Оти е навикната на хемии, затоа, Мустелата е чиста хемија. Немој да ме сфатиш погрешно, ама кај сите што преминуваат од хемија на органска козметика се случува исфрлање, осип, акни, тоа значи дека организмот се чисти од хемиите. Исто и со косата, кога преминуваш од шампони со силикони и парабени на органски шампон, косата е сува, никаква, безживотна, ко оштетена. Ама после се средува. Кај бебе не би ризикувала сепак, нека помине време, подоцна пробај пак со органска козметика.
Прво со Веледа пробав пошо Австрија нема воопшто Мустела, на Мустела се префрлив кога дојдовме тука (2 месеци имаше беба)
Сеуште не сум породена али ми се ближи крајот, во четвртокот зборев со докторката за козметика најмногу се за Мустела и Еуцерин во Ремедика и една La Roshe. Баш и реков дека јас за мене користам Еуцирин маслена купка и млеко за тело со пх 5.5 ми рече дека здравје и за бебето можам без проблем тие да ги користам.
Никаква козметика не му треба на бебе, поготово не летото на жешкото да им ја спурувате кожата. Земи некоја подобра крема за пеленска регија, на Веледа на пример, и тоа ќе мачкаш само ако се зацрви, друго ништо не ти е потребно за почеток. Ако случајно потоа имаш потреба, ќе купиш. Двете деца со една тубичка Веледа ги израснав и Хип шампонче, никакви купки, масла, млека... ниту едно паковање влажни... кожата им е џам и на двајцата.
јас зедов со 25ка фактор, како што читав 50ка била јака крема за таа кожа.. малку чудно ми е.. али ке се консултирам со педијатар најдобро..
Ако си во можност, купи веледа. Мислам дека тоа е најдоброто кај нас. Мустела и еуцерин се медицинска козметика. Хип исто така мислам дека е добра опција.
и кај нас исто од веледа се исфрли, а органска козметика .. и ние стелатопиата ја користиме и презадоволни сме..
Мој совет почекај да се породиш. Кога ќе одиш во собата со бебиња да те учат да го бањаш, ќе си направиш муабет со сестрата што се грижи за нив и она ќе ти каже каква кожа има бебето и која ти е најдобра опција. Јас веќе имав купено Веледа, среќа и она ми ја предложи. И одма после тоа ќе му кажеш на маж ти и ќе купи тој. Иначе, во Ремедика со еуцерин ги бањаат.
Јас купив од La roche posay 50 спф туба од 250мл за 1300 денари. Како бренд на козметика е доста пофален,имам другарки што користат за децата па беа задоволни и затоа го купив. Размислував помеѓу ова, веледа, мустела и еуцерин. Прво купив веледа 30ка фактор, но кога излегов од аптека видов рок 02/21 , се вратив и побарав друго пакување со подолг рок, ми вика нема само тоа е, и го вратив. Мустелата може да се користи 6м од отварање,тоа не ми се допадна. Еуцеринот бил за деца над 3год,така рече фармацевтката јас не прочитав.
Козметика купив на Chicco. Завчера од ДМ земав нешто и на Babylove, ако не му одговараат на бебето за мене ќе бидат топ. Прашував многу што да земам, еднс моја роднина од Германија ме подбра и ми рече да не купувам Мустела,еуцерин или било што такво. Тие биле медицински, и добри нормално, ама ако бебето нема осетлива кожа и проблеми со кожата тогаш немало потреба од нив. Таа купувала козметика на Хип, па можеби и тоа ќе пробам.
Не купувај многу од козметика бидејќи не знаеш со каква кожа ќе се роди бебето. Ако има нормална не ти треба многу. Моево е со нормална кожа и користев само шампон што е за тело и глава на Corine de farm, млеко за тело на Бекутан (тоа и одговараше најмногу) и павличова маст. И тоа не и ставав на секое бајнање млеко за тело
Колку беше Веледата Софи? Се мислам каква да земам, ми ја препорачаа биодерма, а јас користам Веледа за лице, за бањање, за газе и сум задоволна од нив. Од мустела се префрлив на веледа, презадоволна сум.
i jas kupiv se na mustela pred da se rode i ne i odhovarase mn i ja susese kozata i pos se prefrliv na hip. Em eftini em super se. ako nema potreba ne kupuvaj od skapite medicinski
Може ли да ми предложите крема од невен за бебе од 6 месеци? Користам Мустела за осетлива кожа, но сакам малку помрсна бидејќи доста суво му е лиценцето, посебно на челото