1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.842
    Допаѓања:
    7.045
    Пол:
    Женски
    Мустела
     
  2. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Преку еден ден тогаш или?
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    2/3 пати неделно
     
    На Anaxandra и ванилала им се допаѓа ова.
  4. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    дали користите млеко за бебиња и какво? јас до скоро со јекодерм само го мачкав, сега сме три месеци па,сакам да сменам и ме интересираат искуства.
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Јас мачкам со Мустела. Убаво е и лесно се размачкува.
     
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Од почеток мачкам Хип млеко, хидратантно е, но зимово ќе преминам на Бејбилов, многу ми се допадна бидејќи е помрсно.
     
    На Girly90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Јас користам Хип млеко, убаво хидрира и најубаво мириса:angel:
     
  8. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја користел на фризи дерм кремата за пеленска регија? Во Зегин ме убедија дека е најдобра и зедов таква, ама гледам никој не ја користите. Па сега се мислам да си користам павличева оргинална која сега и јас самата ја користам за стрии и ми е супер. Искрено не сакам многу да експериментиран со козметика на бебе кога ќе се роди.
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Фризи е со цинк оксид.ќе ти се најде за црвено газе.
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.106
    Допаѓања:
    40.305
    Разберете дека Зегин е увозник на Фрези, па што и да побарате прво ќе ве убедуваат за Фрези без разлика што сте им побарале друго.
    Е сега несомнено, имаат квалитет али мене ми е step back кога се напнува тоа па тоа.
     
    На Kitten, kukla21, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Поради тоа и веќе не ми се купува во Зегин. По едно одам, со 10 други работи се враќам. Многу напинаат вработените. Па во еурофарм мустелата ми ја форсираат. Користел ли некој мустела маслено средство за капење? Со козметикава ств најтешко ми е што да одберам.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  12. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.106
    Допаѓања:
    40.305
    Не сум го користела тоа, али Мустелата е одлична. Колку што знам еурофарм не се врзани со мустела
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    7.257
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за совети и проверка дали имам пишано се, денес ќе одам на купување на бебе козметика, ве молам доколку сте упатени пишете ми и цени и слободно дополнете ме доколку нешто ми фали.
    - чешле и четка за коса Чико
    - ножички чико
    - аспиратор за носе (дајте ми предлог)
    - топломер (дајте ми предлог)
    - Влажни марамици - Виолета 99%вода(за надвор), за дома од сувите марамици
    - Павловичева оригинал
    - крем за пеленска регија со цинк (предлог ве молам)
    - јекодерм
    - купка Мустела или Еуцерин маслената? (неможам да се одлучам)
    - сапунче еуцерин
    - млеко за тело Мустела
    - Д3 капки
    - физиолошки раствор
    - бетадине
    - газички

    За мене:
    - пурелан
    - вир влошки 4 пакувања
    - влошки за гради ( кажете препорака кои и цена за истите)
     
    На Кларчи272 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.106
    Допаѓања:
    101.837
    Пол:
    Женски
    Penaten крема со цинк, во Зегин и ДМ ја има во лимена сплосната кутивка е. Зошто и купка и сапунче, само едно земи си. Д3 капки ти препорачувам Беби тол. Топломер дигитален бесконтактен, ама имај си и обичен за проверка. Аспиратор од типот на Носе фрида ама имаш поефтини варијанти. Јас со ножички не сечев нокти, од прв ден со ноктаричка. Алкохол да си земеш и Ациди борици, притребува. Влошки за гради јас зимав на Беби лав, имаш и од сувите марамици нивни, најефтини ми беа.
     
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.076
    Допаѓања:
    179.074
    Пол:
    Женски
    Мое мислење, купки, шампони и лосиони купувај откако ќе се породиш. Конкретно, моето се роди со атопична кожа, па накнадно купивме сѐ што требаше. А во план бев за Алверде или Веледа и така ќе останеа, непипнати. Инаку, доколку има нормална кожа, јас би одела со колекција на природна база. Од креми со цинк, одлична е таа не Веледа, но мислам дека нема потреба да ја купуваш ако не пројави пеленски осип. Оригинална Павловичева е доволно. Инаку мене ме советуваа папок да чистам со 70% алкохол, не со бетадин. Ама тоа најубаво ќе ти кажат во болница. Аспиратор има еден во плава опаковка, со цревце, ама поим немам како се вика, го има по сите аптеки. А топломер најдобар ти е безконтактниот на Микро Лајф. Поскап е, ама верувај ќе купиш неколку различни и на крај пак на овој ќе се вратиш.
     
    На emkaemka и mamaJana им се допаѓа ова.
  16. Cacuska123

    Cacuska123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Според мене, ph5 лосионот и Ph5 масло за туширање на Еуцерин без разлика каква кожа има детето дури и со атопичен дерматитис се одлични. Исто така можете и вие да си го користите и верувам дека ќе бидете презадоволни. Секоја козметика е одлична и за секој е индивидуално :))
     
    На mamaJana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    31.033
    Пол:
    Женски
    За козметиката:

    - Јас за бееб купив несесер со прибор за бебе од Mothercare и ми се покажа практичен зашто сите работи од бебе без спастрени на едно место и кога требаше да патуваме на подолго лесно е за пакување.
    - Аспиратор за носе купивме Исомар во Еурофарм. Поефтино од Носе Фирда со иста функција.
    - Топломер Microlife бесконтактен
    - Павловиќева оригинал во составот има и цинк и не е за секојдневна употреба, барем мене така ми рекоа. Витаминска крема земав на Бекутан.
    - Крема со цинк: Пенатен во метална кутија или Судокрем.
    - Јекодерм не ни треба. Мене педијатарот ми рече никако малсо на бебе ги затвора порите и не дава на кожичката да дише.
    - Купка и сапунче не ти требаат дуплирани. Или едно или друго купи. Мене полесно ми беше да растворам купка во вода и потоа со пената да бањам бебе на почеток. Сапунче почнав дури на две години да користам за да мие сам раце. Која купка и млеко за тело ќе купиш е баш твој избор. Јас чекав да видам со што ќе го бањаат во болница и дали тоа ќе му одговара па потоа купив. Таму го бањаа со Мустела па со тоа и дома го бањав.
    - За млеко за тело исто како и за купката. во болница му ставија Еуцерин па со тоа продолжив и дома.
    - За Д3 по препорака од педијатар прво користевме Бебитол Д3 со К витамин. После 3 месец се префрливме на вигантол (исто со доза одредена од педијатар)
    - Физиолошки раствор не користев на почеток се до првата настинка
    - Бетадине не е потребен. Ако мислеше на паполето, по совет на педијатар и сестри го бришев со 70% алкохол

    За тебе:

    - Мислам дека ОК со цена и квалитет се од ДМ (Babylove).
     
    На mamaJana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Majki aj sovet sto da zemam za banjanje i mackanje za bebo. Imame 4 meseci, dosega koristev Mustela i mackav so Stelatopija zaradi crvenila ama sakam da smenam. Nesto poprifatlivo, vo odnos na cena?
     
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.076
    Допаѓања:
    179.074
    Пол:
    Женски
    Има уште црвенила? Ако има осетлива кожа, мое мислење држи се до тоа што му годи. А ако е добар сега, има на Алверде, на Хип. Тие имаат пристапни цени, а и добар состав.
     
    На CurlyBlossomGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Mu se javuvaat mnogu retko, na pomala regija ili licence koga rucka racinja :)