За секој ден ништо не ставаш? Јас на почеток павловичева а сега веќе ништо. Ептен ако му се вцрви бекутан (само од тоа му помина првиот пат) ама земав Веледа сега, пошто ич не го сакам бекутанот за бебе. И освен шампон/купка на Веледа што користите? Лосион, крема за лице...?
Мачкам павковичева на промена на пелена. Веледа по бањање и ако има потреба т.е. видам малку црвенило или рапавко. Бањам со мустела. Мачкам на тело веледа, а на лице адерма. И се правеше од лиги црвенко и од тогаш редовно мачкам по бањање.
Мачкам со павловичева на секое менување на пелена. Бањам со мустела, а го мачкам со ласион еуцерин после бањање
Да не напоменав дека не мачкам постојани туку само ако има црвенило. И тело мачкам еднаш неделно, а не после секое бањање ( дека нема проблематична кожа). Лице исто еднаш неделно. А пеленска регија не мачкам на секое менување пелен. Едноставно не сме имале потреба. @joan
Се решив мустела крема да земам за мачкање.. може некој што користи да ми сликне каква е обичната? За бањање биодерма земав и павловичева за пеленска регија. Оваа ми ја испрати другарка ама глеам пишува за лице .. па прашувам со каква го мачкате бебуш..
Оваа е за ладно време само, не за сега. И само за лице и откриени делови. А кога веќе си зела Биодерма за бањање, зошто не си земеш од истата фирма за мачкање. Инаку најубаво е ништо да не мачкаш, освен ако мора.
Јас се можно пробав од козметика зошто малата ми правеше ужасни осипи и ептен има чувствителна кожа. Бањам со веледа 2 во 1 и за пеленска регија павлодерм користам. Ако некогаш се вцрвени газе веледа со цинк. Тело никогаш со ништо не сум мачкала.
Секое бебенце си е различно и приказна за себе па според мене пробај со што мислиш ти, ако не му одговара ќе смениш. Секоја од нас е задоволна од различни производи.
Во аптеката во Капитол идеа заедно како акција шампонот и лосионот за 635 ден. Дополнително ја купив кремата, ама искрено не ја памтам цената...
Jas ja koristev zimava mnogu sum zadovolna.Inaku sega po toplovo znae da mi se nafrla i zatoa zemav Mustela emolient krema i taa mi e najdobra.