Јекодерм купив по совет од патронажната. Бебето кога се роди после некој ден му се појавија некои лушпи на рачиња,ноџиња. Сестрата ми објасни дека тоа е заштитна обвивка на бебињата и нормално е да падне,некаде е поизразено некаде помалку,а со Јекодермот се ублажува ситуацијата
Да и јас за лушпите највеќе бев советувана да го користам. Мое бебе на мешето на грбчето секаде се лупеше, прв пат тука читам дека било некоја којзнае каква хемија. Мене ми здосади да купувам по едно пакување секоја недела, затоа го баталив..
Павловичева, јекодерм. Чувај го јекодермот на поладно, да не е скроз растопен. Можеш и Веледа, ако помага. Треба да пробаш. Секако ќе се исчисти само, ова колку да му ублажиш можеш да мачкаш.
Здраво, дали имате видено во скоро време на Weleda сет за бебе, во сите аптеки што проверив само посебно се продаваат, а сетовите се со 25% попуст.
Да провериш во Еурофарм во Рамстор или Зегин во Сити мол, обично тие се поснабдени. Мислам и дека во аптеката во Систина го имам видено, ама не сум сигурна.
Од кога си дојдовте дома одма почнавте да го бањате со купка? Вработените во аптеката ми кажаа дека бебе до 40 дена се бања само со вода и после бањање јекодерм да мачкам ништо друго да не земам
Вработените сигурно се некои пред пензија со такви застарени мислења. Првиот ден дома не смеевме да го бањаме ради вакцината,од втор ден дома-а четврти од раѓање го бањав со Мустела купка,а после бањање го мачкав со млеко за тело,исто Мустела.
@Yowannty @Kallias2 Мајки , кремава на Апивита сте ја користеле ли? Јас ја купив да ја користам за цело тело, ама сега читам дека се препорачува за пеленска регија А штета убаво многу мириса и не е воопшто густа. Ќе штети нешто ако ја користам за цело тело? Од Апивита ова масло ми го препорачаа за тело.
Јас ја користам кремава за пеленска регија, тело не сум и мачкала искрено, само газе и интима оти на скоро секој подој кака и некогаш не ја ни осетам дека какала и од страв да не ми се вцрви ја мачкам со кремава на Апивита, многу е убава навистина и мислам дека е и водоотпорна За маслото не знам, не сум го купувала, ја мачкам со кокосово на телцето и на местата каде се лупи.
Немам од Апивита ништо за бебе користено. Ако ти е убава види дали од истата колекција има и за тело. Јас тело не и мачкав со ништо. Освен еден период кога беше околу 2 месеца и имаше суви делови, користев атопрел на фризи по препорака на педијатар. Тек последниов месец почнав да и мачкам крема на цело тело, ама само после бањање, не секој ден на Натура Сиберика. Кремата е прекрасна, е не мириса нешто посебно, ама побитно ми е што кожата е свила.
Влошува дерматит оти е мрсен, масло има во составот. Моето од масло буквално пламнуваше по цела кожа. Само хидратантни лосиони за влажнење на кожата, нема потреба од масла. Ако има активни лишаи, со соодветна терапија да се средат. Јекодерм не е за атопична кожа.
Првите денови после раѓање нели и се лупеше кожата на твојата? Кај нас секој ден се повеќе и се лупи на ножиња, рачиња, меше, грбче, на свивките баш....ја мачкавте ли тогаш? На лиценцето? Почнува да се чисти сега и и излегуваат ситни бубчиња. Јас ја мачкам со кокосово само и ништо друго. На Натура Сиберика имам крема,за мене за подочњаци, многу ми е убава, сега почнав да ја користам откако се породив, ќе видам резултати за некој месец и нешто. И мириса убаво, нежно. И за деца ќе е сигурно убава колекцијата, ете штом ја користите вие и си задоволна.
Се лупеше малку на дланкичињата и стопалчињата од горната страна, ама не користев ништо посебно, неколку пати стаив од маслото на Веледа. Тоа си е нормално и кожата секако се менува. Без потреба ништо нигде не сум мачкала. Кожата не и е проблематична и не сакав да и ставам креми, освен кога и се потсуши па мораше. Од редовно ставање креми, само на лице пред излегување надвор зимата за заштита. Кога беше околу 2 месеца и избија бебешки мозолчиња кои ги имаше околу 2 недели, исто не ги третирав со ништо, нормален процес е, се чистеше од моите хормони. Педијатарката ми рече дека не и сметаат, не ја боли ниту ја чеша, едноставно само процес е кој без разлика што и да користам дур не се исчисти сама нема да помине. А мора да се исчисти и само трпение. Од Натура Сиберика сум многу задоволна. Дури и јас ја шлакам кремата на раце стакло ми се, ко бебешки.
@Kallias2 ина моето се лупеше кожата на телото и челцето највеќе, а имаше и такви мозолчиња , тоа е од што се чистат бебињата. Само ќе помине, не мора да ставаш нешто на нив. @Yowannty за Natura siberica не ми текнало воопшто да земам за беба нешто , кога излегоа за прв пат во продажба пред неколку години ептен ги користев нивните препарати. И излезе нешто рапаво на лиценцето под брадичката , ко лишајче , само да не е дерматитис се молам зошто знам што поминав со големата со атопичниот дерматитис.. па ете викав маслово на Апивита да го пробам, сакав нешто помасно гледам пишува дека е и за дерматит наменето.. ќе земам да го пробам , и да не чини барем не е мн скапо
Little Siberica Спојлер @koritsaki ја поима немав дека од сиберика има и колекција за бебиња. @Annath ми ја предложи сега скоро, ама ептен ми се покажа добра. А немам ништо од брендов за мене користено, сега се мислам и за мене да си нарачам крема за тело. За така суво и рапаво на кожата нас ни помогна атопрелот на фризи. Сега пак и се јавува зад ушињата и ставам атопрел. Ама пробај си со маслото стои природно дека е па нема штета.