Хиперманганот ти е поопасен од било каква природна козметика. Мајка ми кога раствараше за синко, го бањавме еднаш неделно во таква вода, цели раце и испукаа кај што допрела со него. Досега никогаш од Веледа или друга детска козметика не ни испукале рацете. Сепак сме 21 век и има многу природна и нештетна козметика, не да се мачкаме беспотребно, ама да се полие со растворена купка стварно не е штетно.
Мамички ние сме 16 дена досега ја капам со чиста вода само и ништо друго не користам ама кожичката и се лупи на рачињата и лицето забележав деновиве и кај мешето.што ми предлагате да земам од козметика имам само шампонче на хип ама не го имам употребено уште.знам дека наназад доста сте коментирале на оваа тема ама сум во дилема што да земам
@duffi @kukla21 јас купив една мајка ми ми рече ќе ми требала, како што разбрав кога ќе мењам пелени и пудра да ставам. Ај млада сум ќе научам што за што е
За тоа не сум ја користела. Ставам повремено павловичева. Нема моето проблематична кожа, никогаш немал црвено газе. А за другото твоја одлука. Лани имаше бутки, да ја впие убаво влагата ако не сум го избришала добро и зацрвенува. Годинава е шланг и не ставам толку често. Секако внивавав да не се вдише. Не му давам во рака никако.
Јас веледа дирекно и мачкам, без да и растворам. Така ја капеа уште во родилиште. Досега кожата и е супер.
Аха. Јас имам Бекутан и Џонсон и двете на подарок од некои сетови беа. Сигурно има и други. Мачкај го нешто ќе се повлече. Од жешкото е.
Маслена купка освен еуцерин има ли друга? Еуцеринот му одговара ама ај да сменам ако има нешто подобро. За тело ја земав кремата на Логона и сега за сега сум задоволна. Веледа воопшто не е хидратантна а цела колекција имав купено. И пудра има ли друга освен Бекутан? Имам аверзија према бекутан
Секоја линија има и беби пудра. А што ќе ти е, ако може да прашам? Реално не ти ни треба пудра. Има маслена купка на Бекутан, на други не сум видела. Во лето избегнувај многу мачкање на кожата, се затнуваат порите.
Само јас ли за децата од раѓање користам бекутан? Инаку, првите три недели ги бањам (ако може да кажам бањање), ги поттурам само со вода. Мачкав првата недела јекодерм, пеленска регија павловичева. Сега мачкам хидратантно млеко на бекутан, додека кожичката влезе во нормала. Од три недели, месец ќе користам купка и шампон - бекутан.
Не си само ти, и кумата моја користеше, ама од тој Бекутан маслена купка дете и направи изгореница на главата и од тогаш ни да ги види. Искрено квалитетот на Бекутан е ужасен, пелените се најодвратните пелени кои може да постојат, пуштаат гел и не држат ништо, едно време им беше подобрен квалитетот, ама... Влажните се многу јаки, алкохол фршти, штипат на очи а јас пошто имам хемороиди можам да потврдам дека пржат секако. Од бебешкото хидратантно имав таков лош осип една година на плажа, плик бев цела. Познавам мајки кои само Бекутан користат, и задоволни се, јас не, на прсти се бројат работи кои од нив ги користам. Пудра бебешка во лето не ви треба, оставете минутка после бришење само ќе се исуши, што ќе ви е, алуминиум и талк да дишат децата.