Јас користам мустела за бањање, мустела шампон за теменица(мислам 2 месеци имаше коа се појави) и мачкам само со јекодерм.
Убаво ти пишале Еуцерин е медицинска козметика, ако има мака ќе користиш тоа и ќе мачкаш, но за почеток земи си на Хип. Можеш и на Алверде од ДМ, тука некаде се со цена како Хип, јас би Алверде искрено..
Ве читам и сакам да Ве прашам дали некоја користи козметика на Corine de Farm конкретно 2/1 шампон и купка? Се спремам за бебка па да знам
Јас, многу убава пена прави, бебе е пресреќен но почнав од 10+ со тоа да го бањам, не знам дали е за новороденчиња, да читнам декларација.. Убаво мириса
Колку е органско, зашто така се декларираат како органска козметика? А си пробала со други? Прво се мислев за Еуцерин, ама еве пишуваат дека повеќе е медицинска козметика.... Па така Corine ми изгледа подобра..
Органска е, за тоа и ја земав, прочитав вика е за бебиња, па ќе да може од 0+. За старт имав на Веледа, ама на бебе ич не му одговара, па доби дерматит и продолживме кратко со маслена купка на Мустела, таа ОК беше, потоа со Еуцерин атопик. Јас уште го бањам со Еуцеринот, но не секој пат, најчесто со Корине е, бидејќи се радува на пената кожичката секако му е супер од неа.
Ти благодарам за одговорот ќе земам и јас едно за капење од Еуцерин за секој случај да го имам дома... Зашто јас имам чувствителна кожа... Ако е ко мене .... А зашто кремче за лице, сите бебиња имаат сува кожа?
Имаат, 9м биле во вода и чудна им е кожата, се лупи На лице првите две недели ставав Јекодерм, потоа само за надвор ставав кремче. Ако зимаш Еуцерин земи ја маслената купка со црвено капаче
Мајки дај кажете од која крема сте задоволни за лице, но и составот да е добар, моментално ставам бекутанче но сакам да сменам.
И да смениш! Хип, Веледа, Мустела само ги знам што имаат за лице за ладно време, пошто сега таква и треба. Инаку плус Алверде е козметика со добар состов, природна, органска.
А овие горе што ги спомна исто ли се со добар состав? Барав за бекутанот опис на декларација но не најдов ништо а знам дека биодевојка мислам имаше спомнато дека не е добар..благодарам
Јас го капам со купка од Чико уште од првиот ден кога си дојдовме дома. Фала Богу нема никаква реакција, 13 дена има синчето. Само дланките и стапалата му се лупат уште малку (така се роди) нив ги мачкам со јекодерм.
На Uriage бебешката козметика е многу добра. Имав тестерче од едно кремче и ја мачкав на лицето оти и беше рапаво од ладното и за една недела образите и станаа ептен меки. Бев скептик и не сакав да купам па зедов тестерче и стварно одлично се покажа