@strel Во аптеката во Систина купив Веледа во картонска кутија како куферче крем за пеленска регија и 2 во 1 шампон и купка. На 25% попуст се, му доаѓа за околу 700 денари и двете работи.
Дали има некој користено биодерма атодерм крема и масло за бањање? Имаме проблем со сува кожа и гнојничиња на челото и понекад на рамењата и образите. И рапавко е секаде каде што имало бубулици некад. Бевме на мустела хидра бебе, ама скроз не одговара. Дали евентуално стелатопиа се справува со овој проблем? Не знам на која колекција да се префрлам.. 4 месеци е бебот.
Zdravo majki koristime eucerin za telo no nemozham da najdam shamponche na eucerin i daki voopshto postoi ?
Ja imam maslenata kupka no mi rekoa na glavchwto da ne i stavam se pravelo kalche dali ima shamponche ?
Јас 8 месеци ја користам и за глава и за тело и немаме никаков проблем. Треба само убаво да ја исплавиш. Косата му е мека ептен.
Дали користите Јекодерм и ако да, дали по потреба или секојдневно? Веќе се опремив со Веледа ама свеќи се запнала најдобро било со Јекодерм, кожата ја праело многу мазна.
Кога ќе прочитам дека свекрва нешто напиња кај не треба, кожа ми се ежи. Јекодерм е јака крема и никако не е за секојдневна употреба на нежна бебешка кожа. Супер си се опремила, Веледа е сосем доволно. Јекодерм да и купиш на свекрва ти и таа нека си ја шлака секој ден на неа.
И реков дека ќе купам да ја имам ако затреба и ми рече дека ја користела секојдневно. Изгледа ме примети дека само мерак и правам и ми рече она ќе ја купела. Па си реков ајде веќе кога ќе ја купува да ве прашам како ја користите.
Јас користам Веледа од почеток и не секојдневно. Кремата за пеленска регија само кога има црвенило, масло во кадичката неколку капки каде ја бањам и шампон/гел за туширање нормално. За сега сум немала потреба да користам ништо појако од Веледа и секако препорачувам да не се користат од почеток јаки креми, ако се нема потреба од истите. Дополнително, за секоја реакција на кожата, избраниот педијатар ќе даде најсоодветен совет што да се користи. Со лесно.
Ние сме 6ипол месеци и сеуште после бањање мачкаме Јакодерм на Бекутан , има поблаг мириз преубаво мириса за разлика од обичниот и супер ни одговара.
Абе што ви е Јекодерм за секојдневна употреба? Значи ако има проблематична кожа бебето да ставате ако помага ама ако нема никаков проблем ни ориродна козметика нема потреба да ставате. Јекодерм ставам на газе само кога ќе видам дека е вцрвенето од второто мачкање го снемува црвенилото. Во друга ситуација би го ставила на изгореница. Зошто секојдневно да се шлапа на бебе? Вие ставате секој ден јекодерм на вашата кожа на тело на лице? Бебешката кожа е токлку нежна, мека не ја уништувајте со непотребни хемикалии.
Јас со Јекодерм го мачкав од кога се роди некој месец дена по цело тело, после бањање. 2 педијатарки ми рекоа дека е супер тоа и ми рекоа да продолжам, ама јас си земав млеко за тело на Еуцерин, таква купка користам па исто да биде. Инаку јекодерм е рибино масло, не е некоја хемија ко што знам јас. Гзето кога му се вцрве еднаш, судокрем користев.