Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. kate-goldy

    kate-goldy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    A dali sodrzi parabeni originalnata pavloviceva krema na dr. Pavlovic ?
     
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    А каде на амбалажата пишува дека содржат парабени? Како да препознаеме дека некој производ содржи парабени.. Може е глупо прашањево ама јас навистина не знам?
     
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ххе и јас истото сакам да знам ;)
     
  4. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Пишува во составот ќе видиш, има METHYL, ETHYL, PROPYL, BUTYL, HEPTYL, а на некои производи пишува дека се без парабени, parabens free или 0% parabens. Обично за новороденчиња производите се без парабени, а потоа ги има скоро во сите производи. Не знам дали воопшто постои некоја штетност за бебиња и деца, но според некои истражувања имало поврзаност меѓу ракот на дојката и парабените, но не е ништо докажано со цврсти докази. Значи ги има многу во козметиката и можам да кажам дека секаде се користат, во креми, гелови, шампони, влажни марамчиња, декоративна шминка, пудри и сл. Јас користам производи и од Бекутан и од Нивеа на кои во составот им пишува дека имаат парабени и што да правам да ги фрлам? Мислам дека ова со парабените е повеќе пропаганда од вистина. Еве доколку сака некој нешто повеќе да прочита: http://en.wikipedia.org/wiki/Paraben
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Сум земала цела козметика на ќерками сум ја извадила и пошто е темно во соба со телефон светам и читам мм се буди и се крсти, боже господе вика што уште ќе ти текне во 1 саат, ај ако не зачисти .. хахха.. Ама сеуште не свати дека истражувам.
    Да сега видов Метилпарабен и Пропилпарабен тоа содржи бекутанот, офф а толку ги сакам производиве освен Бекутан ништо не користам. И јас не знам што да правам. Плус залихи за цела зима имам :D
     
  6. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Абе користи си ги немај гајле, и јас ги користам, цели генерации се израснати со Бекутанот, а плус ништо не е докажано, само контроверзи, а сите ги користат. Еве Нивеа ги користи, ги има во марамиците што јас ги користам за син ми и зарем мислиш дека Германците би употребувале нешто ако не е проверено или штетно? Прочитај што пишува на Википедија и ќе видиш. Инаку ако бараш по интернетов ќе сретнеш свашта и ќе останеш на крај со прстот во уста, штетни се или не? Ако тргнеш така тогаш ќе видиш и дека цела твоја козметика има парабени. Значи штом пишува Clinically Tested или Clinically Proven може да се користи.
     
  7. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Фала имењачке .. Ајде добра ноќ. Да си заспијам сега мирно :P
     
    На Sanjicka15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Можеби од тоа ќерка ми се исфрлаше :(
    Кога се роди почнавме да користиме бекутам марамици и павличева,и целото дунде и газе и беа исфрлени ,со црвенило па после почна и како ранички...и ги сменив бекутанот почнав со павлодерм павличева и добро си беше супер ја поднесуваше,случајно мм земал бекутан и ај си викам од едно бришење ништо нема да и биде,ама не грешка сум била пак се нафрли детево и од тогаш сум рекла бекутан никако :fubar:
     
  9. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Јас искрено многу внимавам на тоа т.е имам фобија иако понекогаш кога немам избор земам и такви продукти како на пример сега пантексолот , за парабените дознав кога истражував на нет за ендометриоза т. е ендометриома- циста од која сум оперирана и носам 14 см рез кога видов дека една од причините се ксеноестрогени меѓу кои и парабените стварно имам фобија не викам дека се создала заради тоа но ако додадам дека хормонално пореметување немаше никогаш а 100 пати испитав хормони и те како читам - можеби јас сум тој поосетлив организам 1 на милион како што сум си баксуз :x
     
  10. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    На интернетов ќе прочиташ се и сешто и затоа јас додека не докажат дека е така не верувам, тоа е како со вакцините биле штетни ама цврсти докази нема. Ама те сфакам како ти е, со такво искуство нормално е да се плашиш и доколку имаш фобија од сите тие супстанции тогаш пробај ги производите од ДМ, значи тие што се нивна марка, речиси сите се за осетлива кожа и се од органско потекло. Иако и на некои од нивните производи има парабени, еве на пример маж ми користи after shave од Балеа, нивната марка, кој ги содржи сите 5 парабени, а на производот има знак ÖKO-TEST, кој е германски знак за квалитет и го има само на многу квалитетни германски производи.
     
  11. UMUT

    UMUT Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    МОЕ мислење е дека ако нешто му штети на бебето ке се појави реакција како што ги кажувате тие состојки доколку бебето не ги поднесува и му предизвикуваат штета тоа ке се изфрли или ке има било каква реакција.значи на секое бебе неможе исто да му влијае едно нешто на пр јас од оригинал памперсот воопшто не сум задоволна иако давав 1000 син ми бесе со осип две недели од една памперс пелена :^) секој и според финансиите ке си гледа тоа е тоа,а и ако има штетни раб во составот сиг ке го забранат за употреба (сепак ова е мое мислење па др си е ваше) :)
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    на тв никогаш нема да слушнеш за штетноста,како за вакцините така и за сите други штетни производи кои во изобилство се употребуваат...тоа е маркетинг,ако објават во јавност се ке пропадне,вакцините намерно се измислени за да има повеќе болести,за да работат турбо фармацевтските индустрии,но за тоа полека се разоткрива. Зошто тие што зборат на интернет не можат да ги пикнат во затвор,затоа што ја кажуваат вистината. На пазарот има многу штетни производи кои се одобрени да се продаваат,а народот си мисли дека штом се продава не е штетно,но многу грешиме.
    Секој си има право на свое мислење,јас би ви препорачала да си ги отворите очите,зошто кога станува збор за нашите малечки,ние како мајки им посакуваме само најдобро!
     
    На lavinija28 и friendy им се допаѓа ова.
  13. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    јас користам бекутан и да ви кажам сестра ми живее во Чешка летоска беше ми донесе памперс и џонсон козметика само да ви кажам дека тоа што се продава тука кај нас и она што ми донесе има гггггггггггоооооооооооолллллллллллллллллллллеееееееееееееееееемммммммммммммммммаааааааааааааааа
    разлика и уште еден пример ( надвор од темава е али за шампон елсеве на лореал имам користено од италија и од овдека што се продава со првиот косата ми беше абе свила после тоа реков ај да продужам нели со истиот катасрофа косата измија за еден ден мрсна ццццц)
     
  14. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    И на една моја другарка на бебето му се исфрлаше газето, а користеше Памперс. И првин не сакаше да верува дека може од пелените да биде исфрлена, мислеше дека е од каката, па посебно дека Памперс користи нема шанси. Ама после некој период ги смени и тоа со Бекутан кои се покрути од Памперсот и осипот почна да поминува.
     
  15. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Мене ми препорачаа Логона и со тоа ја бањам, а ја мачкам по цело тело со павловичева оргинал и многу сум задоволна.Лосионот Логона планирам после 40 дена да го користам.Инаку имам и мустела и бекутан (кој што ми кажа то акупувам) .Ама сега за почеток со Логонава супер ми е.Инаку денес прв пат ќе ја мачкам со јекодерм.
     
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Девојки, ги читав коментарите за парабените и реков да ви кажам дека во масти, креми, лосиони- парабените имаат улога на антимикробни средства, кои спречуваат развој на микроорганизми во препаратот. :)
     
  17. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Toа би значело дека козметиката без парабени по отворањето е подлога за развој на микроорганизми или во нив има друго антимикробно средство ?
     
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    И јас истото го имам приметено за шампоните, имав користено исто L'oreal на база на мед, EU производство и стварно и годеше на мојата коса, а другиот шо да кажам, еднаш, двапати дали се измив.

    За децата многу внимавам каква козметика купувам, не мора да е бренд, гледам само да е на природна база, со што помалку состојки. Порано купував Johnson & ..., но гледам дека купката содржи парабен и затоа престанав. Сега во моментот Mustela и Shauma.
     
  19. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам дали некој има искуство со Себамед козметиката за деца...Јас порано ја користев за мене и презадоволна бев...Незнам како е за бебиња...Ако има некој искуство нека пише...
     
  20. srna1

    srna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    11
    ako ima kako lisai ili rapavi delovi kruzni afloderm 1 dnevno