Сето тоа што го напиша е точно, ама половично. Ти ќе му укажиш на дете, ќе разбере, ама утре за друго ќе праша... тоа е процес, не може со едно објаснување да ја сфати наеднаш цела логика за кои прашања се добри а кои лоши. Не е така едноставно, денес ќе го седнам детето, ќе му објаснам дека не треба да прашува незгодни прашања, ама јас не можам сите возможни ситуации да ги објаснам. Денес ќе шлупне едно, утре друго, ќе опоменувам дури развојно не стигне да сфати кои прашања се ОК кои не се. Не е тоа плукни залепи, процес е. Постојат и обратни ситуации... и тоа многу почесто. Дете ќе шлупне нешто од дома што не треба на други. Ќе рече, тато вчера прдна, хахахаха. Па ајде пропаѓај в земја, ќе му речеш, не е убаво така да кажуваш... ќе те праша ама ОТИ, па оти срамота е, па оти е срамота... па ајде објаснувај се дека прдењето е ОК, ама ако си го правиме дискретно, и дека дома е ОК, ама надвор не е..... па ајде ќе се отвори цел нов портал на објаснувања, па од не кажувај надвор што правиме дома, до дали прдењето е ОК или не е. Не е така едноставно да му објасниш на дете. Следуваат дополнителни прашања, дополнителни објаснувања. Па ај ќе се разбериш за прдењето да не кажува, и цела наука околу прдењето. Утре па ќе рече мама рече вака, баба направи онака... и тоа е тоа, секој ден ќе обкаснуваш дури не сфати. Некој па нема да се замара, нема да им објаснува, и тука ќе остане на природата дали ќе сфати само или ќе биде некултурно човече бев кочници кога ќе порасне. Не е ова филм холивудски, па ќе го седнам детето, ќе му објаснам на 4-5 години, се ќе сфати со 5 минути објаснување, и од утре ќе биде толку културно што со кралицата ќе може чај да пие. Тоа се процеси бе луѓе, тоа е цела наука. Педагогијата и психологијата се цели науки, педагозите и психолозите потрошиле векови за да проучување на детската психа, зошто мислите дека е така едноставно?
Сега ми текнуваат и други ситуации ,ми дојде другарка на гости околу 18.00 ч ама заседна, бидна 10.00 веќе на син ми му се спие, се нервира, 3 години имаше тогаш само што наполни, зема донесе пижами вика мамо ајде да спиеме, не спие со никој освен со мене, и вика на другарка ми ти треба да си одиш време е да се спие, збори со цели реценици од 2 години иначе, многу дрдори, и она пак си седи гајле нема, му облеков пижами и му викам легни тука во дневна сине тука заспи си, ми беше непријатно да ја оставам сама а од друга страна си го гледам детето кај се мачи и во право е, и он ми вика абе мамо треба заедно да спиеме, а треба и она да спие, нок е, нека си оди дома.На крај и се извинив го однесов у спална заспа одма, се вратив она си седи абер нема, епа кој е некултурен тука, мислам дека син ми имаше полно право и не го карав.
И јас ќе споделам пример баш интересен, и соодветен за детска искреност: Ќерката не можеше да ги каже Р и Л, одеше на логопед, за неколку месеци ги научи и ОК, супер, престанавме со логопед. Се наоѓаме со комшивче надвор, и си играат. Малиот не може да ги рече Р и Л. Ќерка ми му вика: Ти не можеш да ги кажеш Р и Л, зошто не одиш на логопед? Мене ме фаќа срам од мајката, незгодно ми падна, ексик. Незгодна тишина, морам да речам нешто. Што и да речеш ќе ја утнеш, ако речеш доста не прашувај глупости, не бива, да речеш да треба да оди, пак не бива, да држиш лекции пред другите и тоа не бива. Промрморив нешто онака како си знае мајка му како треба, ние нема што да кажуваме (пак ми беше глупо, ама морав нешто да кажам во моментот, иако испадна мајката си знае ама не си знае, хахаха, што и да кажеш нема смисла). Видов не видов викам ајде дома бегаме, татко ти ќе си дојде (да избегаш, јеби га). И дома: Јас: Мамичка, не е убаво да коментираш такви работи на другите. Таа: Зошто, мамо, на логопед е убаво, таму се учат буквите. Јас: Да, убаво е, ама не можеме ние да кажуваме кој да оди а кој не. Срамота е. Таа: Ама мама, и јас не можев да ги речам, ги научив, ти ми рече дека таму се оди за учење буквите, зошто е срамота да се збора за логопед. Јас: Aма мајката ќе си одлучи дали ќе оди нејзиното дете на логопед, ние не можеме за други да зборуваме или коментираме. Таа: А зошто мајката да не сака да оди детето на логопед? Нели сака и таа детето да научи? Срамота е да се оди на логопед? Јас: Не е срамота, убаво е да се оди, корисно е, ама секој си одлучува за себе, ние не можеме да кажуваме кој кај да оди. Таа: Ами оти ти на баба и рече да оди на доктор кога ја болеше главата? Зошто ти неа можеш да и кажеш, а јас не можам да кажам за логопед? И да не должам, ја сфативте поентата, тоа беше долг разговор за логопеди и доктори и што е срамота и што не е... не верувам дека во иднина ќе каже некому дека треба да оди на логопед, ама нешто друго сигурно ќе шлупне и пак ќе се најдам и јас и другата страна во незгодна ситуација.
@jacqueline.s најзафркнато е ко ќе треба да објасниш зошто нешто не е општествено прифатливо, а претходно си му го презентирал како добро. И тука пак родител најчесто се навредва. Брат ми е со атопичен дерматитис, и основно учеше и седеше до чупе со мајка дерматолог и чупето го гледа ко беше воспален и му вика "ти ќе одиш кај мајка ми, нели те боли, не можи вака". И искрено, скроз можам да видам некој шо ќе се налути за то али ние го однесовме кај мајка ѝ. Поентата ми е, сепак е добро и во право е детето ама возрасни можат да го интерпретираат како мешање. Ама па ако коментар од дете го интерпретираат ко мешање, шознам, проблем е нивни. Не е ко ти да си ѝ рекла на твоето да му речи така на детето, едноставно си ја носела на логопед, виде самата колку е полезно и скроз невино го шири то. Исто и девојчево, знај мајка ѝ шо работи и рани и црвенила на кожа сигурно болат, па невино сака да поможи. Мислам дека ко возрасни некогаш ги преразмислуваме овие работи. Без потреба. Те цитирам тебе ради случката, се насмеав ептен. И само се надоврзав со мој пример пошто така е јбг.
Знам, затоа и велам, таа мисли добро вели - јас сега не можам целосно да го пренесам моментот, ама му се запна на детево за логопедот, два три пати повтори, - јас не знам кај да се гледам. Шо и да речиш ќе згрешиш, хахах.
Бравос за тебе, од прва си сватила. Има некој деца не се толку “бистри” па треба да им повториш неколку пати пред да разберат и еден од тие пати ќе слушне некој/а како тебе и ќе објаснува по форуми како децата се невоспитани
Јас никогаш не кажав “најмајки”, не ми ставај зборови во уста. Во однос на прашањето дали децата е добро да се малку невоспитани - поентата беше да не бидат слепо послушни и преплашени од возрасните, читај, ќе разбереш. Значи, да не се заќутуваат ако згрешат и навредат некој, туку да им се објасни. Друг пат те молам прочитај ме пред да ме цитираш.
Децата се сунгери и се впиваат и добро и лошо, секој ден учат, и дур кога се чини дека во момент несакаат да послушаат пак им влегува во глава.Мојот син е многу бистро дете, почна многу рано да збори, од две години разговара со полни реченици а сега на 4 воопшто не затвара уста,плус хиперактивен е, не застанува секунда, постајано трча, скока,не се срами , и верувам дека делува невоспитано во одредени ситуации. Секогаш има луѓе кои се нервираат од мали деца и кои даваат недолични коментари од типот детето ти е невоспитано и слично, или пак коментираат пред други луѓе.Јас и маж ми со нашиот син работиме на принцип позитивна дисциплина, јас не дозволувам моето дете да се плаши, нити сакам да го скротам, ама пак е добро дете и јас не го сметам за невоспитано.Сум имала коментари дека требало да го тепам за да се смири, да не трча,да не се закача и ги игнорирам, дури и ги избегнувам тие луѓе. Децата треба да се слободни, само да знаат за граници, што е прифатливо што не е, тие границите ги учат постојано, само треба многу труд и посветено време, џабе да го искараш ако каже некоја навреда ако не му објасниш што значи тоа.
Ми текна сега една случка од одмор, пред околу 7-8 години бевме на одмор во Грција и со една другарка ни текна да се сунчаме топлес, таман се осмеливме, наидува група деца што излегуваат од вода и тоа поголеми беа сигурно од 6 до 9 години и не видоа и сите прснаа да се смеат, викаат види цицкииии, и машки и женски беа 5-6 деца, многу беше смешно, не се навредивме, си ги прибравме цицките во купачи да не забавуваме деца.
Топлес можеш да се сунчаш секаде, на плажа за нудисти се сите голи.Имаше и други со голи цицки замисли меѓу деца? Иначе детето мое го доев до 2 години, сега ми текна уште една смешна ситуација, исто бевме на плажа и имаше една србинка исто гола по цицки на палжа со деца, беа лежалки до нас, и син ми ги слуша дека зборат нашки, и ја прашува со прстето накај неа а таму цица ли некој, јас цицам кај мама?Се насмеа жената, рече дека више не цица никој,ми беше урнебесно смешно, и мене и на нив, и што да му кажеш на 2 годишно дете?
Нема врска. На било која плажа можеш да бидеш топлес. Ако ги учиш дека е срамота да се гледаат голи цицки, така и ќе мислат. Маж ми има цицки колку мене, па никој не му се смее на плажа оти му се гледале цицките.
Абе не знаеш како ќе реагира, секое дете е различно и не знаеш шо може во моментот да осети. Реков со хумор, зашто е подобро него да ако реагираш негативно-да се намрштиш, или му свикаш на туѓо дете може да ја писне да плаче и да се исплаши. Зборам за мало дете значи еве макс. до 5 години нека е..Боље да не реагираш никако. Еднаш дете под 5 години на каса стои за раче фатено со татко му во ред зад црнец. Детево го гледаше и се чудеше, стиснато во татко му. По некое време срамежливо ама на глас го прашува татко му „тато, ова ѓуптин ееее?“. Црнецов го разбра детето што кажа, очигледно знаел македонски. Се насмеа само, не му рече ништо. Сите што слушнаа во маркетот неможеа да се воздржат да не се насмеат. Стварно беше смешно кажано и ненадејно. А реално и ѓуптин е навредлив збор за ромите, ако така гледаме. Татково менуваа бои од срам, му објаснува тивко не, не е, не е убаво така да прашуваш. Замисли да му се свртеше да изреагираше со лошо, ќе го уплашеше ко што се стегаше да праша, може и за цел живот после ќе мисли дека тие со темна кожа може да се лоши... А факт е дека ако не изреагира родителот утре истите грди зборови ќе ги каже на другарче, на дете и сл. Децата треба да се учат на емпатија. А тоа се учи баш во такви прилики кога ќе се соочат со други кои се различни од нив, кои се во некоја ранлива категорија и сл. Бидејќи не може детето да се стави на место на другиот и да сфати што тој осеќа кога ги слуша тие зборови, ние ќе му помогнеме да го направи тоа кога ќе му објаснуваме зошто не е убаво така да зборува. На пр. ќе му кажеме да проба да си замисли како тоа самото би се осеќало ако некој му се потсмева за изгледот. Или ако сме имале некој пример од претходно каде нешто слично му се случило на детето, ќе се повикаме на него: „памтиш тогаш како ти беше кога тој и тој ти кажа вака, колку беше тажен/на итн.. “. Само со конкретни примери ќе разберат на таа возраст. Со време ќе научи секое дете, иако се сите посебни. Моите деца за емпатија беа баш различни. Ќерка ми премногу емпатична, стално ја учев да не си зема се на себе и при срце, зошто за тажна случка на некој друг лик можеше да плаче цела ноќ. Син ми пак скроз обратно. Многу често имав дешавки со негови другарчиња затоа што не го земал во предвид тоа што го прави и кажува како им делува на другите. Сосема несвесен како му делува на другиот. Буквално го учев кога почна на училиште дека со девојчињата треба да е повнимателен, дека со децата кои се со некаков физички недостаток, послаби во оценки, со некаква повреда на пр. или со посебни потреби зошто таму се сретна баш со такви дечиња. Него не му беше однапред познато дека треба да има различен однос кон различни деца. На почетокот на пример ако групно некое детенце од школо го закачале другарчињата и тоа го гледал, доаѓаше дома прераскажуваше и кажуваше дека не реагирал никако. Не знаел како треба. Па ајде објаснувај дека не е доволно само да не му се потсмева како другите, туку дека треба и да направи чекор понатаму и да го одбрани од другите. Зашто ако еден од групата (особено ако е популарен член на друштвото) им рече ајде остајте го раат, доволно е. Еднаш другарка со повредена нога го прашала да седне на столчето до него, и рекол го чувам местото за другар. Девојчево навредено, а овој мојов појма нема зашто му се лутела. Како од Марс да беше паднат. Немал ништо против неа, не бил груб кога и кажал, не зборел луто, само искрено, пошто нели, таа прво го прашала и кажал, конечно тој само си сакал со другар му да си седи како што се договориле двајцата. Не му личела дека се навредила, си седнала до др. девојче без проблем, немало лоши последици, абе мислиш уште и услуга и направил.. Значи до толку неспособен да се децентрира од својата потреба и да увиди заради која причина девојчето бара да седне, односно дека најверојатно има болка или и е тешко да оди подолу. Јас се изнервирав. Не ми се веруваше, пошто и не беше веќе претшколска возраст. Тоа го сфатив како лично наш пропуст како родители. Па седнавме да објаснуваме дека кон ранливи категории треба не само да е попустлив, туку и да им помогне и ако побараат и ако не побараат. И последиците му ги објаснивме, пошто поголем е може да сфати. Му кажавме дека ако така се постави, утре и тие деца ќе имаат резерва кон него и нема да му помогнат ако тој има потреба од помош. Некои последици не се одма видливи. И така и беше, после се покажа дека сме биле во право.
Точно. Не мора да си родител за да знаеш што се манири и што е а што не е културно. Правилата се исти за сите припадници на една културна средина. И точно е дека се сите одговорни за зборовите што ги прекажуваат децата. И тие што ги чуваат, и во градинка тие што ги учат, и на тв тоа што им го сервираме и во друштво што слушаат од другите деца (а тие пак од своите дома..). Како беше она со кругот - сите сме во него.. Моите деца не слушаа пцовки од нас, но слушнаа прв пат од турска серија. Ќерка ми на три-четири години не знаеше ни што е „ороспија“, не знаеше ниту да го изговори правилно, ама го чула на турска серија и еднаш во игра цела насмеана ми вика - роспиа една. Јас сменив одма израз на фаца и викам што рече!?. Таа кога ме виде намрштена почна да плаче, со раче ја покри устата. Мислела дека е добар збор! Добар збор еј! Па ајде објасни на дете мало што е ороспија, кога уште ни секс не разбира што е...не па секс за пари...
Дај престанете со тоа не си мајка, не знаеш. Не ви е добар аргумент.Не ви е ни аргумент. Не мора да родиш за да знаеш како дете се развива карактерно.Животот дава и други можности за да искусиш. Заборавате дека некои живеат во заедница и 24/7 се опкружени со деца и им помагаат на родителите. Некои не можат да родат, ама посвојуваат деца. Некои деца немаат родители, ама имаат роднини кои ги одгледуваат. И не сме сите исти.На некој не му е гајле што зборат луѓето за него, ама друг се повредува и од еден збор. Различни луѓе сме, не може да реагираме исто на навреди. Зар не се битни чувствата на навредениот? Битни се! Пак ќе речам, детето не е криво, ама родителите се криви. Примарно од нив зависи каква личност ќе стане.Од мало да учи правилно однесување за да не биде одвратен возрасен. Родителите треба да реагираат, не да седат.
Точно дека не знаеме детето како ќе реагира, па затоа секогаш одбирам да сум рамнодушна ако се најдам во непријатна ситуација со туѓо дете, ама никогаш не се смеам затоа што знам дека го сфаќаат како да кажале нешто забавно и на таа возраст може до бесконечност да повторуваат. На свое дете ќе му објаснувам и ќе реагирам, на туѓо не, не е мое и немам право, а ниту пак ќе одам и ќе ги просветлувам родителите. За примерот што го наведе со "ѓуптинот", таткото изреагирал одма, што е многу ок според мене. Да, дете ќе каже нешто што не треба, ама ако родителот изреагира (не да му се дере или да го тепа) туку со смирен тон да му објасни дека тоа што го збори не е во ред и така натаму за да му воочи дека не е во ред и дека не треба истото да го кажува, сигурно ќе има позитивен ефект. Со труд и примери и те како има позитивен резултат, паметни се и брзо прифаќаат совети. Види, имам све деца, сум поминала и тантруми (кои додека не ги осетив на своја кожа мислев дека е разгаленост), и прашања 1000 зошто, 1000 затоа, и случај каде што поголемата ме има прашано за девојче со посебни потреби зошто потешко зборува и зошто се движи со помош на мајка и ( бевме на лулашки и девојчето си се лулаше до син ми, си правеа муабет и после секој по свој пат. Ќерка ми на друга страна си играше, ама приметила дека девојчето не е како останатите деца, се издвојува. Не ме праша пред неа, не отиде на неа да и поставува прашања, туку по пат накај дома си направивме муабет. И, по тоа кога гледа како ние се однесуваме со деца и возрасни различни од нас, и по тоа што и кажувам дека баш на тие што се поразлични од нас дека им треба многу љубов и разбирање, и таа и помалото се однесуваат со сите исто. Родителството е постојано учење, борба, многу труд и внимание, учиме преку примери што е добро, што е лошо. А не е негирање на реалноста и "остај го, дете е" дури и во случај кога свесно повредува или навредува друго битие.
Од еднаш нема да разбере, точно. Може нема ни од двапати. Може тек од десетти пат ќе биде. Ама од ниеднаш па ич нема да разбере. Работата е барем труд да има од страна на родителот, а не да не го интересира. Еве мене на овие години нема да ме навреди дете. Ама можеби ќе ми падне чудно ако мајката реагира на тоа со смеење, браво итн. Оти од браво па ич нема да научи. Може и јас да се насмеам ако ми рече грбава, ќора сеедно оти сфаќам која му е намерата. Ама на родителот и мојата реакција не треба да се исти. На 7-8 години деца од маало ми имаа речено ќорава дека носев наочари. Сега е смешно, тогаш мене не ми беше. И не беше чиста детска искреност од типот "зошто носиш наочари" туку баш нешто ко "абе ќорава една" На 5 години и мене можеби ми се случиле испади и стварно се надевам ми рекле дека не е океј тоа тогаш, зашто моментално не се сеќавам.
Се кладиме дека некои, не мора да се членкиве овде, пред да ми рипнете ко предатори, дека уопште не им ни зборат? Телефончето и нек се учи само, после у градинка ќе иде и таму ќе го учат.Значи гледам примери и од врсници, од помали од мене па и од постари.Комуницираат кога треба пари да им дадат и тоа е тоа.Знам девојчиња на 20год што не знаат што е овулација, машки што ни јајца не знаат да спржат, камоли манџа да треба да напраи.Другарки мои не знаат машина и палачинки да напраат.Ама знаат која боја на лак или алишта е тренди, знаат у секој кафич у Скопје што колку кошта, знаат цени на патики и алишта како движат. Еј, еден колега, прва е, тргна да пишува меил на професор, среќа ми пиша пред да напраи сенд.Значи тоа луѓе беше буквално како на другар да пишува.Шлог ме мавна.Демек академску граѓанин… У средно, со нозете на маса, пукање балончиња, нокти пет метра, туш опнала преку цела слепоочница. Ама основни работи не знаат.Епа чија грешка е бе?Децата се такви пошо родителите не ги воспитале. Или на Тимс ќе видам ,,здраво професоре, може да ми кажеш кога треба тоа и тоа” ало, не ти е другар бе.Прво е постар, после шо ти е професор. И не се родителите криви неее Затоа викам родителството се сведе на, дај му телефонц, дај му пари и тоа е тоа.До ден денес моиве мене ми трубат кога ќе згрешам нешто, и ме учат онака ќе им текне на сред јадење ,,Феминка не треба вака да праиш у животот” и ја ќе кажам ,,зашо ми го збориш ова”, пошто од нигде никаде е.И ми викаат ,,те учиме како треба/како не треба”