Сите сме ја мислеле за наивна, плус ние сме генерации што сме израснале со неа, оти други баш и немало. Јас колку читав и се информирав дур бев трудна, па пак еден куп информации ми лизнале од рака. Еуцерин е медицинска. Не знам дали си користела веледа која е природна, или исто биодевојка имаше пишано дека Алверде која е ефтина исто така е добра бебешка козметика. Јас за лице и тело и земав органска на Little Siberica, сега пред некој месец. Ама не ја мачкам редовно, сега откако затопли па ич. Ако мислиш да се префрлаш на органска имај во предвид дека тие се по концентрирани и дека може да пројави алергиска реакција од некоја состојка. Па битно е да се внимава при изборот. @Biljarkata не ја знам таа. Искрено прв пат слушам..
Веледа не му помагаше, ниту Биодерма...од педијатар и кожен добивме совет да пробуваме додека не почне нешто да му помага..со Еуцеринот за атопична е супер сега..
Го имам јас на времето копирано ова од Биодевојка http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html Искрено, за ланолинот мислам дека е претерување, ако бирам помеѓу природно од овца, што можеби има пестициди, и хемија, би го избрала првото.
Сега барав на интернет, читав и од други фармацевти. Не знам која е Биодевојка претпоставувам фармацевт. Се употребувале пестициди за да се заштитат овците од крлежи ама било претерување баш од веганите и вегетаријанците дури и некои компании ставале на производите ланолин-free. А уствари имало различни типови, со различни додатоци и чист ланолин, евтин и скап. Побарајте и прочитајте. Почна околу се да се претерува, ќе се прочита германско и органско, цена до плафон и сите купуваат без проблем. И јас сум една од тие. Не дека многу користев ланолин еве ќе го исфрлам ама демек ќе го заштитам од пестициди? Којзнае колку внесувам дневно само од исхрана. Кога ќе почне да јаде кашички дали ќе му ја купам од продавница готова или јас ќе му ја направам со намирници од пазар/маркет скроз исто е. Јас мислам да се опуштиме малку, ние сме си криви што се што е бебешко е прескапо. Не злоупотребуваат.
Еве најдов еден од коментарите на био девојка Под овој коментар, има дадено предлог @Kaetana дека исто може да се користи кокосово масло кое не мора да се одмива пред доење, оти тоа секако е за јадење. Девојки, јас не сум експерт, коментирам што сум читала, одлуката сепак е ваша. Јас за себе знам дека покрај други опции, пак нема да користам ланолин.
Ништо лично, дискутираме само, а и сите сме во шок Баш дека го сакаме најдоброто, фрламе пари и пак сме купиле нешто сомнително. Ете, баш и она пишала дека органски компании ги прават тие пропусти. Тоа ми е муабетот, шлапни етикета органско и збогати се.
@Yowannty не мислам дека некој те нападна, јас барем немав таква намера. Не сум ни за во темава, не баш, имам дете не бебе, ама небитно. Дискусија е корисна, мене барем ме поттикнува да истражам. А конкретно за павловичевата влегов, пошто јас лично сум зависник од неа, поточно бев, ги потрошив залихите. Не сум гледала искрено состав на ништо, забележувам што ми/ ни годи, што не. Прашав што мислите за Бубхен, пошто е стар, германски и мене ми е докажан производ (како кремата со невен и зимската крема). Сега сум во потрага по шампон за дете, а според состав Бубхен ми е сличен со Веледа. Зошто не Бубхен @eli.karameli ? Најдобро сами да си правиме козметика, ама уште не сум до таа лекција дојдена
Јас пишав што користам за синко и до сега кожата му е бела, нежна, пренежна. Ни црвенило, ни акни бебешки, ништо. Кокосово масло од кога смее да јаде бебе? Ланолин е безбеден од само раѓање.
Органските компании работат под строги контроли и мораат на нив да имаат печат за разлика од природната козметика. За да го добијат тој печат мора се да е органско. Не вели дека има пропуст, туку дека не и доставиле извештај кој таа го барала. Па според тоа таа е сомничава. @Biljarkata не реков дека некој ме нападна ниту се осетив нападната. Се извинувам ако остаив погрешен впечаток, и јас дискутирам и мене ми беше шокантно откритие инфото за ланолинот. Живееме во ера кога самата природа не е веќе природна и е полна токсини. Значи во природата не се наоѓа веќе ништо апсолутно природно и недопрено. Па некој посветил време и живот да изнајде начини за да создаде козметика која ќе содржи прочистени состојки, начини за нивно прочистување итн итн за на крај финалниот производ биде безбеден за употреба. Јас не мислам дека се претерува. Баш ми е мило што се повеќе компании се осврнуваат кон природното. Кажав и претходно. Факт е дека не можеме децата да ги заштитиме од се. Прво воздухот што го дишиме е загаден. Ама мене тоа апсолутно не ми е доволен изговор да не го сменам она што можам да го сменам. Таму каде имам избор, на толку информации не гледам зошто не би користела подобра опција. И пак ќе кажам, ако на некој пестицидите во зеленчукот и овошјето ви е доволно добар изговор да користите козметика со хемија, јас немам проблем со тоа. Секој за себе си одлучува.
Еј не сум јас од тие мајки што паѓаат во несвест, бев таква на почетокот со малово, ама сфаќам не може долго тоа да трае. Еве сега бара да и се купат шампони со патролни шепи, од lush пенливи топки во боја итн. Зборот ми е ако сакаш да фураш козметика со помалку хемија земај од предложениве. Бубхенот имаше лоша декларација памтам од вррмето кога истражував за козметика и имав мало бебе
Значи на крај да сумираме, излезе дека ние што бираме помалку хемија "паѓаме во несвест" . Ај важи, шлапајте што прво ќе ви дојде при рака само да не "паднете во несвест" за своето дете. Ајт.
Моето едно месечно бебенце , на обравчињата има црвенило , како корички ,суво лиценце. За течо користам Еуцерин пх5 . Педијатарот за лице ни препорача Стелатопиа Мустела ? Што ќе кажете од искуство? Мустела користам за капење , кожата е добра но лицето ме загрижува.
Леле што зборите, јас газето со павловичева оригинал му го мачкам цело време. За тело коростам веледа и за бањање веледа. Има веледа помрсна крема за газето? Што да му мачкам таму? Еуцерин не го сакам, купив цела колекција за мене ништо не ми помогна. Мустела исто не ја сакам, на мојата другарка бебето егзема доби од неа. Биодерма имам користено за мене за лице и тоа не ми помогна со мојата егзема...
Која хемија бе мајка, до павловичева ли дојде да креваш узбуна? Па децава свашта јадат, пијат и види што воздух дишат. Последно би ме засекирало кремата што година дена ја мачкаш за разлика од воздухов што го дишеме.
Па ајде дека воздухов е загаден од 4 месеца сол, шеќер давајте нека јаде дете теее они каков воздух дишат јадењето ли ќе е проблем
Узбуна? Ох боже. На многу мајки информацијата дека содржи канцерогени состојки ќе им направи разлика. Ти очигледно не си од тие мајки. Ајт терај и остави кој сака да чита и да се информира.
Јас син ми најчесто го мачкав на пеленска регија со маст од невен на Royal. Дали некој има информација за овој производ?
Јас користам Невен германска фирма од фармавитал од кога останав бремена, претпоставувам истиот состав е . Само оваа е 119ден 300мл направи си споредба да не даваш многу пари а исти да се составите. И на оваа стои дека е за бебиња од зегин е
И јас германската ја мачкав кај малата поготово кога ми се потпаруваше, веднаш ја смируваше. И јас ја користев и во бременост за стрии. Ептен убава.