Jaс со Бекутан крема мачкам газе, не сме имале мака. Еднаш кога и се вцрви, ама од кака беше, тој период мачкав бепантен, судокрема и павловичева. Шампон Бекутан купив кога потпркна, ја печеше на очи, и се вцрвенија белките, вриштеше ко лудо. Сега сме секој ден со вода само, и преку 2 - 3 дена со Corine de farm. Млеко за тело не мачкам никакво. Супер и е кожата и сметам дека нема потреба.
Павловичевата на Бекутан со невен е многу ок. Да не зборувам за тоа колку деца пораснаа со Бекутан пред да излезат другите козметики. Чему толку осуда кој мајките кои посегнале по Бекутан? Моето е на Хип само купка од прв ден. Сум добила и Бекутан, сум ставала повремено. Ништо друго не му ставам на кожата. Ни дадоа Корине со пелените не ми се допадна мирисот.
Пелени користам памперс, зза козметика зборев и до сега никаков проблем сме немале, 2 и пол.години ми е поголемото дете. А марамчињата се уште ми се најубави.
Ако мислиш на мене јас не осудив, само реков дека јас лично и кумата моја сме имале лошо искуство со Бекутан. И Бекутан од пред 10-15г и сега не е ист, Бекутан за внука ми кој го користевме и овој не е ист а камоли друго. И ова не е од мене, од вработена во Алкалоид е. Кому му одговара нека си користи, негово право, ама не е Бекутан за мене прав избор. Да не биде дека имам нешто против Бекутан, го користам сапунчето за газе на дете и спрејот против комарци, супер ми се, влажните како вадат флеки од теписи и гарнитура, рамен им нема, ама другото за мене не е избор.
Таа ја користам, мислам со помаранџесто капаче е со невен. Супер ни е и долго трае. Бекутанот остана да го дотрошам за газе кога ја плакнам во када, само на очи ми даде лоша реакција. Дека не е ист ко што бил не е, ама па не верувам ни дека значително полош од другиве колекции со слична цена што се. Не знам дали некоја користи Sleepy влажни марамици? Јас фатив еднаш да бришам шминка со тие, лицето како изгребано го осеќав. А 99% вода. Од Виолета 99% сум многу позадоволна.
И јас од Виолета со вода сум најзадоволна, и од Бејби Кер зелените и виолетовите, од Памперс сензитив влажните му се вцрви газето, само од тие и бебешка пудра му се вцрвува. Вообичаено не му смета никаква козметика или пелени, само од Јес бејби пелените од Зегин и ова што пишав се има вцрвено.
И јас исто користам Бекутан за пеленска регија, таа витаминската што е со портокалово капаче. Од старт ја користиме, уште во болница и' ставаа и одлична е, никогаш проблем не сме имале. Досега не ми се вцрвила на газето никогаш, па не сум имала потреба од друго. Кремчево е супер. За бањање користам се' на Хип уште од старт. За тело и глава купката 2во1, а користам исто и млеко за тело и кремче за лице. Сега летово млеко и крема за лице прескокнувам, само од купката на тело и главче и толку. @TeddyGrey едно време се попалив по влажните Слипи, дека ги рекламираа као демек само со вода, бла бла и купував за бебка едно време, ама веќе не. Кај неа се покажаа ок, ама немам Зегин во близина и не секогаш можев да купам кога ќе снемав, па си се вратив на Хип. Од старт сме на тие и супер се.
За мене е избпр зашто никаков проблем сме немале. Можеби има врска и кожата и дали го прифаќа нештото. Сите на нешто плукаат као не чини, ако не чини за вашето дете, за други е океј.
Јас кога бирав козметика за бебе пред да се роди, не гледав ни искуства, ни прашував. Само реков, со тоа и тоа што сум решила - ќе почнам. Ако бебе не покажува реакција, нормално ќе си продолжам. Така да, никогаш не знаеш од што ќе јави реакција бебето. Може дури и од најскапата и најприродната колекција да реагира. Почни со што мислиш, ако одговара - супер.
Јас немам чуствителна кожа ама ич. Можам да се шлакам со се и сешто. Ама, еднаш купив сапунче на Бекутан за да го користам само за интима. Леле луѓе печеењеее сакаш ли. Катастрофа. И оди после на бебе стави го тоа исто сапунче. Нема шанси. За мирис на колекцијата немам коментар, преубав е. Овие другиве колекции ама ич не ми мирисаат на бебе, ама тоа е.
Не за тебе. Општо на темата а се спомне Бекутан, се скока како отров да е. Павловичева користам на Божена, не знам дали ја има у Ск. Ја прават кај нас специјално за една аптека. Ама кога немам прв избор ми е Бекутан со портокаловото капаче. Влажните за мене ги користам за бебе ми се суви. Почнавме со Памперс Фреш и не ги менувам. И јас земав тогаш Слипи да ги пробам прво на мене, не ми одговараа. На бебето не ставив. Не значи дека на друг нема да ги биде.
И јас користам Бекутан,поголемиов порасна со нивните пелени, па тогаш и немаше многу избор бекутан косили и хип почнаа тогаш козметика да вадат. Е сега пелените кога зедов за малиов после шест години не беа исти. Пропуштаа и чудни ми беа. Кога бидов мејд ин Турција. А за големиов беше мејд ин Алкалоид. Маливе со дајперс пораснаа а за козметика не давам пари ич на тие скапи креми, шампони и слично. Како што некој мисли за фармацевтската мафија така јас мислам дека ова е бизнис. Пред некој ден ја измив малава под чешма набрзинка газето со течнипт сапун раце што миеме па ништо не и беше. Когаредовно се негува со вода и ннајобичен сапун е добар. Крема им ставам од кам една бела продерм со мала гратис,досега е супер, од прво павловичева оригинал ама искрено скапа ми е. Пудра бекутан на лице ставам ретко бекутан или од оваа белава и пидобра им е кожата отколку кога ќе ги шлапам често. Големиот го мачкав ко бебе со бекутан млекото и маслото, маливе со една крема бекутан рибино масло. До кај шест недели дур се оправи кожичката. После павловвичева сега ретко ги мачкам. За црвено газе најмногу ни помага судокрем. И хип млеко и шампон имам пробано ок се. Друго ништо кога ќе видам цени ми се лоши. Да не ме сфати некој погрешно, секој за себе си знае.
Не дека ми треба, жена, да си имам . Што се однесува до Бекутанот јас лично порано го сметав онака прв избор за бебе што се вика. Ама не дека имав видено состав, распрашано, читано... Е сега откако имам прочитано повеќе мислења меѓу кои и на биодевојка искрено не би ги користела. Не ми се допаѓа составот, не ми е соодветен за бебе и тоа е тоа. За синко од почеток сме со Еуцерин, имаме проблем со кожата и потребна му е маслена купка. Лосион исто до скоро еуцерин користевме ама сакам и пробувам природна козметика. Веледа како што кажав уште повеќе му ја сушеше кожата па се вративме на еуцерин. Сега земав Логона ама кремата, не лосионот и сум задоволна. За сончање лани еуцерин а сега еко козметикс купив и исто сум задоволна. Влажни исфрлив уште на 2 месеци. Од тогаш сме со тото сувите. Си ги мокрам па го пресоблекувам, тапкам и со суво, чекам да се исуши убаво па облекувам пелена. Повремено мачкам газе со домашна крема од невен (претходно павловичева). Пелени памперс премиум кер од прв ден (во последно време гаќички за навечер, зашто другиве му пропуштаат). Немам проблем со нив и не гледам причина зашто би ги сменила. Во однос на другите, користете она што мислите дека е најдобро. Но, олабавете се малку и дозволете некој да ви предочи некои работи или прочитајте, прашајте, размислете... Не можам, ама стварно не можам да ги разберам муабетите "јас му дадов, ставив... и ништо не му беше" зашто стварно не знам што очекуваат да биде во моментот.
Јас имав земено мустела, ама кожичето многу му е суво и педијатарот ми кажа само еуцерин за него некое време, после може било што. За мачкање ништо. Не земајте пред време, јас као да бидам спремна, ама ќе ви кажат, навистина.
Се е тоа во ред. И јас знам каков е составот на Бекутан и зошто треба да се избегне. Ама не секоја мајка има да даде 300-400 па и повеќе за шампон, купка. Па зема Бекутан. Па ај да ја ставиме на клада, оти тука така се настапува . Океј е да се посочи и толку.
не ја користев јас,ја препорачуваат демек да служи за да ја чува пеленската регија од потпарување и осип ама мене ми рекоа дека е на хемиска база и доколку се употребува кај веќе настанато потпарување неиздржливо пече. Од козметика доволно ти е шампонче павловичева и марамици. јас со првото користев бекутан долго време. За почеток има едно пенливо се вика,за новороденчиња го користат. 2 во 1 е. За сега не знам со што би почнала. Може хипп или логона веледа некако скапо ми е,може да начекам на акција или па да сум при пари ќе земам,често менувам такви работи.
За почеток земав Хипп шампон и гел за капење, 2 во 1, во форма на фока и млеко за тело исто така на Хипп, но аптекарката не беше сигурна дали се тие наменети за новороденчиња или за поголњми бебиња, а ниту на амбалажата нема наведено. Дали некој од вас ги коростел од почеток? За пеленска регија земав само оригинална павловиќева сега за сега и влажни марамчиња бејбилов 99% вода. Пропуштам нешто?
Која со фока? Мислиш со пајче? Ако да и тоа е сензитив, соодветно е за бебе. Јас почнав со оваа Сензитив И истото млеко за тело го имам, ама не го користев. Немал сува кожа никогаш. После ја користев и купката за добра ноќ, а сега пенливото кое ја прави водата зелена( на него има фока). Тоа е за нешто поголеми дечиња. И сите се океј. Иначе не пропупташ. Таман си е, нема потреба од повеќе средства.
Не. Бебо т.е кожата ќе ти каже дали му одговара или не. Ако му одговара ок не менуваш, ако не мама ќе се тушира со нив . Јас користам Мустела (зависник сум од тој мирис) купка и лосионот за мачкање. За пеленска регија оригинална павловичева и на Веледа за пеленска регија. Влажни марамици само во екстремни случаеви кога сум надвор од дома а тој е какан инаку за по дома земам од ДМ марамчињата кои се топат со вода, топ се.