Кога имаш избор, тогаш убаво е да се избере правилното. Ако имаш избор дали да дишеш загаден воздух или не, што ќе одбереш? Така и со козметиката. Кога нешто може да се избегне, зошто упорно да одиме со глава во ѕид?
Мое дете до 3 години сум го бањала со органска линија. Продерм сум мачкала и крема на база ма невен кои не гледам во нивниот состав дека содржат ниту силикони ниту Пег, а сум морала од причина што малата ми беше склон на потпарувања кои понатака завршуваа со третирање со кортико. На 3 год дете иде во маркет и само гледа шампони со Патролни шепи, пепа прасе итн и сфаќаш дека вечно не може да трае стакленото звоно на органска козметика. Сите се обидуваме да им го дадеме на децата најдоброто, и еве баш ме интересира зошто се фативте за павловичеви креми(ги има 5 од разни фирми) да ми ги наведете кои се тие канцерогени состојки!
2 нафтени деривати има на позиција пред водата. Мислам дека секаква дискусија понатаму е излишна. Ја читам дискусијава наназад и се чудам зошто некои од вас како личен напад да си ги сфаќаат добронамерните сугестии да не се користат производи со докажано штетни состојки? Зарем толку ве погодува што еве сте користеле за своето дете и сеа некој вика дека тоа е штетно...па ок и што ако е така? Сите грешиме, сите сме користеле ср***а во животот, дали козметика или храна или не знам што. Но не гледам потреба да се сфаќа на лична база и да се осеќаме како навредени, ако некој кремата што сме ја користеле ја оквалификува како штетна и сл. И мене глава ме фаќа кога гледам состави на Бекутан, а знам дека е најмасовно користена козметика во МК, па тоа е. Ниту јас ќе престанам да ја ругам, ниту тие што ја користат (барем повеќето) ќе престанат да ја користат. Секој со своето. Но фактите се факти. Изборот е твој, но дали нафтениот дериват е канцероген или не, дали е штетен по здравјето или не, не е мислење, туку факт. Исто како што не можам да кажам, “јас лично мислам дека 2+2 е 5, а не 4.”
Paraffinum liquidum и vaselinum album се двете канцерогени состојки кои се нафтени деривати. Содржат и диметикон. Не го сфаќај лично, и јас сум користела со првото, и за мене лично си наоѓав употреби на производи со нафтени деривати и силикони. Ама како што се информирав, се преориентирав на органско. Да не беше тоа органското, малово уште ќе ми имаше атопичен дерматит. Сега и за мене и за деца користам претежно органска, чиста козметика, не ги носам со мене кога ја купувам, макар што реално немам проблеми со нив од таа гледна точка. Мене јасна ми е желбата на децата, деца ко деца, паѓаат на амбалажа, богами и ние возрасните знаеме да купиме нешто на прв поглед, само поради амбалажа. Самите на крај одлучуваме што и како ќе користиме. Ама кога се работи за козметика, имаме избор, тоа е она што ја прави разликата. Имаше една органска линија на детски производи со ликовите од Дизни, Биодевојка баш ја препорачуваше, НатураВерде се викаше, ја имаше во ДМ, во Веро, ама одамна не сум ја видела. А лично бев презадоволна, оти на малово ептен му одговараше бебешката колекција, покрај Логона. Имаше шампони и гелови за туширање со сите омилени ликови од цртаните. Зошто ја нема повеќе кај нас не би знаела да кажам, но штета е што е така. Претпоставувам дека финансискиот момент е во прашање, оти не беа евтини.
Ниту се осеќам навредена ниту нешто лично сфаќам. Не знам дали се разбираме, очигледно не. Од ниту една органска линија не постои крема со масен слој, јас користев Веледа до пред некое време, а имав девојче кое ако не го намачкав со нешто мрсно такви осипи правеше тоа беше страшно. 2 пати и ешерихија, а хигиена и менување пелени нон стоп. На 4 дерматолози носена зошто многу маки мачевме со осипот и завршувавме секогаш со кортико. Значи има чувствителни деца кои едноставно захтеваат да се мачкани со павловичеви. И да, апсурдно ми е понатака да зборам за павловичева, секој родител се труди да го прави најдоброто за своето дете, ама ајде да не претеруваме! Јадат прскани овошја и зеленчук, месо и млеко полно со хормони, па сега до г'з кремава дојдовме.
Промените кон здрав начин на живот (кој опфаќа исхрана, вежбање, козметика, начин на поминување на слободното време и сл.) се случуваат етапно и постепено. Никој преку ноќ не си сменил 20 навики одеднаш, ниту пак тоа е возможно на долг рок. Денес ќе решиш да јадеш поздрава храна и да не купуваш прскано со пестициди (колку дозволува пазарот). Утре ќе решиш да не пиеш штетни индустриски напитоци. Задутре ќе решиш кремата со нафтен дериват, да ја замениш со крема од растително биоразградливо неалергенско масло. Потоа ќе решиш дека гледање телевизија по 5 саати на ден не ти придонесува за квалитетот на животот, па ќе го замениш делумно времето со вежбање јога или практицирање медитација. И што знам што уште не.... Западот се преориентира се повеќе и повеќе кон екологија на свеста и самите себе. Ако почнеме да се грижиме и почитуваме самите себе и своето тело, ќе почнеме автоматски да се грижиме и за се што е околу нас, како животни, природа и сл. Тоа е филозофијата на модерното општество од 21-ви век. Никој не тврди дека храната и пијалоците што ги конзумираме и воздухот кој го дишеме не се штетни. СЕ и тоа како се! Но едното не го оправдува другото, дека ај сеа јадам штетно, пијам штетно и дишам штетно, па до кремата ли дошло? Не дошло само до кремата, но од некаде мора да почне промената. Ако не од „г'з кремата“, почни од храната. Почни од пиењето, од вежбањето, но почни! Само така на долг рок ќе видиш позитивни резултати и за тебе и за твоите најблиски. By the way умре митот дека органската козметика е понеефикасна од синтетичката/конвенционалната. Со денешната технологија и напредок, има органски креми, кои се дури и поефикасни од синтетичките. Тоа се однесува на широк спектар на проблематики. За жал кај нас има многу мала застапеност на органските производи, па така на повеќето луѓе и изборот им е ограничен, при што често гледаат спас во конвенционалната. Верувај, органска замена за павловичева има! И тоа не една. Не знам за што конкретно ја користат за да ти дадам пример, но сигурна сум дека постои. Затоа што тие проблеми кои ги имаат дечињата наши, ги имаат и дечињата во странство, па како се справуваат тие со нив? Во Франција и Германија не користат павловичева сигурно.
Мајки Вчера бев во зегин да ѕирнам за Weleda цени. И женава таму ми вика "Многу скапо ти е цело време да користиш Веледа за областа на пелените"- наводно таа е ако има Осип бебето од пелените?? Малце ме изнервира ама гледам многу да не се задржувам во аптека па затоа не одвраќам и секако сослушувам ипак е фармацевт. Ми понуди Бекутан (никогаш не би користела за бебе мое мислење) и Павловичева ( Искрено читав дека е се уште на листа забранети за увоз во ЕУ.).ако за европа не е добра зашто јас да ја користам?? А бабиве околу МОРА павловичева да бе сигурно павловичевата сега и пред 30 год е непроменета И плус може бебево ќе ми нема осип тогаш џабе сум ја купила Веледата? Дали ама баш сите користите павловичева? Јас сакам да ја избегнам или да најдам замена бар први 30 дена после ако треба ќе ја користам не можа да го заштитам од секој препарат. Што мислите што ви викаат педијатри ?
А која е цената? Од се што прочитав особено што моја бебка е девојче и се повеќе склони кон осипи планирав баш веледа да ја земам؛ А за другото уште се мислал меѓу мустела и еуцерин؛ Инаку не им се замарај на тие во аптеки повеќето се на процент и затоа нудат други препарати
Жената е во право дека е поскапа ова е помало кремиче 450ден ли беше така нешто. Таа повеќе други креми ми нудеше него што ми кажа цени. Сакам да споредам со Еурофарм дека секој става различна цена. Овие се препорачани цени од веледа. Тоа ме интересираше дали користите сите павловичева или има некоја замена некоја подобра крема? Едит: Веледава секако ќе ја користам ама ме збунија дека е САМО при осип и навечер да сум ја користела преку ден Павловичева
Првиот месец користев само Веледа за пеленска регија и после педијатар ми рече Веледа да користам навечер и ноќе, а за преку ден да земам витаминска крема како Павловичева. Скоро 2 ипол месеци има малиот и уште имам од Веледата ама не го шлапам да не се поти. Ако не сакаш павловичева, побарај некоја друга на природна база. И кога ќе рече некој дека 500 ден се многу за крема што ќе ја користиш 2 месеци за бебе, а без проблем даваат 1000ден за пудра или кафана, мислам
Па и она ми вика многу ќе ти биде ме нервираат многу така кога ќе ми кажат .. Не би се осудила да кажам на некој Ова или тоа ТИ е скапо. Ти ќе си одлучиш ама ај... А има некоја причина зошто педијатар ти рекол само навечер? Зошто не можеме цело време една крема? Тоа ме интересира дека истово што ти кажал педијатар ми го кажува аптекаркава
@Milkiway бебе има 11 месеци сеуште ја имам кремата на веледа. Никогаш не шлапав крема без потреба, кожата и е топ. Одвреме навреме ако и се зацрвенеше или добиеше некој мал осип мачкав веледа и со едно мачкање поминуваше. Не се штеди на квалитетни креми. Земав и нова додуша, оти долго е отворена првата, а не знам колку може да се користи по отворање.
Има знакче ситно долу. Како отворено капаче. И пишува бројче. Тоа е колку време може да биде отворена. Инаку да, бавно се троши. Се става по потреба. И нема зошто на секое менување да се шлапа детево.
И јас ќе почнам така само со веледа не ни купувам павловичева сега баш читам Таа Павловичева Оригинал српската во германија е забранета ова е од 2018 нема промена од тогаш. Сега дали е забранета дека не чини или си штитат германски пазар не знам. Нели на секое менување пелена се става крема ако менуваш 5 6 пати на пример мачкаш толку пати крема?или не ставаш на секое менување?
Забранета е поради што содржи нафтени деривати кои се канцерогени. Не ставав/м никаква крема на менување пелена. Само чекам да се исуши природно и ја затворам пелената. Бебешката кожа е многу нежна и деликатна и потребно е да диши. Полошо се прави со шлапање креми нон стоп, посебно ако се нема потреба од истото. Има бебиња склони кон осипи и во тој случај сакала нејќела ќе мораш. Ама ако нема потреба, најубаво е да се остави да диши. Урината е проѕирна и се додека е таква е здрава и нема потреба од бришење после уринирање, само се остава 5 минути да се исуши природно. Иначе Веледа за пеленска регија е исто мрсна крема, само нема тешка текстура. Јас имав земено и за лице оти зимата и се потсушуваше, ама таа за лице не и одговараше никако, па земав на Мустела таа и се погоди. И тоа само за надвор и ставав. Мој совет секогаш е ако се нема потреба, да не се мачка ништо само така, колку да се намачка.
Можеш да најдеш замена но ти треба мрсна крема која ќе го штити кожичето од иритација поради тоа што многу какаат и мочкаат. А ако таа крема на Веледа содржи цинк оксид убаво кажала аптекарката дека е за веќе иритирана кожа. Но има мајки што и постојано мачкаат креми со цинк оксид.
Зашто ја сушела кожата. Иначе, јас на секое менување пелена го мачкам само газето ептен малку. Разгледувам баш периодов природна козметика и за мене зашто лицето ми е катастрофа, а дојам и ништо не можам да користам. Ако најдам некоја крема замена за павловичева ќе ти пишам. Малиот ми е ептен плачлив деновиве, не можам да прошетам раат.
Важи фала ти.. За лицето јас се исфрлив цел грб и лице ми помага Алое вера гел од Зеги околу 170 ден беше (Нудат и поскапа варијанта ја си побарав поевтино) Споро е ама функционира бар мене ми ги исуши мозолкиве и на лице и на грб колку толку ме среди може ќе ти помогне.