Ако може мислење од @Biodevojka, станува збор за кремата од Frezyderm, го рекламираат како безбеден за бебеиња и деца само со физички филтри. Ако може мислење
Драга вистина е дека е со физички филтри има цинк оксид и титаниум диоксид, меѓутоа не е природен затоа што има силикони (диметикон и циклометикон, има минерално масло кое е нафтен дериват, има ПЕГ и ППГ кои се навтени деривати, потоа има изопарафин кој е навтен дериват итн. Поздрав.
Дали на бебе 4м се става крема со фактор и која? Алергична сум на сонце (ако не користам крема за сончање добивам осип и страшно чешање а потоа и темп..)..ми е страв и она да не стане па би почнала со третмани од сега
Мајки ако може да споделите искуство: со која козметичка колекција започнавте? Што е подобро за бебе? И што користите од козметика?
Дали за бебе користите купка/гел за бањање а по секое бањање го мачкате со млеко за тело од истата колекција?
Да, ја бањав со купка, растворена во водичка. А за мачкање бидејќи имаше екстремно сува кожичка мачкав со масло од истата колекција.
Луѓенца ова за новороденче ќе го биде ли или за поголеми бебиња е? И дали да го разредувам во водата во коритце или е само за косичка?
Секако ќе го раствараш, што и да земеш, мора да го раствориш. Не сум Џонсон фан, особено после сите тие антикампањи дека не е добар, имам сега одбрано една колекција Далин ама следно ќе земам Џонсон, чисто да пробам.
Што помалку за бебе толку подобро. Има мислам и едно 2у1 ама и ова ќе ти заврши работа, пред се бидејќи бебе и не е прљаво којзнае колку. Раствори во водичката, стави го бебе, заплакни убаво со водата сапунеста и исплакни со чиста вода, толку.
Во ред се и Хип и Мустела, што ти одговара тоа зеди, тек кога ќе се роди бебе ќе видиш дали изборот му одговара
По препорака од свекрва ми, стар педијатар, тогаш на 70 год, кога ја донсовме дома не ја бањав со шампони, туку со млака вода и во неа рстворено едно што ја прави водада виолетова ( не ме фаќајте за збор, перманганат... ли беше некој не се сеќавам), ова е застарена метда знам, но кожичето и беше стакло. Не знам зошто на бебе од неколу дена да му се става козметка, за мене малку не логично. Мојата е 4 год па уште освен на косата не на секое бањање и ставам по телото гел за туширање или слично. Мелко за тело, крема за личе уште и немам ставено. Човечкото тело е совршенство, па и кожата сама по себе си создава материи за самоодржување. Нормално основна хигиеа и задолжителна. Козметиката е за таму кај што има проблеми да и се подпомогне ка кожата. До три години алиштата и ги перев посебно со сензитив прашок, омкнувач воопшто не користам, ни за дете ни за нас.
Си ја дезинфицирала од старт со перманганатот, еден од најјаките дезинфициенси е, и мнооогу суши. Има среќа што не си и ја упропастила кожата со секојдневно миење со KMnO4. Пошто тоа се користи со строго медицински намени, по потреба. Не треба бебе да се шлапа со козметика, ама не треба ни беспотребно да се малтретира со јаки дезинфициенси.
Се согласувам. Знаев дека е дезифициенс, но растваравме многу малку и мн добро и делуваше. Можеби сме имале среќа или пак има добра кожа. Секако секој си одлучува, но никако не сум за козметика од прв ден.