@Munchmallow20 да се разбереме, нема што да се објаснува. Твојот личен простор си е твој личен простор, и никој не смее да ти го ремети раатот, факт. Не би дозволила мое дете да ремети некој па што да е. Дури сум имала примери и кај што ќе ми речат, ако остави ги не ми смета, јас сепак ги тргам, оти треба да научат дека не е културно. И да, не учат од еднаш. некогаш ќе треба многу пати да им се повтори, ама во право си, НИКОЈ не смее да ти се упикува на маса. Ако родителите дозволиле, и не реагирале, тоа е голем пропуст од нивна страна.
Нема 5годишни 'невоспитани' деца, има неодговорни родители. Односно, не е проблемот во децата, туку во родителите.
Не се работи за децомрзачи (ако ме ставивте во таа категорија), напротив имам толеранција за деца, трпам туѓи деца, ама навистина многу од родителите не им се посветуваат. Пример, на една свадба во ресторан, ова беше поодамна, сите играат на оро, а 2-3 немирни деца, почнаа да се буткаат под масите доле, да се кријат, па дури родителите ги нема, келнерите ги викаа да не прават неред.
Aма оти одите оф топик? Нели има тема за невоспитани деца по свадби, кафичи и сл? Нели ова беше за друго?
Леле темата кај ја однесовте. И да е некоја мајка, та ќе е пак „стручна“ за своето дете. Ама друго дете ќе му е „предизвик“. Пак од „едно“ гледање нема да знајш какво е детето и каква му е домашната историја ни ако си мајка ни ако си немајка. Така да од таму многу е тешко да се кажи дали дете е „воспитано“ или „невоспитано“ оти имало тантрум, ти дошло на маса, или прашало прашање кое е непријатно ( пак ќе се вратам на првото мое мислење, низ прашања и игра децата учат пред се). Мајка не сум, туку сум психолог и работам со деца. И некогаш му кажвам работи шо ќе ги забележам на родителите да видам како тие гледат и ќе ми речи „абе да прај понекогаш така“. Ама абер нема зошто. И океј е то. Зато сум јас тука, немајка ( ), да му кажам зошто и заедно као сила да видиме шо се случва. Џоукс асајд посекако, се смеам пошто само зошто си нешто ( во случајов родител) не ти е некое максимално ниво на разбирање па нечие друго мислење да е невалидирано. И онака како концепт на црно- бело размислување кај возрасен ми е интересен. Ни пак јас од друга страна, јас јесте професионално ова ми е, ама ко ќе имам дете дома по цел ден, а не само на неколку сати е скроз друг аспект, и искуство. И то е убото. Се е искуство. И се се учи јбг. И по некој сат, и по цел ден. И ко ќе се невалидизира мислење оти некоја е немајка, еве се надевам не се лутиш @Feminka22 ќе те земам за пример пошто видов тебе то ти беше речено, не знајме дали помал брат/ сестра дали нема растено од ко била 10. Дали е дадилка в комшии или можи психолог, дефектолог и слично. Искуство, од многу аспекти, се стекнува на поќе начини. Само се нешто внатре ми вели дека ова е скроз друга тема и дека е офтопик муабет. *се крие* Заклучок ми е, let's not gatekeep topics.
Секој човек се рага со карактер... што велат старите ОД БУВ СОКОЛ ИЗЛЕВА. Не сметам дека на дете треба мало да му се замери ако трца скока или скрш нешто додека е мал. Некои се мирни некои не. Знам родители што мака мачат ама такво е детето. Сметам дека може да се влијае од страна на родителско воспитание ДО ОДРЕДЕНА МЕРА како дете се однесува со другите. Тоа не го учи детето од лекција или кракакње/дерење туку од тоа што гледа како родителите се однесуват мегусебно и спрема другите(незавнисно дели е бон тон или глумење власт ако се родители со финансиска моќ). Во серијата Inventing Anna ( тие што ја изгледаа ке сфатат не што мислам) ,имаше добра реплика на мајката кога и правеа интервју бидејки мислеа дека како последица на однсување или постапки на родители детето се креира и таа е станат таква , беше во стилот : Имаш дете што ке го родиш и е твое, а имаш дете што ке го родиш гледаш ке му даваш љубов и ке го чувстуваш како странец.
Ако изреагира со хумор и насмевка, тоа истото дете ќе сфати дека тоа што го прави е забавно и добро и ќе продолжи со истото. Рамнодушна ќе бидам, ама сигурно нема да му се смеам и да му ракоплескам. Денес ќе му рече на возрасен со сколиоза "Грбав си", утре на другарчето во градинка или школо ќе му каже нешто навредливо и така ќе тера. Возрасен нема да се навреди, ама дете, голема е веројатноста да се навреди. Децата не се воопшто криви, криви се родителите што не реагираат, туку се смеат и го оставаат да го повторува постојано истото. Минатото лето дете (околу 7 години негде имаше) на лулашки покажуваше среден прст на кого стигне, после почна на возрасни да им вика "ќе те убијам". Буткаше деца, се пентареше на места кај што може да падне и да се повреди. Мајката лабаво на клупа си седеше и мува не ја лазеше. И како што ве читам во темава, сигурно и ова не е ништо страшно, се изразува со свои зборови и тек допрва ќе учи што е добро, а што лошо. Премногу работи мешате у темава. Не е тема на муабет тантрумот и врескањето на тригодишното дете, туку дете што можеби несвесно навредува, а родителите не реагираат. Нема да пишувам какви зборови користат 9 годишни деца и како се однесуваат со другарчињата затоа што гледам дека не вреди. Само ќе кажам дека тоа што го зборат на таа возраст не е зашто во моментот така им текнало, туку од мали нозе не се научени на тие основните работи. И да, има многу луѓе кои не се родители, а сепак се педагози и психолози, па многу подобро ја знаат психата на детето од некој родител што се смее ако детето му пцуе или навредува деца или возрасни, зашто нели, хехехенце, остај го, детенце е.
Многу деца се невоспитани, премногу. Родителите често велат, дете е, како оправдување за невоспитанието. Па баш дека е дете, треба да научи како да се однесува. И да, се гледа невоспитано дете и воспитано. Посебно од најмалите деца може да се види односот дома каков им е. Значи за дете од 6 години не очекувам да се качува по маси, да ремети други луѓе во ресторан, а уште помалку очекувам родителите да не направат ништо за да го спречат тој циркуз.
Леле темава каша попара. Едниве читаат статии за развојни фази, другиве експерти без искуство. Тешко на децата, ги побудалевте.
Си претерала премногу со дрскоста во темава, што дури преминува и во безобразно. Прво и јас сум млада, а сум и мајка. И ќе пробам да ти ги објаснам работите затоа што скокаш "како прле пред магре". Од аспект на млад човек, и девојка што сеуште не е мајка те разбирам, и мене ме нервираа во некој теми кога ќе кажеа "не си мајка не знаеш". Да си ги копам сега мислењата во некој теми од порано сигурно ќе се шлогирам, ама делумно памтам што сум пишувала. Истово мислење што го имаш сега ти и што го зборуваш го зборував и јас, до душа никогаш не сум се изразила со "дечишта" ама нејсе. Да јас воопшто не бев и сеуште не сум дечарка, не сакав деца, ме иритираа невоспитани и разгалени деца. Е сега од аспект на мајка, имаат право за тоа што ти кажуваат "не си мајка не знаеш", затоа што од кога ќе станеш мајка буквално се ти се менува, и некој работи тогаш ги разбираш што сега не можеш. Исто како на пример некој да се изгори и ти кажува тебе 'немој ќе се изгориш' ама ти не знаеш воопшто што е тоа да се изгориш и го правиш тоа, е после ти е јасно, исто ти е и со мајчинството. И не е тоа кажано во смисла јас сум по паметна од тебе затоа што сум мајка, туку дека има искуство во тоа што ти немаш. За искуство со деца не можеш да го земеш детето на комшијата или на братучед што во денот го гледаш по 1-2 саата, со своето дете си 24/7, како се развива тоа, така и мајката со него се развива и учи се постепено, и да влијаат многу работи врз детето да се однесува несоодветно понекогаш. Ама ова не е сега дека ги бранам децата или слично. Факт е дека има премногу разгалени и невоспитани деца, и од генерација до генерација се повеќе се зголемува бројот на такви деца, проблемот секако се родителите затоа што не знаат да постават граница. Да, полесно е да го седнеш детето пред тв или таблет и да гледа цртани, отколку да му се посветиш, и за жал повеќето деца денеска се вака растени. И на крај до родителите е, не е до децата.
Јас за ова те поддржувам ептен, дете се учи на се, ама родителот е тој што треба да реагира. Личен простор си е личен и никој не треба да ти го загрозува. Дома може да скока по кревет да отвора фиоки, шкафчиња, ама пример кај други не е дозволено, не е дозволено ни да зема нешто што не е нејзино, дури ни кај моите (баба дедо). Додуша малечка е не знам колку сфаќа, ама штом веќе си прашува: дали може да го видам ова, да го допрам, земам итн, веројатно си сфаќа по малку барем. Поаѓам од себе најпрво, јас сакам и деца и се, ама стварно не сакам еве пример, на гости да ми дојдат и да кршат (не зборувам за несакајќи), да ми отвораат фиоки, да влегуваат во соби, во спални и се да чепкаат. Не сакам и не дозволувам ни на моето да праи така. Може они не знаат како се чувствуваат други (постот на @Cosmic Girl , фала ти, супер објаснето, ако ме видиш да грешам во постови во врска со моето дете, би сакала да ми кажеш, би ми значело многу), ама јас знам како би се чувстувала кога би била од другата страна и не сакам да биде некому непријатно. Крај краева, ако гледаш не реагира родител ти реагирај со збор, мирно, со убаво, со насмевка. На претходна седенка со роднини, малава со братучедките (истите кои ги спомнав и во претходниот пост) си играше, се закараа со едната која е 9години кој да ја олупи мандарината, на што внука ми 9годишна и се сврти на мојава 2ипол години и и рече: ороспијо?!?!? јас бев втф, а родителите мува не ги полази иако слушнаа, и почнав јас, каков ти е тој збор, некултурно е бла бла, не смееш да кажуваш тоа, и од кога се изназборев мајката бледо ме гледаше па ја скара откако обрна внимание на мене, а не на девојчето што рече во моментот. Ќе речам дека е невоспитана, зборува се и сешто, не знам ни кај ги слуша тие зборови, и ќе кажам дека и ќерка ми ќе е невоспитана ако кажува такви зборови. Како прво јас никогаш не сум слушнала таков збор од нечија уста да излезе, некој некому да се обрати така, а камоли да го изговори 9годишно девојче. Клучен е родителот, никој друг. Секое однесување треба да биде корегирано од родител, стојам зад тоа. Не можеме да сме секаде во секој момент до нив, ама кога сме со нив, треба да се обрне внимание шго прави и зборува дете и да му се објасни зошто не така итн. Може не сфаќа во моментот зошто баш така и зошто не тоа, ама ќе си сфати со тек на време, кога ќе си ги има годините. И сите родители грешиме и имаме пропусти некаде, на сите некогаш децата ни се претвораат во демони како што кажа една членка во темава, ама се си има причини и позадини, ама самото дете не е криво...
Еве ме и мене во темава, да и јас сеуште не сум мајка (уште малку здравје боже ќе биде и тоа ) ама мислам дека децата не се криви, туку родителите. Еве еден личен пример, имам внук (11 години) дете со посебни потреби (не зборува, малку потешко оди...), и да тоа беше лани летото, (он имаше 10 години) го земав со мене и го однесов во паркот, во нашата општина, дечиња на сите страни играат, спијат, јадат, јас седнав на клупа а внукот до мене и му давав смоки и до нас дојде едно многу слатко детенце (6-7годинки), ме праша зашто внукот не игра со нив, па зашто не зборува, зашто носи пелена, да јас полека му објаснив дека он не знае да зборува и дека ако му зборуваш се разбира (мислам не се навредив од детенцето ништо) и така си разговаравме и детенцето седна до внук ми па сакаше да му дава смоки да го рани, не се противев дозволив но му објаснив ддка може внук ми да го удри (нели нормално он незнае да каже па реагира така) и се беше ок додека не дојде една МАЈКА (односно мајката на детето) не го собра со зборовите " Што седиш до него, нели гледаш дека е ретардиран" и почна да го влече да си оди, детево плаче се тегне за да седи до внук ми, она не, го влече и го однесе на другата страна од паркот, јас останав да седам и незнаев како да реагирам на тоа, за да после кога тргнав да си одам на другарките нејзини што беа до неа седнати на клупата не им кажа "Бог да чува, мајка да не може дете да остави да се лула од тие што носат ретардирани во парков" преќутев на тоа и тргнав да си одам, нејзиното детенце дојде и се поздрави со внук ми и ме праша кога пак ќе дојдам со "ретардираниот" за да јадат смоки заедно. На кратко објаснив да не пишувам реферати, ама сепак детенцето не беше криво, крива беше мајката затоа што според мене му стави лоша слика на детето во глава за децата со посебни потреби, а тоа не е прв пат од таа мајка да се пожалат и други, ако таа така изреагира за во парк, како би изреагорала за во школо каде што има многу такви дечиња. Се мислам дека е до родителот, ако таа како и другите мајки кои беа таму и нивните дечиња седеа и играа со внук ми, реагираше правилно никој немаше да биде навреден, на тоа детенце не му замерив (мислам едно мало човече што беше љубопитно и прашуваше) што ќе биде кога ќе порасне со таков родител, јас се навредив најповеќе од мајката. Сега еве кажав една случка што мене ми се има случено, а рачунајте дека тоа детенце утре ќе порасне во некултурен човек, бидејќи мајаката немаше време да му објасни и реагираше бурно на некој кој е поразличен, затоа мислам дека децата не се криви криви се родителите.. Еве мајки ако грешам кажете слободно. Мислам дека јас колку се навредив толку повеќе ќе ја болеше мајката на внук ми да беше со мене и да го чуеше тоа. А не само ние знам многу примери каде децата (онака мали и искрени) ќе кажата па тато - мама ми кажаа да нд си играм со него зошто е таков и таков...
Дојдов само да кажам дека @Feminka22 е скроз во право кога ви вика дека не можете како аргумент да го користите тоа што не е мајка, ако сметате дека не е дорасната на дискусијата, не ѝ реплицирајте или пријавете навредливо мислење. Еве и јас не сум мајка, па имам мислење на темава. Јас како дете бев превоспитана, културна, ама тоа не е секогаш позитивно. Не знаев да се изборам за себе, не знаев да покажам заби, па тоа морав да го учам покасно и некако вештачки. Далеку од тоа дека е ок на некој да му кажеш “ретардиран”, ама не е убаво цело време детето да се учи на послушност. Па дури и кога се работи за наставник, целосната субмисивност на детето може да биде злоупотребена, што мислите како се случуваат сексуални злоставувања на деца? Детето се срами и плаши да не му удоволи на возрасниот оти од дома е така научено, дека треба да е послушно. Најчесто страдаат тивките деца. Затоа сметам дека една доза на бунтовност, личен интегритет, па нека биде и невоспитаност е добра и во односите со другите деца и во односите со возрасните.
Ама најјаки им се аргументите ,,ти си дете не си подобна за дискусија” ,,немаш дете не знаеш како е” Окк
Не е толку поентата дека немаш дете, туку дека 80% од тоа што го мислиш сега ќе се смени ко ќе добиеш дете. Ти гарантирам. Сите сме мислеле јас ко ќе имам деца вака нема шанси, моето дете вакво нема шанси да е, јас вака, јас така, ама на крај многу работи што не си сакал ќе ти се случат. Не зборувам за невоспитаност и разгаленост, зборувам за сите пропратни ситуации кои доаѓаат со децата и нивниот развој. А иако сметаат сите дека децата се огледало на родителите, што се сложувам до негде, да не заборавиме дека сите си имаат свој карактер. Исто воспитувани деца пример близнаци нема да израснат во исти луѓе. Нема да се ни исти дури се деца по карактер. Сите ќе сте мајки некогаш, секако ако сакате, и ќе ви покаже искуството тогаш дека теорија и реалност со деца не е исто.
Знаеш колку е глупо во дискусија на некој да му речеш “ќе ти се смени мислењето, ти гарантирам”? Или дискутирај или не го понижувај соговорникот.
@Peanut Butter што е глупо и навредливо во тоа што го пишав? Мое мислење од мое искуство е дека ќе се смени, не мораш да се согласиш.
Ама едно е да кажете ,,кога ќе бидеш родител подруго ќе гледаш” А вие ,,не си мајка не знаеш” Ок? Титули за мајки ајде