Ај по ред. 1. Феминка кажува став 2. Ти не реплицираш на нејзиниот став со контрааргумент, туку ѝ викаш дека ќе ѝ се смени мислењето. 3. Како треба да ти одговори Феминка? Едноставно си офтопик, нема ти што некој лично да го анализираш дали ќе му се смени мислењето или не, едноставно дискутирај на темата, другово е личен напад.
@Feminka22 немам нигде пишано така, ти објаснувам од моја гледна точка на што се мисли со кажаното. Барем во мој случај беше така, еден пример е со тантруми кај деца. Ко почнаа кај моето дури сфатив дека не е невоспитаност, туку многу честа фаза кај децата на таа возраст. Ама се консултирав и тука со поискусни мајки и со стручно лице. Инаку ко помлада може сум ги гледала мајките чудно во маркети ко ќе се влечкале децата по земја и сум рекла нема да го дозволам ова. Мојот тоа го праеше за невозможни работи пример зошто е таа боја некој предмет, а не друга. Со тек на време си помина фазата, како сите други. @Peanut Butter тотално не ми го разбра мислењето. Само кажав дека не велат членките претходно дека не е мајка за да ја навредат, туку дека не е исто пред и после добивање дете мислењето за одредени работи. Не реплицирав на нејзиниот став воопшто.
Не мислев на тебе ако реков ,,пишеш” Се испобунив Не ни пишав така горе Нема везе Воспитувајте ги како сакате ми е гајле, ваше олицетворение се, не мое.
Без разлика, едноставно е офтопик и треба да се извиниш, може не си мислела да ја навредиш, ама навредливо е, ти објаснив зошто во претходните постови.
@Peanut Butter за што да се извинам дека од сопствено искуство мислам дека ќе и се промени мислењето ко ќе има деца за некои работи? Ако сум офтопик нека ме избришат, коментирам тоа што е пишувано на претходните страни, не знам зошто ти се најде прозвана. Не сметам дека е навредливо воопшто мислењето.
Ок, јас мислам дека тебе ќе ти се смени мислењето и дека на 50 ќе откачиш и ќе си фатиш помлад швалер, млада си сега, зафатена со децата, мислиш сѐ на светот се децата, ќе сфатиш со тек на време дека треба да се забавуваш. Сфаќаш сега? Што ако ти речам вакво нешто? Ок е? Како пример ти го давам, знам дека е офтопик. Темата е таа, почитувај го соговорникот и дискутирај со аргументи, немој да ја предвидуваш иднината на некој. Не се најдов прозвана, читав, глупо ми беше, напишав. Немам право?
Тоа другарките твои горе, моево последно е зафрканција, пошо истото ми го рекоа.И сега низ нос ќе го вадам на темава
Тоа е кога ќе речеш се нема искуство, се гледа. Сте виделе 2 ситуации и ги верглате во сите теми. И тука на тема сосема различна истото ама јас на свадба кога бев, ама јас в кафич кога бев и тоа е, едни невоспитани шо имаше… и тоа е. Следно кај темата за одвикнување од пелени одете пишете за на свадба ко сте биле какви дечишта имало. Оти ако знаевте конкретно да пишете за оваа тема, ќе дискутиравте и немаше толку страници оф топик да бидат. Па уште увредени оти им се рекло не знаеш… па не знаеш оти ако знаеше ќе дискутираше на секоја тема башка како што треба, немаше тие два муабети сосема неповрзани со темата да ги тупиш десет страни. Ама тоа е нека се собираат мислења и лајкови за трофеи, шо има врска шо се збора, да се пише нешто. Наместо да се дискутира за детските коментари, прашања, како да се реагира на тоа, како да се препознае дрскост од љубопитство, да се научи нешто повеќе за ова, за самата фаза и како да не премине во навика, ние ќе тупиме како дечиштата се невоспитани гремлини што трчаат по свадби.
Многу ти е контрадикторно мислењето, сега според тебе добро е деца да се малку невоспитани и колку е тоа? И прочитај ги пак одново мислењата на @Feminka22 на темава, никој нејзе не ја навреди ниту ѝ кажа дека е недорасната или дека немате право на мислење затоа што не сте мајки, не си измислувајте. Сите навреди што ги изнапиша и начинот на кој е напишано не е одлика на некој кој почитува соговорници. А кога ќе кажете еве вие сте најмајки, совршени и слично, се пропратено со сарказам, може ви стои дека е аргумент сѐ што ќе ви послужи за да понижите некој во дискусија, но не е и кажува многу за вашиот интегритет.
Еве и јас како не мајка да се произнесам. Децата се огледало на родителите - барем така велат. Сите ние сме биле деца и знаеме како не воспитувале. Како си воспитуван малтене така и ќе воспитуваш. Во какво семејство детето расте во такво и се обликува и самото тоа и го смета за нормален начин на живеење. Пошто немам дете ќе тргнам од моето детство. Кај мене во фамилија никогаш ама никогаш не се употребувале навреди ( курво, ретардиран, грбав, итн) ме учеле дека доколку сакам нешто прво се прашува - Може ли да го земам тоа .... да имам почит кон постари. Никогаш ама никогаш немало викање на висок тон, а уште помалку кршење или навреди. Секогаш ме седнувале и преку разговор ми објаснувале што е добро што не. И денес тоа што за други е нормално, за мене може не е. ( не е нормално мало дете да употребува пцовки , а тоа го слушнало од најверојатно најблиските ) и ред други примери На секое дете му треба објаснување пошто тоа не знае зошто ова е добро а зошто лошо. И да, не знам како е да имаш дете, но знам јас и тие околу мене како се воспитувани, па мислам дека полека учам што како со дете. И за крај децата не се виновни, ниту само мајката е виновна, подеднакво се вниновни и двајцата родители.
^ Децата не можеме да ги "заштитиме" од погрдни зборови или пцовки, да не слушне дома ќе го чуе тоа надвор од некое друго дете или од некој возрасен, затоа што врз детето не влијаат само родителите туку и целата околина. Е сега е клучниот момент, што кога детето ќе научи нешто вакво и после дете ко дете го повторува тоа цело време затоа што му е нешто ново. Пример да е дете од 2 години и да сакаш да му објасниш дека не е во ред тоа да го кажува, воопшто не може да те разбере што ти му објаснуваш, има премногу мал фонд на зборови што ги употребува и разбира, некој деца и воопшто не зборуваат на 2 години или само по некој збор. Е доколку е поголемо дете и може да разбере што зборуваш, после долго објаснување ќе се дојде до целта, а колку тоа ќе вроди со плод зависи од детето најмногу. Ова повеќе го кажувам за поназад што имаше мислење дека децата се воспитуваат од 8 месеци. И нека не се полни темава со офф топик мислења и препукувања, нема потреба. Нека се дискутира исклучиво за развојот на децата.
Абе добро може на две години да го пратите детето во војска и после таман на пет години ќе биде ултра културно воздигнато. Инаку баш во тоа време што го иделизираат некои од вас се подразбирало дека воспитано дете треба да е мирно како лист, едноставно дете без глас.И јас што сум 21 година, (значи не толку одамна)во моите генерации кога бевме помали истото се очекуваше.Сега фала богу помладите родители си тераат нови начини, онака сите имаме многу поразлични видици и знаења и мило ми е за тоа. Јас лично не можам да кажам дека нешто обожавам да седам со деца, ама не ни очекувам да се однесуваат на некој посебен начин. Плус, тоа качување по маси во кафана и реметење странци како го преувеличувае, како да секој ден сте сведоци на деца што урлаат во ресторани, а нема врска не е толку често.
Дете од 5 години е љубопитно, учи од она што го гледа околу себе и нормално е да прашува и коментира. Децата се искрени, што им е на ум, кажуваат, нема кај дете прикривање. Од каде да знае дете што треба да каже а што не. И сигурно дека нема од 5 годишно дете некој да се навреди. Е сега, дека треба родителот да му укаже дека нечиј изглед не треба да се осудува, треба. Ама ова конкретно, не е невоспитаност. Невоспитаност е поголемо дете да ги навредува свесно и намерно другите. Детето, додека е уште мало, многу пати ќе згреши или ќе каже работи додека да се научи како и што е правилно.
Можеби децата на 5 години се љубопитни прашуват и се' тоа, но родителите се тие што треба да му укажат на грешката за да не ја повтори. Но да не заборавиме, има и родители што се однесуваат така и што самите ги учат децата дека некој заслужува да биде навредуван врз основа на физички изглед и сл. Баш кај малите деца мозокот е како сунѓер и впива се'. Ако им се каже, ќе разберат. И петгодишно дете е доволно големо за да разбере. Ако мое дете навреди некого, нема да останам рамнодушна, туку ќе му кажам дека тоа што го кажа не е во ред и дека сите сме различни и да ѝ се извини на личноста на која ѝ ја упати навредата. Сигурно нема да му викам и да го тепам. И мене ме нервира тоа „Не си мајка, не знаеш“. Не ја исклучувам можноста дека кога ќе станам мајка, многу работи ќе се сменат. И вистина е. Точно, не сум мајка. Но сите сме биле деца и знаеме како бевме воспитувани и како да (не) ги воспитуваме нашите деца во иднина.
Ја уште не сфаќам што е тешко да му кажеш на детето да не збори такви работи? Точно е дека се љубопитни, и ја сум била, сум рошкала по шкафови дома. И памтам еднаш учителката од градинка ја нареков по име, Маре.И мама ми рече ,,не е Маре, туку е учителката Маре, не ти е другарче од градинка” И си го врзав во крпче. Убаво рече @mode-kristina , мозокот им е како сунѓер, и впива сѐ.Може нема одма да се реализира тоа што сте кажале, ама детето сигурно запамтило.
Ми се случиле ситуации каде што сум се осетила навредено од коментар на дете од 7 години, пример само што се породив и детенцето ми вика ама ти уште си дебела, никој не направи ништо за да му укаже на детенцето дека откако ќе искочи бебенцето мешето полека ќе се намалува а не одма инстантно. Друг случај на плажа, истото детенце на возрасен покрупен маж му вика леле колкави цицки имаш, и пак никој не реагира, освен јас дека е тоа некултурно да се кажува, и дека ние можеме да зборуваме само за да кажуваме убави зборови. Пример за љубопитност и наивност на мојава (3години) мамо зошто му се искинати патиките на она дете додека мајка му седеше до нас на клупа, и реков зошто тоа му се омилени патики и не сака да ги соблече и можеби мисли дека со нив побрзо трча, ама ти си дојдена на лулашки за да си играш со сите дечиња а не да гледаш како се облечени нели? Некултурно е да зборуваш зошто некој вака или така се облекол, еве ти тука си ишкртана со фломастер, сакаш некој да прашува зошто ти е таква блузата и да не си игра со тебе? Пример за невоспитаност на моето дете Не знаеш да ги наредиш коцките, да не си малку глупава? Па ајде прашања од каде го слушнала тој збор, дека тој е лош збор а лоши зборови не се кажуваат на други. Друг пример за невоспитаност или можеби не на моето дете Ќе те убијам, го верглаше како воденица на сите. Устава пена ми фати дека не е убаво тоа, дека така зборат некултурни и невоспитани дечиња. А она се кикоти и упорно продолжува, интересен и беше муабетот, на што и реков ако сакаш така да зборуваш треба да го кажеш убаво и целосно, ќе те убијам со бакнежи и после треба многу да го бакнуваш тој на кој што ќе му кажеш така. Па после јас и сопругот го слушавме долго тоа, додека намали кај другите (не сака да се бакнува) и сега целосно го заборави. И не, дури и на тригодишна возраст децата не се огледало на родителите, зошто имаат и баби и дедовци кои ги чуваат, имаат градинка во која воспитувачките зборуваат гласно и оговараат, имаат другарчиња од кои учат и тоа најмногу она што не треба. Факт е дека она што детето прв пат ќе го чуе и види (лоши зборови, пцовки, однесување) е многу поинтересно од некоја мајка дома која на глава стои за да го воспита детето да и биде културно. Уште еден пример, упорно и кажувам секој ден кога некој нешто ќе и даде се вика фала, благодарам а кога ќе згреши се вика извини. Доаѓаат гости и и даваат подарок и она ќути и и викам Антонија како треба да кажеш? И она одма благодарам и го отвара подарокот и трча по кревет со него, скока не се ни поздрави со гостите иако и кажувам дека треба да направи здраво, да ги праша како се, есноставно не ги ферма. После некое време и викам ајде да ручаш, ја седнувам на столче и ставам чинија и ми вика ти благодарам мамо, се најадува и им вика на гостите многу беше вкусно, да и се позлатат рацете ма мајка ми (гарант од алачки или од турските серии што со баба и ги гледаат кога ја причувува). Гостинот ја зема во раце а она пие сокче и се истури на блузата, ме гледа и ми вика ништо ништо мамо, ќе ги соблечеме, и ќе ги испереме и викам види го направи и чичко ... и го гледа и му вели аууу извини многу, не сакајќи беше, соблечи се и ти ама твоите ќе ги исушиме со фенот зошто немаш тука други алишта. И стана одма дава крпи за да се избрише. И сега што ќе кажат гостите какво ми е детето? Некултурно и невоспитано?
Јас имав скоро ситуација со синчето,има 4 години, доаѓа дедо му и да го гушне вика неможе смрдиш, се запрепастив, пуши цигари свекорот па ваљда тоа му замирисало, го искарав, главата му ја дупнав од зборење дека тоа не е убаво, дека е навредливо, дека така само прости деца зборат, и ме слуша, ме слуша, и ми вика добро мамо ама стварно смрди.Викам можеш да си помислиш не треба да кажеш, и по некое време му вика извини дедо, и ние сите среќни демек сум го научила нешто,и се смее син ми и пак му вика извини ама стварно смрдиш да знаеш и избега смеејки се.Деца се сепак, некогаш се брутално искрени.
Ете тоа е разликата. Пред да станам мајка и јас не рабирав како децата прават така вака, како не сакаат да се бањаат, да јадат, како може да плачат на плажа итн. Или како не се разбираат од збор кога ке им се каже. Ама откако родив едно мало човече со став, инает, карактер, емоции, почнав да разбирам. Не е лесно и едноставно да се воспита едно мало дете, кое впива се, и тоа што треба и не треба. Пред да станам мајка и јас се чудев ама веќе не. Ке видиш што се е потребно да израснеш дете кога ке имаш свое, не комшиското или на брат сестра роднини. Плус како минуваат годините ке созреваш, и за 10 години од сега ке видиш кај си грешела и дека си се жестела за џабе. Бев таму и сега ми е смешно каква сум била. На твои години и јас мислев дека знам се, и многу други го тврдат тоа. Не се сите деца со ист карактер, воспитување, влијание од дома итн. Има две опции, родителот да се труди многу ама се да му падне во вода кога детето ке слушне нешто од други, ама не негирам дека има родители кои не се трудат да ги воспитаат твоите деца.