Јекодерм е на база на нафтен дериват, вазелин. Како нема хемија? Има. Иначе и јас ја користам, за изгореници.
Јас искрено немам познавање од хемија и состав на продуктите. Ви кажувам дека 2 педијатарки ми рекоа дека Јекодерм е супер и да го мачкам цел со него додека е мал. Ако тие не знаат, што да кажам. Крај краева секој си одлучува за своето дете.
Какви сме ние израснати е долга и дискутабилна тема. Статистиките велат најнездрави млади луѓе имаме на ниво на Европа, што е страшно поразително. За живи живи сме, за другото сите можеме да се потрудиме повеќе што било погрешно со нас, да не го пренесуваме на нашите деца. Ама нели, секој за своето си одлучува.
Секоја мајка си одлучува за своето дете! Крај краева се што поминува низ фармација не е добро ама и без тоа неможеме.
Мајки од која павловичева користите за новороденче? Не знам дали да земам на Др. Павлович или таа розевата на галафарм мислам беше.
Како тоа се што поминува низ фармација не е добро? Си слушнала за органска козметика? Факт е дека планетава е загадена, ама сертификатите на органската козметика не се ставени туку-така. Не може никој да ме убеди дека крема за лице на гарниер и крема за лице на хаушка се исти. Не се, ниту составот е ист, а ни ефектот врз кожата. Муабетот - ја го мачкав и еве се е топ е смешен. Јекодерм е крема за регенерација на кожата која е оштетена, дали кожата на бебето по дифолт е оштетена? Па уште два месеци... Исто ко цура од 25 години со сува и дехидрирана кожа коа ке нашлапа бекутан витаминска маст за бебешко газе.
Јас оригиналната ја користам. Ама еве нека кажат алтернативи овие што разбираат повеќе зошто наидов на мислење овде дека содржела нафтен дериват.
Здраво, деновиве сакав да земам козметика за бебе, дека ми е прво и без искуство сум се мислев што да земам, ја читав темава и има многу различни мислења, сега на фб ми излезе реклама на производите од Мустела, во ВиаФарм се на 20% попуст. Дали сте задоволни од производите на Мустела? Сакав да земам гел за капење, крема за пелендка регија, лосион за тело, масло и кремче за лице. Дали се доволни овие за почеток или се многу?
Не купувај се одеднаш. Може нема да му одговара се на бебето. На пример, мустела имаат неколку линии. Јас на почеток купив мустела хидра бебе (за нормална кожа), и после испадна дека моето е со пресува до атопична кожа. И сеа користам распар купки/масла/креми, и веледа и биодерма и мустела. Бирани додека не му се погодија
Аха, фала многу, за почеток само шампонче и масло за масажа доволно ке се? и после според типот на кожата да ги земам и другите. Дека се поскапи шампончето би требало да одговарат.
Мамиии за бебко за почеток купив од производите на Хипп,а откако ке се роди ако не му одговараат на кожата ќе ги сменам. Сакав да прашам ако некоја знае да ми каже што е разликата На едното гледам пишува: Хипп фока шампон и гел за капење- сензитив без солзи,а на другиот Хип средство за капење-сензитив за коса и тело. Дали може било кој производ да се користи за новороденче?Не ми е јасно што е разликата. А дали кремата за заштита од црвенило исто на Хип се користи само при црвенило (потпарување) на пеленската регија доколку се појави? Можеби малку ми смешни прашањава,но прва бременост ми е и незнам што и како треба.Се плашам да не згрешам нешто
Маслото ќе ти се најде посекако, а за шампонче земи некое помало пакување (ако има). Па користејќи ќе видиш дали е океј и дали да продолжиш со истото.