Па не менувај тогаш, што му одговара на бебе до тоа придржувај се, не експериментирај. Стелатопијата е супер, знам да чудно мириса ама битно да помага
@mamaJana веќе убави предлози ти дале девојките поназад, јас само ќе се надоврзам да потврдам за Пенатен со цинк оксид, аспираторчето Носе фрида е супер мада не ти треба веднаш на почеток, и исто така Бетадинето отпиши го, за папоче само алкохол бидејќи со бетадинето ќе продолжи да влажи а целта е побрзо да се исуши.
@emkaemka I taka i resiv, ne mu menuvam, a baska i traat baagji, eve 4ti mesec prvoto pakuvanje go koristime
Zdravo na site. Dali ste imale iskustvo so SebaMed proizvodite za bebence. Moete bebence e 4 meseci,do Sega go banjav so eucerin sapunce I mackav jakoderm.Gledam deka pocnuva da se susi liceto.IMA sitni bruncenca pa mi treba vas Sovet I iskustva. Blagodaram
Sekogas ni e ista tt doma, oblecna e samo na 1 par nilogas duplo, mislam oti se ligavi stava se vo ysta
На што се греете дома, да не ви е пресув воздухот? Прекини со јеркодерм, доста е. Ставај крем за ладно време, ако не се повлекуваат, следи ситуација дали се појавуваат и на друго место.
@mary28 мене бебуш ми беше исфрлан многу во втори и дерматологот ми кажа да престанам со јекодермот на лице бидејќи му ја масти кожата и на топло повеќе се исфрла па почнав да го мачкам со мустела крем и сега е добро, повремено има брунчиња на брадата ама можно е и дека има гушичка па од тоа и да му се спурува лицето
Doma SME na drva, neznam kakva da zemam krema, eve citam sebamed nekoi kremi kupki, zatoa barem vasa pomos sto e dobro da zemam, I kre.a I kupka , samponce Imase I moeveo takvo, koga se cistese, tie pominaa, Sega posto neli ladno nadvor, koga ja iznesam potoa Suva kozicka I crvenko
Од ладното е. Надвор кога ќе излегувате, ќе мачкаш со кремче со назнака колд. Имаш на повеќето фирми, крем за ладно време. Мустела, Хип, Веледа.... одбираш според можностите. Внатре обавезно на шпоретот тенџере со вода да врие.
Веќе сме 3 месеци. Имавме сува кожа по цело тело. Мачкам Мустела и се среди малце. Ама на ноџињата кај листовите и на рачињата уште и е сува кожата и паѓа кожата како на почетокот. При крај ми е Мустелава, па се мислам дали пак да купам или да сменам. Нема црвенило, само е сува кожата. Да земам стелатопија? Или еуцерин? Препораки, искуства??
Мачкав едно време бебе со Стелатопија, ОК беше, но потоа преминав на Еуцерин и на бебе мое тоа повеќе му одговара. Е сега бидејќи е атопичар користам Еуцерин атопик, ти можеш од обичната линија, но маслото, помрсно е и ја хидрира убаво кожата
Еуцерин маслена купка за бањање и логона лосион од невен. Тоа за моето беше лекот за лупењето. За два дена кожичето се направи стакло.
Јас користам Мустела стелатопија, педијатарот ми рече дека и е сува кожата и оваа да ја земам, ама јас не приметувам дека и е нешто сува кожата, може до кремата е. Мене ми е некако леплива, се мислам да ја сменам со обичната мустела.