Женски ве молам за ваши искуства, препораки со Бебешка козметика. Сакам да земам некоја органска козметика, па од она што до сега сретнав се Weleda, Logona, Alverde... има уште некоја? Дали Ureage e органска? Дали имате искуство со некоја од наведените? Благодарам
Јас ја користам и сум презадоволна. Баш прашував и на форумов искуства, но ретко кој ја користи, па си ја зедов на свој ризик. Слична ми е со мустелата.
Мене многу ме напна дерматологот за неа. Подобра немало. даде тестери и рецепти и ме прати до аптеката до неа. Исилено ми беше. Така кога форсираат нешто ,за и ат не ми се купува. Ама ај ја пробав, ефект немаше. Не викам дека не е добра сепак. На некој може му одговара, на некој не
Здраво мајки, влеговме во 38ма недела па се спремаме полека за бебе Планирам да почнам со Чико 2 во 1, павловичева маст, од бекутан само влажните марами и Јекодерм. Кажете ми за нешто што се става во водата при бањање кое ја прави розева водата, има ли некој слично користено и како се вика.. Прифаќам и критики за изборот козметика од лични искуства.. Поздрав до сите
За козметика почекај прво да се роди, мој совет. Да видиш каков тип на кожа ќе има, па ќе ти дадат препорака. Јас планирав едно, ама испадна сосема друго. Инаку препорачувам на Алверде, Хип, Веледа. Од влажни, имаш на Виолета со 99% вода. За тоа розовото не знам што е и за што би се користело
баш ќе проверам. Лосионор за бањање од алверде ми е при крај а дм нема во мојот град. се префрлувам на веледа
Од раѓање и е вакво... синко има нежна бебешка кожа сеуште, а неа и е чудна, ситно рапавко на допир (до душа и мм има таква кожа на лицето, може нема крема да ја среди)... Едит: видов сум прашувала веќе во темава, мустела колд крем ми ја препорачале. Хип сум пробала, па ај ке земам Мустела.
од студ мислам дека е рапавоста. Денес баш видов во аптека крем од weleda. помислив да си земам и за себе ќе можам да ја користам.
Неа и преку лето и беше вака.. не е на допир она нежно бебешкото, чудна и е кожата, а на изглед не се приметува ништо