе не ги слушнавме, братучедка и и кажала: кучко една, пи*ка ти мајчина и малава еве вчера повтори се тоа по дома.
    Кога ја слушнав пробав прво со убаво, а после може и до Скопје ме слушаа кога се дерев хистерично на детето (што и не е крива, го изеде подебелиот стап поради друг, не го знае ни значењето на тие зборови, ужасно ми е тешко што и повишив тон), ама само повторуваше како воденица, не знаев што да праам и како да исконтролирам.
    И не, не ми го праи тоа детето невоспитано, имам fail како родител во моментот кога не фатив на време кога ја учела. И да, ќе потонам во земја ако рече пред други оти ќе мислат од нас слушнало, ние ја учиме така, ама детето не е криво у моментов ни па невоспитано.
    Невоспитано е кога на сам родител (или дедо баба) им е смешно тоа па уште ги бодрат ги бодрат и ги учат такви работи, невоспитано ќе е кога нема да реагираш туку се смееш на безобразлуците од возрасните.

    А да, и како родител ќе искусиш тантруми кај детето, дај боже да се случуваат дома само, ама некогаш ќе е и во јавност нешто да е тригер и така...

    И да, и те како има разлика од невоспитаност до искреност. Исто ко кај нас возрасни што има разлика.
     
    На drugarka, Snowflake97, nevermet18 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Никој не бранеше никому овде за коментирање, туку да се има обзир и разбирање. Ако ги прочита повеќето мислења од почеток е дека 5 годишни деца ако коментираат нешто непристојно за некој се невоспитани, насилници итн. Понатаму се генерализира дека сите мајки се "совршени" и слични саркастични и навредливи коментари.

    Инаку она "немате деца, не знаете" не е навреда туку констатација, посебно што овде сите се чукаат во гради како нивното ќе биде друга приказна и единствено воспитано, едвај чекам да бидете сите мајки па да ве читаме овде.
    А како некој друг треба да знае дека ти пречи ако не им кажеш?
     
    На Snowflake97 и prashinka им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.918
    Допаѓања:
    16.919
    Пол:
    Женски
    Предрасудии. Не е точно дека тие што немаат деца не знаат ништо за децата, а и спротивно, не значи дека тие што имаат деца па се знаат за децата.
    Мене ме интересира се за децата, иако немам деца, сакам да знам. Мајка ми работи со деца и знам дека нема ништо поубаво од тоа да работиш со деца и многу добро сум запознаена со детскиот развој.
    Еве од мајка, со дете една година, ги слушнав зборовите дека ништо не разбира, а тоа си гледа си ги фаќа играчките, љубопитно, го интересира, ама таа вика ништо не разбира :^).

    Во однос на темата ќе искоментирам.
    Децата се премногу љубопитни, ги интересира се, од играчки, телевизија, музика, се памтат, се перцепираат и да, знаат да поставуваат незгодни прашања. Мене комшичето како од пушка ме прашаше дали имам дечко :D, а мала беше сеуште не одеше во школо. На дете воопшто не замерувам доколку постави некое непријатно прашање и не мислам дека се работи за невоспитаност.
     
    На Anie93, deskarada, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира муабетот, пошо се осеќам дека ме читате као нечоек или не знам дибек ако неам деца, ако не сум мажена.Ете не ме занима шминка, музика и турски серии.Ова ме занима и во овие теми ми се коментира.Повеќе овде ќе научам него во Горка Земја темана..Тоа ме напиња.
    Сеа нормално е дека како мајки знаете некои работи повеќе пошто имате ИСКУСТВО, а ние немаме.Ама не значи дека не смеам на темава да коментирам.
    Или у темана за војната, кога ќе ми речат ,,дете си ти не си за темава"
    Многу си даваат некои луѓе за право на форумов само пошто начукале 30+ години.Заборавате дека може кој кај сака да дискутира,
     
    На Peanut Butter, Rama и edna_malecka им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.913
    А ваљда возрасен човек сам знае дека не треба да се убацува самиот или детето негово у туѓ личен простор без дозвола?
    Ова и за манијаци твоево да не важи?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Така е, кога си родител, своето дете можеш да го препознаеш дали има тантрум од бес, или има некоја причина во позадина. Дали кажало нешто од детска наивност и искреност или од инает... како родител ќе го препознаеш и ќе реагираш соодветно. Ама некој што нема искуство, или е настроен оговарачки, нема да препознае и ќе те оговара и тебе и детето наоколу.
    Сум видела како осудувачки ме погледнува комшивката кога го гушкам малиот кога плаче и се дрецка, и ми вели - аааа, јас за вака не попуштам. И јас не попуштам и игнориран или казнуван е ако е од бес, ама ако цела ноќ спиело немирно, знам дека не е наспано ко што треба, ќе го гушнам и ќе го смирам, оти знам дека ако се дерам ќе ја влошам состојбата. Тоа не може да си објсни зошто е нервозно, побогу пред кратко направи 3 години, од кај знае дека е нервозно оти не спиело добро, ама јас знам.
    Е сега комшивката ќе дојде на форумот и ќе ви пише како нејзината комшивка има едно невоспитано детиште, и мајката наместо да го искрши од ќотек го гушка, и вие ќе и аплаудирате за перцепцијата, и ќе ме имате за лош пример, и така си е тоа.
     
    На drugarka, simona_baby, kalinaka и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Феминке ама што толку се живцираш? Не се возбудувај толку, дискутираме. А ако некој вреѓа, нека вреѓа. Тоа му е нивото.
    Инаку, ти пишувам за да ти кажам дека не си во право за некои работи како на пр. тоа дека се раѓаме како табула раса.
    Тоа во денешната психологија е докажано како неточно, а таа филозофска идеа како застарена. Човекот не се раѓа како празна табла или празно платно на кое средината, воспитувањето и искуствата пишуваат. Сега благодарение на развојот на медицината, неврологијата, психологијата и на науката воопшто се знае дека бебето на свет не доаѓа баш толку беспомошно како што се мислело и без никаков адут, туку со веќе постоечки одредени облици на однесување. Тоа се инстинктите и рефлексите како прво. Тие му се првите програми кои веќе му се вградени во нервниот систем кои му помагаат да преживее. Штом потпорасне и усвои посовршени облици на заштита тие облици се губат. Затоа на првите прегледи на лекар и ортопед на децата им се проверуваат рефлексите и точно се знае на која возраст треба да ги снема некои.

    Второ постојат докази дека бебето во утробата учи. Станува збор за наједноставниот облик на учење-учење со условување. (Види го експериментот на Павлов). Тоа во матката во третиот триместар веќе има развиен сетилен апарат и прима дразби преку сите сетилата. Одредени повторувачки дразби предизвикуваат повторувачки реакции. Со време бебето научува да реагира на тие дразби. И продолжува да реагира на нив и после раѓањето. Затоа на пример се смирува на смирениот ритам на срцето на мама а се вознемирува и плаче кога мама е вознемирена (срцето и бие побрзо). Бебето Дури се навикнува и на одредени вкусовите кои мајката ги конзумира со хранат зашто некои преоѓаат низ плацентата во плодовата вода која бебето ја пие. На слатко може да испие многу повеќе плодова вода околку на горчливо, на која дури и се забележало дека прави гримаси. Има денес дури и МРИ на бебе во стомакот на мајката на која се гледа како пие плодова вода. Дури има и сознанија дека бебето во матката сонува. Тоа е докажано со следење на мозочната активност која покажала РЕМ фаза дека постои-тоа е таа кога сонуваме.
    Значи бебето уште во матката почнува со психичкиот развој зошто веќе живее.

    Факт е дека навиките се почнува рано да се формираат. Пет години не се малку време за да се учи. Детето има капацитет да прима тогаш многу, затоа треба да се искористи тоа време и да се учи и воспитува. Но при тоа мора да се има осет до каде се може. За некои задачи да се совладаат МОРА да созрее со возраст. Мора мозокот да му созрее..
    Знаеш и на возраст од кога ќе почне да збори може да научи да каже фала и те молам. Тоа не е спорно. И извини ќе каже ако му речеш да се извини. Ама поентата е дали ќе разбере навистина што значат тие зборови или ќе бидат само празни фрази
     
    На drugarka, simona_baby, ane.bella и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Да, децата се опасни како манијаците, подалеку од нив.
    Добро утро, инаку децата влагаат во туѓи простори секојдневно. Некои луѓе ќе им посветат 1 минута внимание што ќе му значи цел нов свет на тоа дете, а некои ќе му пречат. И тоа е нормално, не знам зошто би ти било проблем да си кажеш што ти пречи, освен ако твоите родители те замолчувале редовно, оти нели многу е страшно ако некој каже дека си невоспитано детиште.
     
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.913
    Не децата, возрасните ги оговарав ако не примети. Ако приметиш дека твое дете чепка туѓ телефон или ташна, одиш, го тргаш и кажуваш едно кратко извини. Е толку барам, океј ли?
    Или круната ќе ти падне ако се извиниш на клетите недетни особи?
     
    На deskarada, Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Да. Многу е битно ваквите ситуации да се искористат за да му се објасни на детето зошто таквиот коментар може да го навреди другиот.
    И после тоа може да се повтори за друга работа да искоментира не дека со едно зборење ќе научи, ама ако не реагираш секогаш и додека е свеж настанот тогаш нема да научи. И тогаш стварно ќе биде размазено. Уствари дете кое се му е дозволено ќе ги манипулира родителите и ќе им прави каприци и сцени. Ќе се навикне да му се повластува
     
    На Snowflake97, Bezimenka90 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.220
    Пол:
    Женски
    Има и тоа како невоспитани деца. Само секој родител би го болело да си признае макар и сам на себе. Уште од прво одделение на училиште се гледаше кои се мирни, културни и фини деца а кои секој ден прават проблеми, се тепаат, си ги навредуваат другарчињата и ги гаѓаат наставниците со ранци по ходници. У трето или четврто одд. еден соученик на наставничка последна година пред пензија и рече стара ор*оспијо. Можда поголемо дете бил ама сепак бил дете. Ужасно невоспитано дете. На крај памет не би ми паднало така да се обратaм на старо лице. Па после тоа ќе се припаѓа у несвест како наставник подвикнал, пуштил музика која не е некому по вкус или не знам што. А тоа што секојдневно и они се малтретирани од страна на разно разни мајкини принцови и принцези ретко се коментира. Некои родители свесно гледаат како лошо се однесуваат нивните деца ама упорно ги бранат, во состојба се очи да ископаат некому ако им рече. Не зборувам за мали деца од по 3-4-5 години. На нив не би требало да им се замери бидејќи е логично да не разбираат некои работи. Повеќе смешно би било на пример ептен мало дете да дојде и да ти рече ама ти е голем носот или грда фризурата. Проблем се тие поголеми деца кои и тоа како разбираат многу работи ама свесно повредуваат луѓе околу нив.
     
    Последна измена: 15 март 2022
    На Feminka22, Peanut Butter, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Претходно пиша дека ти го ремети раатот затоа што ти дошло до твојата маса, сега дека ти чепка ствари.
    Не сум дошла до извинување, и не сум ги пуштала да реметат до толку, за волја на вистината еден период не излегувавме воопшто или ептен е било на кратко за ручек затоа што дури беа мали не седеа на исто место долго време, па мораше да се оди по нив цело време. Кафана не е место за деца, но некогаш мора да се јаде и надвор, извини и ние сме луѓе.

    Сепак никогаш не ми било проблем да обрнам трошка внимание на мало дете, уште помалку да кажам дека ме ремети затоа што пробало да оствари интеракција со средината.
     
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    9.321
    Пол:
    Женски
    Дечки, уште ова:
    Возрасна и зрела личност на ваков детски и неумесен коментар знаете како реагира?

    Со насмевка, хумор или барем со рамнодушност. Не се вреѓа и не се лути. Не ги криви ни детето ни родителите. Не осеќа потреба да се брани зошто е формирана личност со свое јас кое детски коментар не го разнишува. Конечно возрасни треба да знаат дека децата се со способност за мислење и самоконтрола само онолку колку што му дозволуваат годините.
    Дури и не држи лекции на родителите зашто знае дека критики на непознати во јавност, за нивните деца и за нивните воспитни методи може да имаат само контра ефект. А ако тие родители ви се блиски и сакате да си ги посоветувате, тоа ќе го направите во време и прилика кога ќе бидат приемчиви за совет. Или ако никогаш не се за таа тема приемчиви, не се мешате.
    А на своето дете (во примеров детето со сколиозата) настрана ќе му објасни со фино, зашто не треба да си ги зема при срце коментарите од мало дете.
     
    На crimson, prashinka, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.913
    Па не реков дома да го затвориш. Ама ако твоето дете отиде на туѓа маса или на било каков начин ремети туѓ раат, не седиш и посматраш, не знам што не е јасно.
    Неам проблем ако ми дојде дете до мене. Иам проблем ако детето предолго остане до мене и ми чепка работи или шознам, се качува на маса ко примерот поназад, зашто стварно не знам како да занимавам туѓо дете или проба да земе нешто мое, а за сево ова време родителот гледа и се смешка
     
    На Just.do.it и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па ако правиш лице и се играш со детето нормално дека ќе мислат дека не ти пречи, тебе зошто ти е проблем да им кажеш дека ти пречи?
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.913
    Еве досега кога имало вакви случки, не сум правела ништо. Се правам дека не го приметувам. У случајот кога ми чепкаше, само прибрав телефонот у ташна и ја држев ташната у скут додека ова ја чепкаше, јас само со поглед ги барам родителиве. На детето нема што да му правам цуци буци муци зашто едноставно не ми е никаква должност.
    А не знам зашто рандом човек треба да ти укаже дека твое дете е твоја одговорност и нормално дека пречи, дури и да не каже другиот. Common sense e да одиш и да тргнеш дете и да се извиниш, како да ти кажам.
     
    На Feminka22, Safira26, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.