Од чико што користиш? Јас имам купка, сапунче и крема како павловичева маст е, ми беа со количката вклучени, е сега моето не е уште родено, планирам со нив да почнам затоа прашувам.
Само купката што е за целосно туширање. Не солзи на очите а мака мачев да најдам нешто што не солзи и преубаво мириса Не сум наишла на друг производ ама водејки се по купката би купила без да мислам.
Има две креми за лице од мустела, ако не ти е проблем да ми пишеш како пишува на кремата или да ми ја сликаш. Ви благодарам однапред
За лице користиме Мустела, ги имаме и двете креми, а за бањање и млеко за тело Корине од зегин, мн нежни, ме изненадија
Ние имаме ситни брунчиња на лицето докторката вика контактен дерматит, ни препорача јекодерм ама не ни помогна многу а слушам дека од мустелата се задоволни па затоа ме интересира кој да ја земам која повеќе помага
јас не ни знАев дека има две креми, прашав мустела за лице и оваа ми ја дадоа, јас не го мачкам редовно но пак сум задоволна
а искуство со пастава , @Annath , добра ми стое на состав ако не се лажам , мислам дека не штети да се голта или ? https://www.ecco-verde.hr/logodent/logodent-djecji-gel-za-zube-jagoda
Ние скоро еден месец користиме Еуцерин Аквафор. Сега за сега му одговара на бебуш, има сува и осетлива кожа на лицето и некогаш се исфрла или вцрвува , тоа најчесто мм со брадата негова го исфрла (мајку му ) или кога ќе се разлигави или расчепка многу со играчките.
Почнувам да спремам полека за бебуш и за мене,во двоумење сум што козметика да купам за него Хип или Еуцерин?
хип. Еуцерин се медицински препарати и се преагресивни со повеќе хемија во нив. Хип се поприродни. Совет за сите мајки: најмногу гледајте го составот пред да купите козметита за бебчето. Ни џонсон ни бекутан не се со добар состав. Хип дефинитивно. Моја препорака а инаку кој како сака.