Јас го мачкам на секое менување на пелената, колку што знам на природна база е и подобро со вакво нешто почесто да се мачка отколку со хемија.
Мустела за сува кожа односно млеко за тело не можам никаде да најдам. Зедов од uriage. Дали сте задоволни?
На Веледа и на Мустела за бебиња, јас ја имам од Мустела и баш ме прашаја беба колку е, само тие две се за бебиња малечки, а другите за над година дена.
Задоволна си? Ама стелатопиа е за атопична кожа и склона кон егземи така? Зошто има и само за сува кожа.
Да за атопична е, беба е многу осетлива, нежна, бела, сува ептен кожа. Ја сум презадоволна, од Веледа ни се напрај реакција како за чудо.
Гледав на 0м+ на телма дерматолог, рече кожата на бебињата е многу потанка од нашата и затоа не се препорачува нанесување на креми пред 6 месеци. Исто така има креми кои не се впиваат туку ги одбиваат зраците и други хемиски кои се впиваат. Некои креми биле комбинација од двете. Подобри се секако тие што не се впиваат. За на плажа имало и облека со фактор која рече дека е добра бидејќи не мора на секое да се премачкува детето.
Која козметика е најубава? Сакам да земам на Мустела? И што предлагате за новороденче, што све треба да земам?
Јас користам на Веледа и презадоволна сум. Бебето има премногу нежна кожа и во болница истото ми го напоменаа и дека не смеам да користам било што, им кажав што сум купила и ми рекоа одличен избор. Имам шампон и купка 2 во 1, лосион за тело и крема за пеленска регија. Супер му е кожата, засега не би ја сменила козметиката.
Мајки дали мачкате нешто на лицето на вашите бебиња и што? Јас ставав јекодерм ама со рачињата си го брише и во уста завршува на крај па во дилема сум дали воопшто и да ставам нешто...
Мустела сите производи им се на природна база . Можеш да видиш по составот. Ептен избрани состојки користат.
Не се Мустела природни. Чиста хемија е . Тоа што се скапи не значи дека се природни. Мустела е медицинска козметика, се користи само со одредена потреба. Не како што се шлапа за секој ден. Оти ако некогаш има бебето потреба од некаква нега тогаш ќе биде кожата презаситена од хемии и нема да делува тоа што треба.
Ако знаеш да читаш состав ќе сфатиш дека всушност Мустела се природна козметика а не медицинска. Во состав прва состојка е вода, па има неколку природни масла, па доаѓа глицеринот кој што е многу битен за кожата поготово ако е на почеток во составот значи дека го има во голема количина,па цетил алкохол кој што спаѓа во добри алкохоли во состав на производи бидејќи има и лоши (како на пример етил алкохол кој што ја пресушува кожата, а тој погоре ја хидрира) и сите други состојки се повеќе од добри. Медицинска козметика се Еуцерин,Биодерма и ред други полни хемија. Мустела и Веледа можам да кажам дека се најдобри по состав кај нас што можат да се најдат. И не немора да има одредрна потреба бебето за да се користи Мустела, баш напротив.
Помеѓу мустела и веледа, веледа е секогаш подобар избор. А цените се тука некаде, кој има пари за мустела, ке има и уште 200 300 денари за веледа.
Веледата да се сложувам дека е природна козметика, но повеќето производи содржат етерични масла. Затоа некои мајки кажуваат дека детето им се нафрлало. Има бебиња кој што се преосетливи на овие масла иако се природни, бидејќи можат да бидат иритант и да предизвикаат алергија.Но само кај бебиња со преосетлива кожа. Не се лоши во состав, но лично јас преферирам Мустела.
Една членка баш пиша дека нејзиното бебе имало реакција од Веледа. Не е исклучено дела некои бебиња ке имаат реакција, ама стои фактот дека козметиката е органска.
Да, органска козметика се. Сигурно бебчето има преосетлива кожа и етеричните масла му прават реакција.