Ја кога ќе прочитам дека павловиќева некој мачка секој ден на бебе, ми доаѓа од мака да престанам да читам низ бебешкиве теми.
Јас до два месеци го бањав само со вода. После почнав по една капка шампон, по две... Друго немам ставено буквално ништо освен 2-3 пати во овие три години кога беше црвено на газето крема на веледа таа жолтата. Навистина нема потреба да се става нешто без потреба на толку убава мазна мирислива бебешка кожа. И крема за сончање откако почна во градинка, до тогаш немав ставано ама и го немав изложувано на сонце за кое е потребна крема.
За Мапез спрејот ме прашуваш нели? го нема во Грција , јас од Скопје го купувам од продавницата Логона. https://prirodnakozmetika.mk/index.php/pharmalife/377-mapez-100-ml.html
Содржи силикони и нафтени деривати кои ЕУ ги има класифицирано за канцерогени. Биодевојка има убаво објаснето дека кога мачкаш толку јака крема иако кожата изгледа беспрекорно тоа не е нејзината вистинската состојба, па кога ќе преминеш на природна или органска козметика кожата ќе го покаже вистинското лице дека е пресушена, ќе се исфрла или ќе стане масна. И се додека не се измијат силиконите ќе биде таква.
Од измет мене дете и ешерихија на 2 пати ми фаќаше, а сум менувала пелена не е до тоа. Јас сум паталец од дете кое често правело осип и фаќало ешерихија. Не можеме да ги чуваме во стаклено звоно, све е штетно ако до толку се притресуваш.
Ешерихија може ти да му пренесеш преку твоите гениталии за време на раѓање, преку контакт со друго лице или храна. Иначе да, не е секоја козметика штетна. Постојат толку многу, природни и органски само треба воља да се најде таа што одговара.
Треба да е дозволена, зошто е од природни состојки. Но не знам дали толку мали може да се прскаат со спреј за заштита од инсекти. Прашај во аптека.
@Yowannty дали ова се однесува на оргинал павловиќевата? Јас мачкам еднаш дневно, после бањање на газе само и толку. Останати делови од тело со веледа.
За сите павловиќеви. Реално и навистина кремата има тешка и мрсна текстура. Ја би ти препорачала после бабање да оставиш природно да се исуши и да не мачкаш ништо ако нема потреба. Јас случајно за павловиќевата прочитав и баш периодот кога купував козметика. Иначе и мене во план ми беше да купам. А многу ми е криво што за ланолинот не бев ич информирана дека бил полн со пестициди. А сестрите во болница ми рекоа дека е скроз безбедно и ако одма после мачкање му дадам на бебето да цица. Ама тоа е тоа. За следни деца ќе знаеме поише, и ако некоја soon to be mom чита еве и инфо, дека супер замена за ланолин било шеа путер.
За болни брадавици најбрзо и најсигурно е да да премачкаат со самото млеко.Да се остави да се исуши,па истото ствара филм облога од природната масленост. Исто за сува кожа кај бебе е погодно да се прават купки со измолзено млеко,поприродно-здравје. Павловиќева не користам,ужасно мрсна е и ми смрди,понекогаш од самата Веледа за тело поминувам и кај пеленската регија и толку.До сега се нема појавено осип.
Штоо? Ланолинот? На медела??? Па јас уште го користам. Павловиќева исто од сам старт, и веледа. Ама па и памперсот е третиран со пестициди? Плус има гел. Сега па и јаде, колку и да се трудам да најдам непрскани овошја и зеленчуци, не е изводливо. Тоа е, такви услови има во државава, а јас се трудам да го најдам најдоброто од тоа што е понудено.
Па на самиот ланолин пишува дека е безбеден и не мора да се брише пред да цица бебе. Каде го прочита ова?
после ова сигурно ќе влегувам по темиве. А, баш ја мислев Павловиќевиќ за најнаивна бебешка маст, со оглед на тоа што во средно сме ја правеле и си мислев се е така чисто. Кога ти го прочитав постов ми текна дека на бебо сега кожава околу врат и по меше му е барут, и само со Eucerin му проаѓа. Пак хемија..
Ланолинот да, без разлика на кој бренд. @Jana06 Биодевојка има објаснето дека ланолинот се добива од волната на овците и колку и да бил прочистуван не можел целосно да биде безбеден од пестициди. Факт е дека не можеш од се да го заштитиш бебето, ама јас се водам од паролата таму каде постои соодветна поздрава замена и плус ми е лесно достапна да ја применам. @MilaSs12 До 8 месеци користев био пелени. 2-3 пати неделно пуштав машина само за нив. Сеуште тврдам дека апсолутно нема подобро нешто од нив. Ама почнаа многу да пропуштаат па морав да почнам да користам памперс за што лично ми е многу криво ама тоа е тоа. Не ми е во план да се убедуваме, зборам лично за себе, ако шеа путер е поздрава опција, не гледам зошто следен пат да користам ланолин пак.
Јас користам ланолин во тек на бременост исто стои дека е без пестициди бои парфеми 100% природен...А шеа путерот нели и тој производ е преработен ако би го користела пред доење? За павловичева до некаде сњ сложувам сега веќе се е променето цела козметика нешто што функционирало пред 20-30 год не ми се верува дека е се уште исто толку добро. И се е веќе штетно бидејќи се оди на квантитет а не квалитет..популацијата е зголемена нормално. Само ова за ланолинот ме збуни бидејќи овој што го користам е за доилки (иако уште не сум ни породена ми помага ) Пршаањето ми е кој шеа путер го користиш каде го има ? Чисто да направам споредба во состојки со ланолинот кој го имам.