Penaten крема видов во Дон маркетот ама не загледав за шампончиња зашто јас барав креми , сакав да ве прашам користев оригинал павловичева и почна да се појавува црвенило имено кога ја преповивам иако ставам цел куп крема кожата е сува( од кремата ни трага ) ко ќе ја отворам пелената сеа ставам и крем со цинк и павловичевата и почнав да експериментирам со типот павловичеви земав на докторс една како пења е да не ја има некој користено?
Penaten сигурно има во Дм маркетот , иначе ние сите производи од Пенатен ги користиме Шампон, купка , влажни марамици, крем против црвенло, крем за лице против студ и сум презадоволна
Мислам дека и во Зегин има Penaten козметика. Инаку, навистина се одлични, јас немам земено за син ми, ама паметам од внуките кога беа мали, снаа ми тоа купуваше
таман се решив јас да одам по Пенатен тетка ми од Швајцарија ми се јави аа вика чекај јас ти купив многу ке имаш за повеќе време не купувај ти.. ми ја земала и оваа крема па сакав да прашам дали некој ја користел..
На почетокот 2 месеци ги користевме производите на Бекутан а сега најчесто купуваме по цела колекција Беколино
Мамички велите дека Персил е најдобар за перење на бебешките алишта?а кој омекнувач да го купам сега кесе припремам јас
Исто и јас, се мислев меѓу персил бебешки и дуел и го земав дуелот.Како поблаг.А чико бел е најубав омекшивач, сега го ставам и за нашите алишта . Од козметика купив Мустела во Зегин ја има и овој месец е поефтина, јекодерм на бекутан и оргинал павловиќева.Свекрва ми ми купила цела колекција на бекутан, ама мислам дека за почеток со мустелава, па после бекутанот.
И јас перам моментално со дуел снзитив тој за бебиња но без омекнувач . После и ги пеглам алиштенцата иомекнуваат а дуелот убаво мириса и без омекнувач кај мене му останува мирисот и покрај 3 плавења сеуште ми е страв да ставам омекнувач било каков . Од козметика го потрошивме еуцерин сапунчето купивме нивеа сапунче ама го користиме само за газе ако е многу искакана а се миеме со маслото од бекутан но потоа ќе си смениме се во нивеа покрај сапунчето имаме и масло од нивеа и презадоволни сме убаво мириса достапна цена нема парабени
Ви благодарам мамички а за крем павловикева само на газето ли се става ? или на цело тело? и кога ке ја банјам со сапун или со шампон?и кои се најдобри за бебешка кожа?
Јас ставав само на газето . Пробав еднаш да ја измасирам ама како ситни бубулички и се појавија и престанав веројатно ги затнуваше порите . До 40 дена ја бањав со еуцерин сапун и ништо не мачкав до 30 тиот ден . потоа со масленото средство бекутан и уште сме со него .Со масло почнав да ја мачкам некаде 30 тиот ден зашто опчна кожичката да и се суши исупер сме сега . Веќе кај и дае ишампонче за косичето ќе ни треба зашто од сапунчет осува и многу кожата а маслнеот осредство страв мие да и го ставам на коса па ко ќе завршиме со масленото ќе се бањкаме со шампонче или купка
Јас го мачкав малиот со Јекодерм по цело тело, а витамински крем (познат како павловиќева маст) ставам само на газето и препоните за заштита на кожата од пелените и од иритацијата. А јекодермот е фантастичен за цело тело, па дури и за лицето. На син ми лиценцето побрзо му се исчисти од него.
Јас малата скоро 2 месеца ка мачкав со јекодерм и според мене тоа е најдобра солуција што моше да се употреби за новороденче. Потоа продолжив со Хипп, но не на секое бањање
незнаев каде да го поставам прашањев, тука ми беше најсоодветно Една козметичарка ми рече дека за моето суво лице, убаво е да ставам бебешки улјени АД капки. Сфатив дека АД се витамини....ме интересира, за што им користат тие АД капки на бебињата,
Значи за бањање на бебенцето сапун еуцерин и после тоа јакодерм крем за цело тело а кој шампон за коса?и ако е можно цените да ми ги кажете? а бекутан какви се?поздрав и однапред ви благодарам
Цеки, Еуцерин би ти препорачала само ако имате некој проблем со кожата, затоа што Еуцерин и Мустела се пред сè медицински колекции. А останатите детски колекции се со попристапни цени и сосема солидни. Јас лично од Бекутан колекцијата сум прилично задоволна, исто од Corinne de Farme и BabyLove на DM. За почеток може да земеш од средствата 2 во 1 што се, и шампон и купка, ќе ти заврши работа и за телото и за главчето. Препорачливо е да нема парабени, а Бекутан колекцијата за жал ги има. BabyLove и Corinne de Farme се без парабени. Јасмина, АД капките се витамини, корисни за развој на коскениот систем и кожата кај децата. Убави се и за возрасни, слободно користи ги.
До сега не сук купила јекодерм а нема ни дакупам го мачкав еднаш на мене ама не ми се свиѓаше ич маслото и е супер
неможам да најдам тема за бањање на новородено па сакам тука да прашам од кога почнувате да користите козметика (шампончиња, купка,сапунче,масло.....) при бањањето? дали од самиот почеток или прво се прави само одмивање без да се користи нешто? и посебно за одмивање на интимниот дел кај девојче,дали треба да се раздвојуваат срамните уснички? можеби е глупаво прашањево ама јас ете незнам што треба да правам а сметам дека е важно. ако има посебна тема за бањање ве молам пишете сакав да отворам ама да не испадне дупла