Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Ние почнавме со Бекутан колекцијата, исто како за ќерка ми, ама ни рекоа атопичен дерматит, па Еуцерин купивме, па кога се исуши кожата, се олушти и ене ми го Еуцеринот стои, а без лекар се вративме на Бекутан (сапун, шампон и масло) и се е ОК. За секого е различно...
     
  2. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас ја земав скоро цела колекција на Нивеа за бебиња, па после нешто докупив од Хипп и на крај ми рекоа дека ништо не се споредувало со Мустела и почнав да купувам и тоа едно по едно, оти еден шампон колку сите нивеи... И кога ќе погледнам што се имам дома, ни сама не знам со што да почнам, имам купки и креми за цела година :D
    И уште една колешка ми рече џабе ти е се тоа ако немаш стара добра павловичева маст, уште овде читам дека обавезно треба и Јекодерм да земам.. и тек тогаш нема да знам што треба, што не...
    Бебешка пудра се користи уште? Јас и тоа гледав да земам, ама во ниеден спиосок за бебиња, не сретнав?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Многу си изнакупила, Мицика, ама сега ќе те разочарам. Нешто слично се зборува за Мустелата како и за Џонсон производите, ама не е потврдено. Мустела обично ја земаат тие што имаат проблеми со атопичен дерматит, а инаку било која козметика ќе ти врши работа. Јас лично би ти кажала, од детска козметика ти треба купка 2во1 (и купка и шампон), јекодерм барем за првите три месеци (за мачкање на телцето - кожата и лицето се супер од овој крем), витамински крем (може да биде оригинална павловиќева или некоја слична) за газето кој ќе го ставаш на секое менување пелена, крем со цинк оксид кога ќе се појави црвенило на газето и доста ти е. Пудра не се користи веќе, освен ако нема оправдана причина (ја избегнуваат поради тоа што е штетна ако се вдише, а со мало бебе никогаш не се знае).

    Еве јас, за син ми користам шампон и купка на Бекутан со камилица, витаминскиот крем со невен на Бекутан за газето, и кремот со цинк оксид на Бекутан при појава на црвенило. Како помал, до кај три месеци задолжително користев Јекодерм, сега само по потреба. Инаку, не го бањав на секое со купката, не сакав да му ја сушам кожата претерано. Зимата го бањав само со чиста вода во која имаше растворено морска сол, а косата му ја миев еднаш на три дена со шампонче. Кожата никогаш поубава на му била. И мислам дека тоа е сосема доволно. Пак почнав да правам така.

    Ја препорачувам и козметиката на BabyLove од ДМ - ептен убаво мириса, ама и не е агресивна према кожата. Таков впечаток стекнав. Сакам пак да купам од нив, сега при крај ми се Бекутанот.

    Искрено, мислам дека и нема потреба од многу тинтрање на мали бебиња со козметички средства, тие само ја пресушуваат кожата која не може да си создаде заштитен слој и придонесува за појава на разни егземи и осипи. Мицика, ќе си видиш самата која козметика најмногу му одговара на твоето малечко.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Знам дека сум зела повеќе од што треба, ама бидејќи немам искуство кога ќе влезам во Космо или Веро мислам дека се нешто ми фали, дека поубаво да го имам, отколку да го немам. Никогаш за ништо не сум била ваква, а сеа по цели денови се опседнувам што треба да докупам, само тоа читам на итернет, само тоа зборам со мајки,се што ќе слушнам, трчам да го купам, да не случајно ми фали :worried:
    Веројатно откако ќе се роди бебето, после месец-два ќе ми помине оваа опсесија и ќе ми се разјасни што ми треба и што му прија на бебе.
    Витаминска крема и павловичева немам земено, ќе го послушам советот за Бекутанот со невен и цинк ;)
    А кремиве од нивеа и хипп што ги имам ќе си ги користам за лицето и телото.
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    ние од раѓање користиме Бекутан , и од оргиналната павловичева на мојата малечка највеќе и одговара а и доста е мрсна па откако ја користиме нема повеќе црвено газе :)
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.881
    Јас за моите не користев шампон или купка првата година, ги бањав со мерима сапун и многу сум задоволна. Не им се сушеше кожата, секако ги мачкав со јекодерм првите 3 месеци, а после не се сеќавам со што, одамна беше :tmi:
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас им реков на моите да ми земат шампон и купка 2во1 на Бекутан, витаминска маст на Бекутан со невен, маста на Бекутан од рибино масло и цинк мислам дека беше, јекодерм и сапучче Мерима. За почеток мислам дека ќе ми биде доволно ова од козметиката на бебечето мое, павловичева и кажав на мајка ми да ми земе ама аптекарката ја советувала дека витаминската крема на Бекутан шо е, била замена на павличева па така не знам дали ќе ми треба.
     
  8. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Ние користиме Еусжцерин сапунче и ништо друго кожата не ја мачкаме со ништо по бањање и супер сме ( така ни рекоа во родилиште) а за газето оригинална павловичева и бецолино со цинк ако приметам мало зацрвенување и одма и поминува иначе беколиното со цинк мене ми се виде поубаво од бекутанот и тоа пробано на своја кожа дури ме зачуди
     
  9. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    До 40 дена се бањавме само со бекутан сапунче, а сега косичката ја миеме со бекутан шампон, а телцето со масленото средство, исто на бекутан. Од првото бањање целото тело го мачкаме со бекутан со рибино масло. Газето го бришеме со бекутан влажни марамици и го мачкаме со витаминската крема на бекутан. Црвенило се појави само еднаш и го решивме со кремот со цинк оксид на бекутан. Значи, комплетна нега со козметиката бекутан и мн сме задоволни :)
     
  10. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Имаме 2,5 месеци и се уште се бањкаме само со сапунче мерима, и плус за газето користиме павловиќева оригинална и засега е ок... сега ќе почнам да користиме шампонче само се мислам дали бекутанче или беколино
     
  11. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Ќе ја користиме колекцијата на Чико многу убаво ми мириса,а од бекутан призводите не сум задоволна сега со новата амбалажа мислам дека се сменети многу.
     
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав цела тема и одлучив за бањање да почнеме со Corine de Farme 2 во 1 купка и шампон.
    Купив и оригинална павловичева маст и јекодерм. Се мислам уште за влажните марамчиња, може да земам од Babylove штом викате дека се без парабени.
    Туку сакав да прашам кога се користи павловичева - после секое преповивање или како, кога јекодерм, а гледам и крема со цинк употребувате, таа за што е?
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Кремата со цинк ти е за повлекување на црвенило, пеленски осип ако се јави. Ако не, реално немаш потреба од никакво мачкање, со никакви креми.
    Можеш да користиш Јекодерм 3-4 недели, колку ете, да ја нахраниш кожичката, ама лично, после тој период, не би ставала ништо. Јас морав, зошто малата ми изваде егземи, па морав да и` ја хидрирам кожата. Денес ништо не и` ставам, и 2 до 3 пати максимум ја бањам во неделата.

    Колку помалце хемии толку подобро, без разлика дали имаат или не парабени и 300 чуда...
     
    На Mama25 и Mayyya им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.582
    Допаѓања:
    201.801
    Пол:
    Женски
    Јас пак ставам витамински крем на газето и препоните на секое менување пелена. Некако ми се чини дека така кожата е позаштитена, не само од влијанието на урината и столицата, туку и од преголемата впивачка способност на пелените, ја пресушуваат кожата.
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    и јас клавам крем на секое менување на пелената ако не калвам сигурна сум ќе се иритира....по цел ден впелена и без никаква заштита не не никако....
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Еве јас ништо не и` ставам и до сега никогаш немала пеленски осип, само 2-3 пати црвенило, кое веднаш се решавало со Судокрем.
    До кожата на детето е, се` е индивидуално. Јас морав да ја хидрирам, наложено од доктор, ама кога стана подобра (пред околу 1 година), јас повеќе ништо не и` ставам, и кожата и` е подобра од било кога.

    Самото дете ќе ви покаже....ако видете дека се нафрла во пелените, тогаш сменете ги нив прво. Ако пак појавува осип, тогаш ќе хидрирате навремено, со одбрани креми.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kate-goldy

    kate-goldy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас за син ми ја користам Мустела од првиот ден до сега (гелот, лосионот, маслото и кремата против осип),ама некако многу брзо ми се трошеше кремата против осип и некако многу пари ми одеа само за тоа па почнав да ја користам Павловичевата Оригинал, а мустелата ја чувам за итни случаеви :lol: . Ја земав и кремата од АВОН и ме изненади позитивно само што ми има некаков глуп мирис т.е ако може тоа да се нарече мирис :lol: . Менувајќи ги кремите видов дека кожата сите добро му ги прифаќа па сакам да му земам некоја друга колекција. Се мислам помеѓу Corrine de Farme и Babylove некако тие според вас ми делуваат како колекции без парабени и чуда а по доста солидни цени :^)
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Сеуште сме со сапунчето еуцерин меѓутоа од 40 дена натаму сакам да пробам да ја измијам со шампонче , маж ми купувајќи ми бебешко масло за масирање на меше по грешка ми купил бекутан масло за капење го има некој ова користено да пробам да го избањам еднаш по 40 дена со него ? Инаку имате ли користено козметика на бубхен, хипп, дали знаете дали се слободни од парабени ?
     
  19. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12

    Бекутан маслото е преубаво, освен што мириса малку лошо :) јас после 40 дена почнав да го бањам со маслото и презадоволна сум!
     
    На pepus му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    мамички сестра ми од Виена ми прати шампонче PENATEN мислам дека се викаше , го протрошивме и не знам дали ќе најдам овде во Мак таков.. ако знае некој каде има :)