@Milkiway јас само повремено мачкам Веледа на препони ако и се вцрвенети од топло. Иначе исто ко @Yowannty оставам да се исуши и ставам нова пелена. Бришам со вода само наутро и навечер,со бебе тупфери,ги имаш во ДМ.Кога е искакана ја одмивам скоро секогаш. Ова ми е по препорака и на педијатар и патронажна,беа децидни дека крема за пеленска регија се користи само по потреба,за да може да дише кожата. Внатрешниот дел на вагината го чистам со масло од јојоба и бадем(може било кое),исто по препорака на лекарот. До сега не се појавил никаков осип,додуша мала е 3,5 мес,подоцна кога каките ке се цврсти,може ке треба почесто мачкање,засега сме Ок. Иначе,покрај Веледа,читав и за позитивни искуства за крема од ДМ,на Алверде мислам,исто на природна база.
ме замисли ова со урината...па откако е роден син ми, пелените му се жолтки кога му менувам, а знае и во корито да се помочка кога го бањам, исто жолто. До сега немал нешто мака, ни па педијатарот ни рекол да пазиме
Па и мене во зегин таа ми понуди од 700 викам нема нешто поевтино еве ми вика оваа 170-200 така некоја цена беше
Фала ти многу на искуство. За Алверде внимавајте јас од моливче за очи а другарка ми од сенка за очи развивме алергија едвај се оправив а и шминката им е органска и природна но од неа доста ми се пожалиле па од моево искуство не би користела ништо од Алверде. Стекнав некое мислење дека е Low budget козметика за Земји во развој
Јас за пеленска регија користам павловиќева оргинал. Мачкам само после бањање, значи еднаш дневно. Откако е роден ја користам. Веледа со цинк мачкам само ако не мијам газе после какање или ако има црвенило. Секој ден на здрава кожа нема потреба. За се останато користам веледа: гел за туширање, масло, лосион, крема. И заштитен фактор 50ка имам на веледа. Ако сакаш се природно, кремата на веледа е мрсна ама не како павловиќевата. Некои педијатри велат да не се бања бебо секој ден, јас го бањам откако е роден. Цел ден е изложен на прашина, кога почна да јаде е лом од храна, после бањање е друго бебе, заспива поубаво и побрзо. Не се препорачуваат ни влажни. Јас користам виолета 99 % вода. Се трудам да му го пружам најдоброто на синко, од козметика до јадење ама не можам да го заштитам целосно.
Колкаво е бебето? Да ти кажам право јас од тебе прв пат слушам за жолта урина кај бебе, а може е и честа. Мене така педијатарката ми кажа на почеток, дека урината е проѕирна и здрава и да не ја измивам после уринирање. И стана многу бледо жолтеникава откако почнавме со до храна, и тоа го приметувам само на пелена, вака кога ми моча на бањање пак ко проѕирна ми се гледа. Ама урината секако е здрава. Не за џабе еден куп креми се со уреа. Плус чим педијатарот не ти искоментирал нешто, не се секирај, веројатно се е во ред. Единствено што ми паѓа на памет е дека урината станува темна како пиво кога сме дехидрирани. Иначе треба да е светла. Ако сте почнати со дохрана, нуди повеќе вода и овошни компоти без шеќер ако сака.
Секако и за внук ми тоа се користеше павловичева нит веледа нит нешто органско па порасна 5г напрај и он се бањаше секој ден и беше исфрлен ама никој не кажа ставете еуцерин или веледа туку се шлакаше со павловичева и влажни на памперс од прв ден малтене. Само мене лично Павловичевата Оргинал на србите не би ја користела дека е на Цена листа во Германија. Ќе побарам бар за неа некоја замена. Мислам кај нас се проаѓа од козметика..
мал е, утре полни 5 месеци не е како пиво ама така жолтичка хаха..ама и доста ги полни пелените, сигурно не е дехидриран..а инаку е на адаптирано па можно е и тоа да ја менува бојата
@Milkiway органската козметика е чиста и е поконцентрирана, и не ретко кога се работи за органски производ некоја состојка знае да предизвика алергиска реакција. Тоа само значи дека таа козметика не ти одговара. Иначе алверде, бебешката линија е природна и не содржи штетни состојки.
Ееее може од ад да е. Немам искуство со ад па не е во ред да правам претпоставки. Ама сигурна сум дека се е во ред.
Има деца кои од веледа се исфрлаат. Требало родителите да поведат ред зошто е детето исфрлено. Некои деца и со бекутан имаат кожа стакло. Реално, сите деца ке пораснат, со било која крема да ги мачкаме. Не е за осуда и родители кои немаат пари за веледа. Не е скапа, прескапа е, изгор. И хип е сосема во ред. Мојата логика е следна: павловиќевата е мало зло кое на синко не му прави проблеми. Воздухот кој го дише не е помалку штетен од нафтените деривати во таа крема. Сега веќе јаде. Наоѓам и телешко, и млади пилиња од село ама останатото? Се, се, се е прскано. И во село и во тинекс производите се прскани. Не ми е драго ама тоа е.
Може бебешката е подобра. Но пред 3 или 4 години во скопје имаше ептен наплив на жени кои се жалеа од алверде. Во ДМ бев 1 неделно сигурно и стално бар 1 жена ќе се пожалеше на каса од алверде. Едно време ги немаа воопшто или имаа многу малку избор од нив ги повлекоа. Во Загреб кога живеев во тој ДМ не ни имаа шминки на алверде за друга козметика не ми ни текна да проверам. Но пак зборам за шминката не значи дека другата козметика е таква. Ама мене лично ми е шубе на бебе од алверде да ставам
Ако си од скопје сестра ми за внук ми зимаше од ГТЦ од продавница органски зеленчук и овошје и само такво за него правеше имаа се дури и резервираше однапред тиквички пошто ги раскупуваа. Од тогаш 3 год се поминати не знам дали уште постои таму продавницата. Ама сигурно има по скопјево бар на почеток да се заштити. Внук ми имам кажано беше на Ад но хранава органска го ојача многу во поглед на имунитет
Можеби, тука не тврдам каква е, не сум ја користела, само во состојки што стои нема нешто штетно, ништо канцерогено бар. Јас веќе некое време не користам Веледа шампон и гел за туширање за бебе. Се префрлив на Апивита. Тоа е грчка козметика, природна е, многу е добра. Користам доста производи за себе, па последно ја пробав и бебешката линија, за сега и одговара. Штета што ја нема во мк. Цената е тук така со Веледа. Ама грциве знаат многу добро со билки и им верувам. Павличева само во ех ју се користи и тоа многу кажува. Само ние тука едно зло оправдуваме со користење на помало зло иако се има избор. Нема потреба од скапи креми. Бар денеска има креми за секаков буџет што не се штетни, иако кога се планира бебе треба да се планира и буџетот.
Е да убаво си планирав се од грција да си искупам ама ништо здравје догодина ќе бараме и гледаме. Сигурна сум дека има некоја подобра крема како додсток на Веледа доколку е потребно ама ајде ќе видиме фала на искуство
@Milkiway зошто ти си најактуелна со прашањава еве и јас ќе го споделам моето искуство. Не сум стручна ама прилично читав. Мали ќе полни 3 години за некој ден. Од почеток користев или веледа (мислам краок период и хип). Не сум мачкала секојдневно на газе ништо. Само по потреба ако се вцрвел (многу ретко) таа на веледа за пеленска регија. Ниту павловичева ниту нешто сличбо на неа не сум ставила никојпат. И никогаш немал проблем. Ниту тело не мачкам секое бањање. Само одвреме навреме ако ми текне или забележам некаква промена, што е ретко. Најубаво да се почне со што помалку шлапање. Ако недај боже се појави проблем, тогаш се бара чаре, а и во тој случај нема универзалбо решение што им одговара на сите деца. А сега за останатите. Незнам зошто се најдовте навредени, па напаѓате ако некој даде најдобронамерен совет. Не е скапа козметика секогаш решение, ете имате алверде линија која по цена чинам е иста како бекутан и ред други примери. И мислам редно е да сфатите дека тука се споделуваат добронамерни совети и ако нешто е спротивно на вашата пракса не треба да напаѓате дека е преувеличување. И не не е оправдание ако дишеме нечист воздух дека нема потреба да внимаваме на други работи. Напротив има работи на кои не можеме да внимаваме и влијаеме, ама има работи за кои сами одлучуванме и можеме да ги заштитиме децата.
Фала ти многу на споделено искуство. И претходно спомнав внучево ми е 5 год се што знам ми е од таму ама они го шлакаа.. мењај пелена шлакај павловичева за друга крема не се знаеше. Ете може никој не прочитал чул видел. Веројатно, дека сум цело време затворена дома и само читам немам друго што да правам па се откриваат работи. Еве и сега бабиве ми викаат обавезно пелена мењаш па мачкаш дури и аптекарка го тврди тоа. Мораш дома да има павловичева.. Ама фино е да се чујат и ваши искуства и јас размислувам така да правам како што си правела и ти. И по мене нема потреба од толку препарати. Сепак бабиве имале свое бебе пред 30 год епа не е ништо исто од тогаш
@Ano преувеличување е затоа што има луѓе кои имаат добар буџет кој не е доволен за веледа. Ке испадне дека тие се лоши родители. Канцерогено та не знам што. На крај ке излезе дека за да си добар родител треба на друга планета да се преселиш за да дише чист воздух. Павловиќева е минорен проблем во однос на воздухот. Посебно Скопје во зима.