Јас користев Веледа и тоа само по потреба, не секојдневно. Според мене нема потреба од постојано мачкање.
Со прво дете фрлав пари све можно од креми пробав. Земи си од маркет Продерм ем е најефтина ем функцијата е таа, да е масна да не се лепи измет. За црвенило по потреба бркала работа веледа и судокрем.
Јас за првото користев на бекутан со портокаловото капаче ,а за црвенило има на чико со цинк која понатамѕ ја сменив со на фризидерм ,прашав чисто дека ова ќе биде девојче па некако ми е во мисла се дека се понежни во одност на машките
И јас така поминавме со бекутан портокаловата и супер ни беше. Само пенатен од време на време за црвенило користевме. И ние сега второ па женско, исто купив бекутан со портокаловото капаче ќе пробаме баш како ќе оди, па здравје ако прави проблеми ќе земеме друга..
Незнам точно +-500 сигурно. Имаш во ДМ Себамед екстра софт крема , светло сина, за чувствителна кожа, околу 200 денари. Јас ја купив, ја користиме и е многу ок.
Фала ти! Јас во меѓувреме земав на Веледа, но доколку не ни одговара ќе ја земам во предвид кремава од ДМ
Дали сте ја користеле оваа крема и како сте задоволни? Гледам повеќенаменска е, викендов е на акција во Зегин.
Мајки што користите против инсекти, од која фирма сте задоволни? 5.5м сме сакам да купам нешто па ако може некое искуство
Мапез или Чико спрејче или рол он. На база на босилок се. Јас трета година Чико користам. Задоволна сум. Околу 300-350 мислам беше. Мапез мислам и он е тука некаде.
Мене многу ми се свиѓа колекцијата на Uriage,посебно маслената купка и лосионот за тело,ја имам користено и Еуцерин маслената ама нема споредба со оваа,така да моја препорака. Ќерка ми има многу сува кожа најчесто зима и многу ни помогна и ги смири чешањата и перутењето.
Полека се припремам за доаѓањето на моето бебе и дојде ред на козметика. Читав наназад и сеуште неможам да одлучам. За големиот користам колекција од Белина, но незнам колку е погодна за бебе. Еве што користиме за големото, еве го и составот. Доколку има некој што ги разбира состојките, би сакала да добијам мислење дали е во ред да се користи за новороденче.
Иако не е истакнато, според состојките јас би рекла дека ова е 0+. Дефинитивно нема ништо што би можело да ја раздразни кожичката на бебчето или пак да наштети на друг некој начин. Многу лесни сурфактанти, избалансирана формула, вода и алое на први 2 позиции е секогаш ТОП, не содржи парфеми или алкохол....што би се рекло, подобро здравје. Јас бидејќи имам искуство и со No Perfume линијата од Уртекрам за возрасни, можам да потврдам дека е погодна дури и за хиперсензитивна кожа, која била преосетлива на било кој друг препарат. P.S. Да се здрави и живи и да ти носат само радости!