Здраво @Biodevojka ако можеш да ми кажеш каков е овој крем за заштита на кожата од сончање според декларација Го видов во ДМ барајќи Алверде за бебе... штета што го нема оваа година кај нас И ако не ти е проблем да ми кажеш твоја препорака за креми за сончање (и дали воопшто препорачуваш) но и за лосион/млеко/гел за тело за после изложување на сонце. Бебчето ми има 9ипол месеци
Драга овој не, со хемиски филтри е...јас за возрасен не би го препораќала а не за бебе. Не знам што да ти кажам. Јас сакам и препорачувам креми за сончање и како сигурни би ти препорачала Еко Козметикс. Штета што алверде ги нема. Еко се навистина многу убави. Поздрав.
Фала ти Па овој продавачката ми го нудеше како многу добар, а јас прв пат го видов Инаку каде можам да ги најдам производите на еко козметикс? И уште нешто, имаме на подарок Бекутан бејби 50 крема за сончање, знам што мислиш за нивните производи, но конкретно оваа крема за сончање каква е, и дали може барем возрасен да ја користи? Фала ти уште еднаш
Еко Козметикс може да ја најдеш во Биоорганика или по аптеките...пробај ја нема да зажалиш. За производот на бекутан постирај ми декларација во соодветната тема па ќе ти кажам. Вака на памет не ми текнува може сум го видела, ама не можам ништо да коментирам додека да видам што точно содржи. Поздрав.
Јас намачкав бебе со бекутан 50 на лицето цело се зацрвени и се исфрли. Што не мора да биде и кај други деца исто. Тоа е само наше искуство.
Jas za sonce bekutan 50 koga bese bebe lani na odmor za lice isto bekutan 50 a za telo na lea San kids 50 factor i bev prezadovolna. Zboram za 3 i 4 godini koga mi bese maliot.
Majki na weleda proizvodite vo zegin gi ima li ? Ili od kade gi zimate ako znae nekoja da mi kaze? Do sega koristevme mustela ama sakam da smenam
Бебе ми е 2 мес. Сега за лице сме на афлодерм мислам се викаше со некоја мешавина на аптека правен Почна да ми се перута валда од сонце др. Рече благ егзем бил Треба да ја мачкам 7 дена После неа што да користам за лице а и тело.. Е сега на телце е ваков Исто и тука што да користиме
А дали новороденче треба да се мачка со нешто на лице и доколку да ако може да ми предложите што да земам? Исто и за влажни ќе се трудам да ги избегнувам, но би требало да ги имам при рака, а од кој сте задоволни? Убедливо детскава козметика ми е најтешка тема... имам страв да не утнам нешто при избор
овоj e супер крем и за возрасни јас го користам за мене а ако нема некоја потреба јас мислам на 3 месечно бебе не му треба крем. ние сме 5+ и уште ништо не ставаме супер и е кожата
Јас не го мачкам со ништо ни тело ни лице. Немал проблематична кожа и не сме имале потреба. Здрава кожа едноставно не ја полнам со хемикалии, по мене нема потреба. Влажни на Памперс. Имаш и сензитив и обични.
Крема за лице имам веледа, ама нема потреба и не мачкам или ептен ретко(еднаш на две-три недели). Влажни мене најпигодени ми се бејбилов на дм. Најубави како квалитет, најнеутрални на мирис. Сум користела и хип и памперс, ама после овие сите ми смрткаат. За дома под чешма или користам туфери со вода
Моево е зимско бебе. По бањање мачкав логона масло по цело тело и лице. Па имаше дерматит, па мачкав стелатопиа и а дерма. Понекогаш и павловичева и јекодерм, ама ретко. За сега не би ги препорачала, многу е жешко. Сега "мачкам" веледа, бела со љиљаково, за атопична кожа. Не сум ја намачкала едно два месеци сигурно со ништо. Бањам со маслена купка еуцерин и мислам дека е доволно. Влажни, само виолета бела 99% вода или памперс сензитив. Газе бришеме со тото суви или има бејби лове тупфери што се топат со вода.
Па не ви предложи др нешто за понатака?? Мустела стелатопија, А-дерма, Еуцерин атопик. Овие ги имам пробано на бебе, атопик е мојот, од првата задоволна, средната не ни одговараше, последната најзадоволна. Сите ти се со цена тука некаде околу 1.000ден па сама одлучи со што ќе третираш или препрашај си го др 10 дена лице мачкав со Јекодерм, тело 1-2 успеав, во првите 2м бебе вриштеше, пиштеше на облакање/соблакањр па само гледав што побрзо да го облечам не па да го мачкам потоа дерматит доби, па други креми и тие првите јас си ги мачкам. Мој совет ништо не купувај, кога ќе се роди бебе ако треба, што треба ќе се купи Влажни на Памперс, сензитив зимам, пробав неколку ама тие ми се број 1.
Логона освен во Сити Мол го има на друго место? Сакам да земам пак за зимоска па ќе гледам на акција да ги начекам. Инаку многу ретко мачкам креми на малиов, ама сега дека на сонце и му се суши кожата го мачкам со млеко за тело Бекутан, но планирам да земам на Логона масло бидејќи се на поприродна база.