Не просветли со Мустела да. Незнам како заклучи дека е природна, ама добро. Продолжете да верувате во тоа што ви го сервираат. И пак ќе кажам ако не дај Боже имате потреба за медицина тогаш кожата ќе биде заситена.
Не заклучив јас ништо. Никој неможе да ти сервира ништо ако знаеш да го читаш составот назад на опаковката.Безразлика дали е ефтин или скап производ . Секој се може да ти подметне во аптека. Изборот е твој на крајот. Ти само кажуваш *Не е природна* и толку. На која основа кажуваш дека не е природна? Дај ми факти, и објаснување како си заклучила дека е тоа така. Имам пријателка која што работи во фирма за креирање на состав во козметика, што е стручна за овие работи, па затоа споделив со членката, а не дека ми текна од памет да кажам.
Каква црна природна база...сите состојки хемиски произведени, ништо не е природно. И да, знаеме да читаме состав Мустела не е козметика за секојдневна употреба, туку со индикација, кога навистина има потреба. Макар што јас ни кога има потреба не би ја користела. Има многу подобри алтернативи.
Данче која цена го купи млекото за тело и шампончето за коса и тело? Дали на Хипп има и крема за лице?
@Sofi.ja биодевојка не е веќе активна на форумот пиши и на инстаграм или фејсбук барај ја како биодевојка , таму веднаш враќа
Точна цена не се сеќавам наеднаш многу работи купував,но мислам дека од 180 - 220денари беше за еден производ (околу 600ден ми фаќаа сите 4 работи кога гледав сметка) .И да имаат и крема,само моментално ја немаа кога купував.Арно ме потсети да си купам
Мами вие кои ја користите биодерма атодерм линијата каков крем со заштитен фактор користите, детево ми има 1год и користиме биодерма маслена и лосион. Дали има бебешки фактор од биодерма и искуства?
Кога веќе ги советуваш другите да научат да читаат и толкуваат состав, се претпоставува дека ти веќе истото си го сторила, што е пак контрадикторно со она што го тврдиш во постот твој. Зборот „природно“ е најзлоупотребуваниот термин во светот на козметиката, баш бидејќи за разлика од терминот „органско“, не се законски регулирани рамките на неговата употреба. Мустела производите содржат состојки кои не се дозволени од страна на акредитираните сертификатори на природна и органска козметика (Hydroxyethyl acrylate/sodium acryloyldimethyl taurate copolymer, Polysorbate 60), па следствено на тоа во никој случај не може Мустела како бренд да се стави во иста реченица со Веледа на пример. Чисто сакав да се осврнам на темата околу квалификацијата на Мустела како „природна“.
Моето е од космо, ама цените им се исти. До сега се што имам купено од ведела и медела, секаде е иста цена. Затоа ти пишав само за цената, а не каде е купено.
Нас докторката ни пепорача пошо бебе е многу светла и нежна.. обавезно на лице, рачиња, вратче и увце да и редам. Од Веледа и Мустела се за под 6 месеци, другите обично се за над 1 година. Пошо мене цела козметика ми е на Мустела го земав и ова. Веледа се добри пошо нели на природна база ама мојава како за чудо цела се нафрла од Веледа, а Мустела до сега ми е се топ. @malecko5
Јас му користам шампончето на веледа и кремата за пеленска регија па гледам до сега нема реакција и затоа сакав да пробам веледа крема со заштитен фактор