Тоа кремчето во кутија што е си го имав купено за мене, мачкав раце. Мирисот ич не ми се допаѓа, дури и не можев да го поднесам, како премногу шеа путерот да се осеќа. Јас лично не би го купила уште еднаш само поради мирисот, но тоа не значи дека тебе не би ти се допаднало.
Синко овие две недели е со црвени обравчиња После бањање навечер и после трчање надвор му се интензивира и му трае. Користам од бебе еуцерин атопик контрол и за лице, ама ова со црвенилото не поминува, дали имате некоја предлог крема? Прво почна после вечерата со млеко, па сменив млеко без лактоза. Сега му се јавува како што пишав навечер и денски ако е на оштар воздух и трча . После му трае по цел ден ....
Мене само косили ми мириса на бебе и ептен ја сакам таа колекција. Претпоставувам дека е тешка хемија
Девојки вие што користите Weleda органска козметика за новороденче може ли да ми кажете што користите и како сте задоволни?
Повеќе од година ги користам и сум презадоволна. Шампонот 2 во 1 за коса и тело го користиме секојдневно. Маслото за тело го користев кога се роди,дека беше зима и сува и беше кожата,ја мачкав после бањање до пролет.Исто го користев за масажа на стомачето кога имаше грчеви.На главата и ставав кога имаше мали лушпички од раѓање да омекнат и потоа со чешелот сами паѓаа. Кремот за лице,исто,кога беше новороденче и мачкав пред да излеземе надвор.И сега,ако е ладно надвор и ставам од кремот. Крем за пеленска регија купив покасно,после дохраната,кога и се вцрвенуваше газето.За секое црвенило ме спасува.Досега,за мене, најефикасен крем со цинк оксид. Мирис нема некој посебен и тоа ми се свиѓа.Ја препорачувам.
Ти благодарам најмногу, значи како за почеток (треба во секој момент да се породам) да земам шампонче и купка, а за после бањање како кремче за цело тело што да и ставам, од маслото ли? И после менување на пелена со што да ја мачкам, дали со кремата за пеленска регија? И дали знаеш каде е најефтина?
Јас,по препорака на патронажната сестра, првиот месец ја бањав само со водичка,а имаше и мамички кои веднаш си почнаа со шампонче.За ова како ќе правиш ти,ќе се консултираш со патронажната. Во првите два- три месеци го користев само маслото за тело после бањање и кремот за лице по потреба.Да напоменам пак,беше уште зима.Значи и тоа по потреба.Бебешката кожа е толку нежна,што нема потреба од многу мачкање.Мое мислење е дека само во првиот месец би ти требало за мачкање.Може повеќе би ти користело за масажа на меше или теменицата. А кремот за пеленска се корист при црвенило на газето додека да помине.Ако нема црвенило,јас мачкав обична павловичева. Мој совет ти е да не брзаш со купување.Се можеш да си докупиш како ќе ти треба.Ако веќе сакаш,има некои куферчиња,не знам точно каде,со малку пониска цена за почеток.Инаку јас ги купувам од Зегин,цени не ме прашувај,не памтам.
Јас ги имам маслото, кремата за пеленска регија и шампонот/гелот за туширање. Тие одеа во пакет. Од почеток и сеуште, капнувам неколку капки масло во кадичката со вода каде ја бањам. Само што на почеток ја плакнев само со чиста вода на крај, а после некое време почнав да го користам шампонот/гелот за туширање. Маслото е мрсно и тешко за бебешка кожа да го мачкаш дирекно, ниту крема ако нема потреба. Секако тоа дали ќе мачкаш нешто секојдневно зависи и од тебе. Кремата за пеленска регија само неколку пати ја искористив оти немаше проблем со потпарување, неколку пати само се вцрвени оти не сум приметила дека е искана и не сум сменила одма пелена. Од едно мачкање поминуваше. Дополнително нарачав крема за лице и тело, ама е доста мрсна и тешка, оставаше мрсни траги на кожата и не ми се допадна па не ја користев воопшто. Земав на Мустела за лице со заштита од ладно за зимава. Имаше поубава текстура и убаво хидрираше.
@strel и јас сум многу задоволна од Веледа за пеленска регија. Но имам прашање за @babydust I @Yowannty јас таа крема ја користев од новороденче до сега 8ми месец, пред 2 недели ја сменав купив павловичева. Вие пишите само доколку имало црвенило, јас 8 месеци ја користев. Несакани последици? Мислење ако сакате?
@Makedonka007 јас ништо не и мачкав ако немаше потреба, и не гледам зошто би ставала крема секојдневно без било каква потреба од истото. Бебешката кожа е толку деликатна, нежна и мека и треба да диши. Тек сега после 6 месеци купив органска крема за да и ја мачкам на телце после бањање, а тоа е 2 пати неделно. За негативни последици не знам, ако нема некоја иритација пројавено, некој контраефект до сега, од пречесто користење може само да се има презаситено кожата па не би имала никаков ефект кремата.
Прво бебе и сакаш се најдобро, а незнам. И бараш, прашваш ама ете за користење грешно сум разбрала. Добра е бебка засега, нема никаква иритација. Фала ти женче
Секако. Во тоа не се сомневај. Секоја мајка е најдобрата за своето дете. Не си единствена, многу има што секојдневно користат креми. Користењето или некористењето си е избор на мајката. Јас не ти кажувам дека твоето е погрешно оти јас правам поинаку. Нема погрешно кога се што правиме е со мисла дека го правиме најдоброто.
Така е, потполно се согласувам. Само не знам дали добро ме разбра, јас ја користев само кремата за пеленска регија. А другите креми, масло не.
Не би требало да има последици.Има бебиња кои почесто имаат иритација во пеленска регија и скоро постојано се користат вакви креми со цинк оксид,така да не би требало да има штета.Сепак, не си знаела.