Девојки ве молам за мислење совет, сакам наредниот месец да купам козметика за бебенцето, сакам да земам купка или гел за капање, шампонче ( дали се добри од Corine de Farme), влажни марамици од Виолета белите, павловичева оргинал од Зегин, и Weleda жолтата. Дали се првин доволно работи, несакам мн различни да користам да се најминимално сретства да не го затрупувам бебе со мн козметики, и дали е добра изборот на производите односно марката. Бебенцето треба до кај декември да се роди, можеби рано купувам ама досега голем дел од работите ги купивме, не сакам се последен момент да барам. Зато можи и рано купивме количка со транспортер, креветче, копанче за капење, алишта и купив нешто а и повеќето ми ги даде золвами од нејзината малечка и во главно скоро се е комплетирано.
Јас не се слагам со ова. Бебе додека е мало се бања секој ден, кожата се обновува секој ден без оглед на тоа се бањала или не, а додека се многу мали бебиња со бањање се стекнува и навика. Моето скоро 2ипол и се знае, бањање во 9 и спиење. Па мали се, цицаат или пијат млеко, ќе им капне или потече млекце тоа така се умирисува, страшно, а знае и да се вцрви во тие свитките што ги имаат под брадичето. Не мачкав со ништо, само уљенце на почеток, ама едно уље 6 месеци го користев. Јас почнав со Веледа и супер ми беше. Од тогаш имам сменето се освен Бекутан, тоа немам пробано, Корин и Веледа ми се покажаа најдобри.
Јас за бањање користам хип, ама не на секое бањање. Бањав првиот месец секој ден. После преку еден. За пеленска, тело и лице веледа, ама не нон стоп и ене уште првите паковања се а синко е 12+. Влажни дома не користам за газе. Ако е какан во почетокот со туфери или директ под чешма, сега обавезно под чешма. Влажни користам само кога се храниме ако се умачка и тоа на бејбилове од дм му се најпогодени. Туфери имаш и во зегин на тото, ама се малку понепрактични зошто се споени па треба да ги откинуваш. Ако имаш кој да ти купи има во дм на бејбилов.
^^ и јас по секое какање обавезно мијам газ, ама обавезно, некогаш и само ако се мочки, се лепи некако од било кои влажни, ама пред тушот обавезно бришам со марамици, ова кога е какан, барем мојов лом се прави и дури стигнеме до тушот.. ај да не редам @Karmina1989 ОК е се што наброја, купи и чекај го бебе да го шлапаш
Ок ти е планот, само јас место corine би земала веледа, еуцерин или мустела. Не се знае каква кожа ќе има бебе, може ќе треба да менуваш козметики ... Белите виолета влажни се супер , ама јас хипп от најчесто ги користам. За газе истото користам, погодено
Јас себеси си се туширам со корине па и бебе ќе го банкам со него,истиот состав и јас ќе го купам како Кармина. Само незнам како комплетче да земам со ножички чешле и топломерче.
http://malakuharica.com/opasnije-od-plastike/ Мене бебето ми доби страшен осип од влажни марамици (на памперс), така да веќе не планирам да ги користам при промена на пелени.
Јас па не се сложувам дека треба секој ден да се бања. Се уништува површинскиот заштитен слој и корисните бактерии се одмиваат со секојдневно бањање, кожата со тек на време се суши. Не спорам дека летно време е пожелно секојдневно туширање бидејќи децата се потат и се надвор подолго време. Ама за бебињата не е пожелно, особено во зимскиот период, кожата се пресушува, колку и да ја негуваш.
Потполно се сеогласувам со тебе,ни јас не гледам причина секој ден да мора да се бања,еве јас ја бањав преку еден ден кога беше бебе ,ама гениталии и миев секој ден, и мојава се роди зима и имаше сува кожа и исто од лекар бев советувана да не ја бањам секој ден.
И јас го имам истиот план за козметика. Само што ќе почекам со корин не купувам одма, имам тестери од веледа. Ако ми се бендисаат ќе останам на Веледа, ако не ќе преминам на Корин. И за бришење газе купив и туфери на бејби лове. Влажните од виолета бели да ги користам само кога не сме дома.