Нормално секој со своето искуство, мене ми е прво и викам ај да си се опремам со се па ќе видам што и како ќе му одговара тоа ќе му користам Сепак фала на споделеното искуство
Да прашам мајки со повозрасни дечиња. Не бебушки. Каква козметика користите за нив? Големото ми е скоро 7 години ама веќе го капам со гел за туширање наш т.е оној фамилијарно пакување кое го користиме јас и маж ми а шампон детски - косили. Што користите вие?
Женски да препорачате крема за тело, а да е органска? Веледа не доаѓа во предвид, ја имам многу е тешка и мрсна. Некоја со лесна текстура? Не користам креми секојдневно, сакам да ја мачкам само после бањање.
Реално, нема потреба да мачкаш ништо ако нема проблематична кожа. Колку помалку мачкање, толку поубава кожа, од искуство со две деца. Ако веќе сакаш, види ова дали го имате http://www.eurobiolab.com/productio...rica/baby-moisturizing-milk-for-everyday-care
и јас мислам дека немаш потреба од мачкање ако нема некој проблем со кожата во смисла да е сува. Јас само шампон користам и крема за пеленска регија и тоа ретко ја мачкам.
Го има, го најдов онлајн. Еден период мачкав само атопрел на фризи по препорака на педијатар оти имаше суви делови. Сега е добра. Не мачкам ништо без потреба. Ама сакам за после бањање бар само, нешто со лесна текстура и хидрирачко за да не и се потсуши пак.
Е па супер штом го има. Кај нас е прилично скапичко, а убава е козметикава, бар мене ми се свиѓа. Нема штета секако, и онака е природна.
Скоро 13 евра е онлајн. Во аптеки веројатно поскапо. Ама не ми е за секој ден па баш ќе го пробам. Иначе да.. соленко.. Фала на предлог.
Сакам деновиве да купам козметика. Што се е потребно освен шампон, крема за тело и крема за пеленска регија? Читав и за Мустела и Веледа и не можам да се одлучам. Поделени мислења има. Веројатно нема да згрешам за која и да се одлучам.
Јас детски уште, 7 години е и моето, да ти кажам и јас со детскиот се капам откако сум бремена оти многу ми е убав, нежен, без парабени, без алкохол и такви работи. До сега никогаш со наш не сум го капела, што знам, секогаш детски му купувам, море и бебешки не само детски....
Имам можност да купам од Грција. Доста поевтина е таму козметиката и веројатно во аптеки можам да ги најдам?
Па зависи, кога е на попуст, да, малку е поефтина. Ама не секогаш. Јас ги купив овие на попуст ги начекав, крема и шампонче, оваа фирма не знам дали ја има во Мк, био природна е за бебиња и деца
Шампонче, млеко за тело и маст за газе се доста за почеток така да мислам дека не ти треба ништо друго. Плус јас му мачкам и кремче за лице, и масло за теменица, ама тоа можеш да купиш и откако ќе се роди.
@Kallias2 не сум знаела дека од истава линија на Апивита има и шампон. Кремата е многу убава , јас имам купувано за големата шампонов го порача ? И ако може линк да ми пратиш