На бебе по нозете и мешето му се појавија лишајчиња, вака не се гледаат, ептен треба да се загледаш да ги видиш ама на допир се осеќа рапаво. Користиме Мустела купка и млеко за тело. Дали треба да смениме козметика или само лишајчињата да ги мачкаме со нешто? Пробав со павловичева,не поминува.
Јас освен шампончето и купката на Мустела 2 во 1 друго не сум пробала да им ставам. Пеленската регија и телцето им го мачкам со Јекодерм. Досега не сме имале проблем. Влажни марамици не користам, освен кога не сме дома. Памучни туфнери (оние за вадење шминка) и топла водичка за мене е сосема ок. Исто така, најважно е после какање да се измие дупето. Мислам дека така нема да се случи потпарување или слично.
Кај делот на пелените малце почна да се нафрла бебчето, користам Јекодерм, ама како да не помагс, нешто ефикасно да ми препорачате за тој дел?
Бев во зегин ама немаа од веледа млеко за тело па ми ја предложија оваа крема била многу добра ама гледам сега на упатство пишува дека се користи кај пеленска регија или некаде ако има црвенило дали можам да ја користам после бањање за цело тело или да одам да ја сменам?
Ауу не судокрем, тука во Гр неодамна прочитав дека нашле некоја состојка штетна и ја забранија за продажба....
Бањајте со маслена купка има Бекутан поефтина или др.поскапи варијанти и мачкајте крем за атопична или крем за сува кожа. Мислам дека е почеток на атопичен дерматит ама сепак педијтрот го има последниот збор.
Јас оваа крема стрикно за п.регија ја користам , така пишува а и густичка ми е за цело тело да мачкам. Од Фрезидерм за тело ова го користам, млеко за тело е и задоволна сум многу
За цената не знам колку е , јас од Грција го имам купено. А во Зегин треба да го има, мислам го имам гледано.
Зегин ги фаворизираат Фризидерм дека само они се увозници и ги држат и имаат ќар, иди враќај и друг пат не се лажи. Чим пишува само за црвенила значи има цинк, прочитај убаво, а со таква крема не се мачка често и не е за секојдневна нега. И друг пат не менувај креми ако одредена му одговара, понекогаш тешко е да погодиш соодветно кремче кај бебе. @0ли лимените кутии од Веледа ги има и кај нас, не секогаш али ги носат. Пред некои 2недели ги запазив во Еурофарм во Џамбо. За цена не знам..
@emkaemka Фала, баш ќе видам. Го зедов од аптеката во Систина картонското куферче што има купка/шампон 2 во 1 + за пеленска регија. На 25% попуст беше, мислам дека околу 700 го платив. Во лимената што има?
1.057ден пишува дека е. Отвори на официјалната страна на Веледа за мк, можеш и да прашаш каде има и дали уште е на попуст, ова со 25% е од ноември.
Сеуште сум бремена прво ми е и не знаев што да купам јас им барав млеко за тело за после бањање они тоа ми го препорачаа вика можеш слободно да го мачкаш секој ден нема гајле и ај го земав ама после дома прочитав дека е уствари само за пеленска регија а такво не ми треба си земав павловичева оргиналот на павлодерм
Врати го Фризи, може вода да и носи на Веледа, зеди си пампи за бебчето. Баш се кретени од Зегин, често прават вака Со лесно
Ок, така може. Иначе да споделам искуство со две деца - првото како бебе го мачкав со бекутан со невен на секое менување пелена. Многу често имаше пеленски осип. Второто го мачкав само по потреба, ако имаше осип (еднаш дали имал) или црвено газе. Второто ич немаше проблеми со осип како првото. Освен што и двајцата имаа алергија на пелените Памперс. Заклучив дека не треба постојано мачкање со креми и хемии на газето и општо по телото, освен ако нема потреба. Не ми е целта да ти речам да не користиш ништо, секако ти решаваш на крај можеби твоето искуство ќе биде поинакво.