Можете да користите што сакате, ама едно да знаете, кожата е најголем орган на човековото тело и памти. Не сакам да паметувам, скраја да е, иако мислите поинаку, ама ако денес не се грижиме за кожата на децата во иднина ќе ни наплати десетоструко. Ако не ви одговара Бекутан заменете ја за Хип, Веледа, Логона, Корин де Фарм, Далин, Џонсон... Било што. Првите знаци се изразито црвенило, сувост и чешање. Ако ви одговара голема е веројатноста дека за цел живот ќе ви одговара и вам и на бепче, тогаш терајте и НЕ мењајте. Јас почнав со Веледа, ми го дадоа на подарок, ама мислам дека и да не ми го дадоа на подарок ќе набавев нешто такво за почеток и немало да згрешам, се роди со сува кожичка, дополнително се исуши кога дехидрира на 2 недели старост и навистина сум и до небо благодарна на Дани за подарокот, за многу брзо време се врати во нормала кожичката. Од тогаш сменив неколку различни брендови и немаме проблем, можеби секако ќе немало никаков проблем ама мислам дека првата нега е најважна. Уште едно да ви кажам, можеби сумите ви изгледаат астрономски наспроти 100тината денари за Бекутан, ама гледајте ја количината и конзистенцијата, Бекутан е 200мл и многу течен и брзо се троши, а сите останати кои сум ги користела се густи, поголема количина на пакување и траат по долго. Со првото Веледа средство го капевме точно 3м. Најприближно до Веледа ми било на Алверде органското средство за бебе, цена неколкукратно помала од Веледа. Пратете си го детето, неговата кожа и како тоа реагира, најдобар показател ви е тоа, па дури и ако Бекутан е за него правиот избор не е погрешно, напротив е најдобра козметика за него/неа.
Благодарам duffi. Инаку ова е купката. Пишува и на неа сензитив, но и во спецификацијата не стои дали е за новороденчииња. Стои само за деца и возрасни а ова е лосионот за тело Се надевам нема да предизвики реакции, но ќе следиме па ако треба ќе менуваме
Не ми излегуваат сликите. Ама претпоставувам океј е. И онака ставаш капка само во водата на почеток. Да на сите тоа пишува за деца и возрасни. Мислев да не е зеленото оти оно ја бои водата па има претпоставувам хемикалии плус.
Јас да прашам дали користите нешто за овие вруќници или како и да се викаат што искачаат од топло?туширам по 3пати на ден но не се повлекуваат.
Ништо или благ ама ептен благ гел за туширање растворен во водичка. Нас само од вода поладна ни се повлекуваа.
Razgovarav so povozrasna majka, mi rece za nejzinoto dete koristela za banjanje samo chicco sapunce drugo nisto i posle banjanje nikakvo maslo, krema i sl. Po potreba samo original pavlovicava. Nekoj drug so koristel chicco sapunce da spodeli iskustvo?
Со што ги бањате бебињата, јас само со сапунче ама му се суши кожата, дали може со мицеларна вода? И каде можам да го најдам маслото од мустела?
сапуните ја сушат кожата,јас одамна ги отфрлив од употреба. Земај гел за капење имаш доста избор никако мицеларни води и дополнителни средства
Карши Мекдоналндс е продавницава, порано тука имаше Икона книжара, она за слабеење Липосукциска диета, мислам сега Леонидас и Логона козметикс (кај што го има кремчево) се едно до друго, околу 900ден е.
Ако одите во Грција, да знаеш, ич не ни помогна Мапез спрејот. Секоја вечер прскав, едно шише потрошив за четири ноќи, џабе. А намерно го купив овојпат, пошто го фалат.
Па и јас за тоа го купив. Лани Чико прскав и на дете и на мене. Дете без ни еден каснат комарец, јас партали. Ќе видам баш како ќе се покаже мапезов. Иначе, еко во логона беше 1100.
Сите се прскавме, сите не' касаа, најмногу мене и малово. Големиот така така, а мм најмалку, ама тој во Скопје во воопшто нема мака од комарци. Имав и Mousticare, тој за нијанса поефикасен се покажа. Ама пак касаа. Друго немав со мене, не знам Аутан дали би бил добра опција.
Ели доволна ли е една? Јас секако малку го мачкам ама некако мало ми изгледа многу. Веќе го имам намачкано неколку пати па се мислам дали за на одмор да купам уште една