нас патронажната сестра ни рече да го водениме и папочето така да не го пазевме, после тоа ставам 70 % алкохол и прашаче дерматол и гледам кај и да е ни падне јас сакам да прашам колку често го мачкате бебушко со кремот од бекутам шо е со рибино масло?? јас купив и се мислам колку да го мачкам?
Мислам дека веќе имам пишано оти за бањање користиме на ДМ купка “од глава до пети“. Додека ни беше папочето, не го топевме(така ни кажаа). А мачкам со Јекодерм, после бањање, и секогаш кога има потреба од тоа(посебно првите недели каде што се лупеше кожата). Јас можеби сум една од ретките мајки кои бебето не го бањаат секој ден од самиот почеток, па да чукнам од дрво немаме проблем досегга. Кожата одлично се среди без некои поголеми промени. До пред да наполни два месеца беше целосно исчистена.
е баш ова сакав да прашам, вие бебушките ги капите секој ден? ние така почнавме и во план сум така да продолжам, и некои други ми рекоа секој ден да го капам...
Здраво. Би сакала да знам, дали некоја од вас има користено рибино масло со арома на овошје, за мачкање на своето бебе, наместо јекодерм или чисто рибино масло.
Здраво ме интересира дали некоја од вас има користено себамед козметика. Јас зедов купка и шампон од чико,ама многу вештачки ми мирисаат,па се мислам да земам нешто и од себамед.Или препораки за некоја друга убава козметика. Исто сакам да ве прашам дали имате некаде сретнато косили,бидејќи на неколку места каде што прашав ми рекоа само дека има од фалсификатите. Благодарам.
Да ви кажам ние користиме козметика од Baby Love, а Јекодерм или Бекутан за мачкање со рибино масло, и на сите ви ја препорачувам козметиката на Baby Love од ДМ. Значи од купки, шампончиња, креми се им е убаво и плус безбедни се за бебето и ефтини се, а квалитетни се. Особено купката за бањање со лаванда за полесно заспивање на бебињата ептен убаво мириса, голема е и не е скапа, а и таа купка што ја кажува meU „од глава до пети“ е исто многу убава. А за бањање на малиот и јас не го бањам секој ден туку 4-5 пати во неделата, а и не е препорачливо секој ден да се бањаат, туку 3-4 пати во неделата. Ова го читав на сајтот на babycentar.com, најпознатиот сајт за бебиња.
Јас вчера зедов еуцерин купка маслена зашто почна д аи се суши кожата ипокрај употребата на масло а за бањање модифицирам ако видам дека и се чисти главчето на пример како сега и се менува кожичката бањам секој ден ако е се ок тогаш преку ден
Косили не се произведува веќе од невена лесковац оригиналот,го забраниле така слушнав,има само од фалсификатите ама исто слушнав дека не биле добри. А за себамед ако има некој користено нека пише и мене ме интересира,јас се мислам да купам еуцерин маслената купка
Него сакав да ве прашам за мнгоу сува кожа што ги мачкавте бебињата јас мачкав нивеа масло ама некако не ни иде па сеа земав пантексол лосион ми препорача педијатарот ексомега на а- дерма ама немам 1100 ден во моментов навистина ми рече лекарката као еуцеринот немало да помогне за мачкањ може за бањање па во аптека ми дадоа пантексол ?
мамички што ни препорачувате за да се мачкаме, затоа што мн ни е сува кожата на рачињата и ноџињата, користевме од бекутан рибино масло, ама денес докторката ни рече одма да се откажам од него, т.е воопшто да не ги користам производите од бекутан, мн ја сушеле кожата кај бебињата
производите на бекутан сите содржат парабени,дури и павловичевата,видете сами прочитајте,а маслото за мачкање сите парабени ги содржи,мислам беа 5,баш штета
мене во болница ми ги препорачаа производите на хип но поради финансиите пробав беколино и до сеа сме супер а павловичева ја користам детска витаминска крема онаа розевата од наше време некако ми е нај нај добра па што знам
Син ми има многу бела и хиперсензитивна кожа, буквално од се му излегува црвенило, па после 2-3 проби, спас си најдов со Мустела стелатопиа и претходно го бањам исто со мустела 2во 1 за коса и тело и супер му е кожичката, друго ништо не му ни треба. Така што препорачувам на сите што имаат бебиња со премногу нежна и осетлива кожа, да ја пробаат мустелата. А ова со бекутанот ме збунивте, јас ја користам витаминската крема за во пелената и до сега немам никаков проблем, супер му ја третира кожата.Има некој инфо за Бекутанот??
Ќерками откако е родена користиме бекутан , буквално се млекото за тело, шампон, пенливо, масло, бекутан со рибино масло, бекутан памперс .. До сега сме немале никаков проблем !
Не се работи за проблем туку дека бекутанот како и беколиното имаат парабени тоа се штетни супстанции кои навлегувајќи во организмот се однесуваат како квазихормони и реметат многу од нормалните биолошки хормони . Покрај парабените таква супстанца е и бисфенол А кој го има во пластиката и пластичните шишиња па треба да се внимава кога се купуваат шишенцата за децата ама сега сите скоро по аптекиве немат бисфенол а затоа носат ознака BPA free или BPA 0% вакви супстанци има уштемногу со кои доаѓаме во контакт а не ги знаеме има листа на нет под името ксеноестрогени и начинот на кој тие се штетни во организмот ако се внесат . Штетноста од овие супстанци доаѓа по години и години употреба а и многу зависи од самиот организам не значи дека некогаш ќе дојде до болест