И jас jа кoристам истава кoлекциjа веќе 6 месеци и е oдлична. Дoктoрката ми кажа супер е бидеjќи не е jака хемиjа какo Мустела. На пoчетoкoт jа кoристев фoката сега гелoт мислам дека е иста намената. Кремата за пеленска региjа jа кoристиш дoкoлку има пoтреба (црвенo газе) иначе земи си павличева. Jас на пoчетoкoт jа кoристев oригиналнста нo сега пoубава ми е на Галафарм рoзевата павличева. Млекoтo и гo мачкам пoсле бањање и кoжата и е какo свила башка мириса баш нежнo. Земи си уште на Хипп и крема за лице.
И јас мислам дека фоката и она другото пакување гелот,се за иста намена и на двете шишиња на декларацијата пишува за коса и тело. А кремата за лице секојдневно се користи или само за излегување надвор? Павличева и јас мислам дека ќе ја користам розевата,од порано од сите што сум ги користела некако онаа на Галафарм најмногу ми се допаѓа. Сега следно што ќе снабдувам е пампрес,павличева и влажни марамици.
Jас и ставам секoе утрo стануваме мењаме памперс, миеме лице такoв ни е редoт. Влажни ти ги препoрачувам виoлета сo 99% вoда. Пелени какo за пoчетoк земи си Памперс Сензитив пoнатака мoжеш да смениш. Jас сега сум задoвoлна oд Пуфис. Сакам да ги прoбам и Виoлета.
Мајки што користите Еуцерин маслена купка имам едно прашање. Бебе го бањам со маслената од раѓање, ама сега му порасна косата повеќе и после бањање му е како мрсна. И кај вас е така? Сега поради тоа се мислам да ја сменам
Ne, ubavo i obilno go mijam so voda i kosata mu sveti megjutoa koristam eucerin maslena atopi contol moze da e porazlicna od taa crvenata linija
Мами, дали бебчињата ги сапунирате дирекно на кожата со геловите или маслата или правите сапуница во водата па го полевате со неа? Како е подобро
Јас лично нанесувам на моите раце, ги тријам, правам пена, па нанесувам на кожата на бебенцето. Досега сме немале проблем.
Цената не е гаранција дека ќе му одговара козметиката. Мустела и Еуцерин се медицински тип на козметика. За почеток купи обична бебешка козметика, ете имаш на Хип, Веледа, Алверде, Бејби Лав....некоја ќе се погоди. А ако се погоди да има понатака проблеми со кожата, тогаш размислувај за медицинска козметика.
Мајки дали кремава за пеленска регија на Веледа е за секојдневна употреба? Во аптеката ми кажаа дека може да се користи секојдневно ама мене ме буни тоа што на кутијата пишува почесто да се користи при црвенило
Да, му се мрси. Јас за секој ден користам оргинал павловиќева. Кремата на веледа само кога му е црвено газето или ако не го мијам веднаш после какање.
Мене педијатарот ми кажа сабајле и навечер да го мачкам а преку ден му ставам од бекутан детска витаминска крема бидејќи павловичевата му го вцрвенува газето
Некаде на форумов прочитав дека до 6 месеци не се ставале креми со фактор ама ако некој знае со сигурност и мене ме интересира прашањето.