И моите внуци се шлакани, ама јас одлучив да се информирам и да донесам самостојна одлука. Ни влажни не користев освен за надвор, дома или измивав или пребришував со навлажнето крпче или едни марамици за еднократна употреба на тото (незнам овие дали ги има суште) натопени само во вода. Сепак ти си носиш одлука и ќе следиш бебето како ќе реагира. Едноставно јас одлучив да почнам со што помалку хемија и кај моето дете се покажа дека навистина нема потреба. Не ми ја сфати поентата и незнам дали вреди да навлегувам во дискусија. Јас не реков дека мора да е веледа. Можев да си дозволам и користев. Ама како што кажав минимално. Не реков дека тој што не може да си дозволи е помалку добар родител. Поентата ми беше што помалку тоа подобро. А како што кажав има многу поефтини, а подобри решенија, ама кој сака да сфати. И не реков дека треба да се преселиме на друга планета, ама на воздухот не можеме да влијаеме, ама има други работи за кој имаме избор, меѓу кои и козметиката. Еве и јас немам од кај да набавам домашна храна, ама се трудам да правам подобар избор за моето дете. И некој ќе рече ние така сме расрени и ништо не ни е. Далеку од ништо не ни е. Колку млади има со тешки болести, колку млади се борат со стерилитет. Сето тоа си е данок од начинот на кој сме растени. Тука ќе застанам да објаснувам зошто не може да се дискутира со некој што не сака да дискутира.
Одличен е. Години наназад го користам во лето после плажа. И за мене и за деца. Esi имаат добри, квалитетни производи. За павловичева - мачкав со првото на секое менување пелена, витаминска крема на Бекутан со невен (портокалово капаче). Дека сите така правеа, така ми кажуваа дека морало, така правев. Детето имаше мака со пеленски осип доста често. Со второто не мачкав ништо, само по потреба крем со цинк оксид ако малку се зацрвенеше. И немаше никаков проблем со пеленски осип како големиот, иако малово е атопичар и имаше егземи. Сфатив дека е најубаво ништо да не се мачка на секое менување на пелена, оти со мачкањето се воспалува повеќе, кожата не може да дише и затоа најчесто се прави осип.
Да си жива и здрава за коментаров. Не знам дали овие мајки вака за притресуваат и за храната која ја конзумираме, за прашаци со кои перат, чистат, во зима дете кога вадат надвор или кога дете ќе однесеш во градинка па таму ептен ќе ти го мачкаат со органско. Секој родител го прави најдоброто што умее. @Milkiway совет од мене, почекај да се роди не купувај одма креми, ќе видиш малото со каква кожа ќе биде. Може и без ништо да мачкаш да си поминеш. Јас сум мачкала и кантарион масло, ама како што кажав јас маки мачев со малата. Инаку најдобар совет на секоја нова мама што можам да и дадам е: опушти се, правиш најдобро што можеш, и детето ќе си порасне супер, без пресија!
Зошто мислиш дека не сакам да дискутирам? Сте запнале за тие канцерогени супстанци, а немате поим колкав процент ги има во павловиќева, а колкав во воздухот. Ама не е само воздухот, и храната, водата, пластика, облека. Значи нема каде нема загачувачи, пестициди, канцерогени материи итн. Синко цица, значи се што јадам оди и кај него, а немам доволно пари да купувам телешко и младо пилешко и за мене. И млеко. И што уште не. Ама баш павловиќевата ке му направи проблем. И јас користам веледа за синко откако е роден, година ке полни уште малку. Или колку се трудат детето секој викенд на планина да го носат. Ти колку сакаш мачкај органска козметика, кога воздухот е страшно загаден. Плус ако живеете во центар, три веледи не ве оправаат.
Да тоа секако. Сега имам бар претстава отприлика еве дури не пишев не знаев дека може бебе да не се мачка без ништо ако му е кожата во ред. Нит па мајка ми и свеки знаат и викаат мора на сњкое мењање павловичева. Добро што прашав овде инаку и јас ќе си го шљакав со креми беспотребно. Во однос на тоа секако нема сто посто заштита јас зборам дека нема да ја купам конкретно таа крема чим е забранета во ЕУ ќе најдам секако замена Ако треба. Затоа и морам да купам и барам пс сега зошто ако оставам баби ќе си купат што си мислат они ...Фала многу
Никој за ништо не запнал, ниту пак некој пробува да ти го промени мислењето. Форум е место за размена на мислења и информации. Мачкај го слободно детето со павловичева, таман работа. Тоа што некој како нас решил, кадешто може да влијае и да направи промена, да направи, тоа е наш став. Јас лично (кажав и претходно), не го поддржувам ставот на “неколкуте штетни работи, ги оправдуваат и другите.” За загадениот воздух немаш едноставен избор. Не можеш со една едноставна одлука да го промениш и да не го дишеш секојдневно. Кремата можеш. Тоа е целата поента на муабетот. P.S. Веледа е еден од над 1000 органски брендови на пазарот и над 35.000 производи. Има и поефтини, да не речам дупло поефтини органски бебешки козметики, кои се многу поблиску до цената на конвенционалната козметика. Чисто како пример.
Како не може? Ке си купиш нива и куќа на планина и таму ке растеш дете. Има чисти села кај нас. Ако во град воздухот е загаден, на планина каде што нема ни возила ни фабрики е многу многу почист. Ете ти избор. Ете ти, павловиќева и веледа. Ама живеењето на планина си влече со себе други потешкотии и проблеми, затоа е полесно да кажеш, органско или ништо друго. Кои се тие органски производи кај нас? Алверде ли? Јас гледав и видов дека се полни со алкохол. Освен веледа и алверде, кажи трета органска опција а евтина. За хип знам дека е добар ама не е органска козметика, само има добар состав. Запнувате и тоа како. Да не сум информирана, ке помислам дека деца кои ги бањаат со чикови производи имаат канцер, далеку било.
Ќе претпоставам дека случајно (а не намерно) не ми го разбра текстот. Реков „За загадениот воздух немаш ЕДНОСТАВЕН избор. Не можеш со една ЕДНОСТАВНА одлука да го промениш и да не го дишеш секојдневно.” Смешно е да споредуваш промена на бебешка крема со купување на куќа и преселба. Колку и да сакам да ти ја сфатам поентата, претерано смешна е паралелата. Натура Сиберика има органска бебешка линија и тука во Германија веќе ја најавуваат новата (ребрендирана) линија за бебиња, која ќе биде со цени од 4€-8€. Знаејќи дека и кај нас во МК го има тој бренд, може да се очекува дека ќе ја донесат ребрендираната линија. Пак ќе повторам. Никој за ништо не запнува! Форум е. Сите имаат право на свое мислење. Јас никого не сум осудила, едноставно не се сложувам со тебе или со некои други на таа тема. Што има тука чудно?
И мене ме замислите со коментарите за павловичевата... И јас ставам една дневно можеби па би сакала да ја заменам и ако може да предложите некоја што е органска и од каде би се купила.
https://www.bellina.mk/c/55/bebinja--deca тука можеш да разгледаш. Јас по потреба мачкам со кремата за тело од Натура сиберика , презадоволна сум општо од овој бренд
А кај нас која е цената на натура сиберика? Скоро иста како веледа е. Не е едноставно и да немаш 2000 за козметика. 600 гел за туширање. 950 масло или лосион. 450 за пеленска регија. Гел за бањање ти треба секој месец, плус масло или лосион. А памперси? Адаптирано ако треба?
Не ти требааат месечно по еден производ од сите овие работи. Мое бебе има скоро година, сега ја користам втората туба за газе, трета туба шампон, купка. Лосион е првата туба не ми е ни до пола потрошена. Нема потреба даа шлапаш цело време туку само по потреба. Пелени и храна ти треба секојдневно да купуваш, козметкика не.
Јас гел за бањање 6 или 7 туба. Има коса синко, а веледа не пени, мора повеќе да ставиш. Лосион преку сила 2 месеци. За газе само трае затоа што не е за секој ден. За почеток сакако треба се да купиш, значи 2000 за старт.
Јас користам од овие на алверде и во бременост се мачкав со кремот против стрии и ефикасен се покажа никаде немам ни една линија..би требало и бебешките да се убави
Затоа ти посочив, најавуваат ребрендирање. Се распрашав тука во Германија кај еден овластен продавач. Новата линија ќе биде за 30-40% поефтина од старата. Тоа им било наложено од производителот. Мојата претпоставка е дека на ниво на цела Европа би биле цените пониски. Значи 7€ (420 ден.) лосион/млеко, иста цена и купката и 5€ (300 ден.) крема за пеленска регија. А гледајќи по цените од линкот што го пушти @koritsaki , во МК се дури и поефтини од Германија. Стариот шампон е 630 ден., наспроти 11€ (720 ден.) тука во аптеките. Значи може уште поефтина да биде новата линија во МК. Edit: Еве наидов и на промоција на Логона на ФБ, баш за тоа.
По таа логика, зошто воопшто ги оставате цигарите дур сте трудни и доите, и не пиете алкохол, децата секако дишат загаден воздух па буфтајте цигари во нив нек се јачаат. Зошто почнуваме со посебна храна за нив кога секако ќе јадат џанк фуд по некоја година, па што не давате пржено компирче од 5 месеци? Зошто ние ги штитиме се додека можеме и се каде што можеме да направиме промена. Ама ете козметиката е проблем. Воздухот бил канцероген, па што има врска ако и кремата е канцерогена. Господе боже и сите светци. Фак лоџик. И да. Џабе се вадите на буџет. И веледа е достапна на сите. Само треба буџетот да се изменаџира практично. Кој сака може, кој нејќе ќе наоѓа изговори, впрочем како и за се останато во животот.
Значи тоа ке се случи во иднина. Сега има ли алтернатива? Не. Да. Секој ден откако е роден. Воздухот не е канцероген? Кремата е канцерогена или некоја состојка, во мал процент е канцерогена? Што е со млекото и храната која јас ја јадам? Сте се фатиле за канцерогени креми, еве деца што имаат канцер од креми заболеле, не од воздухот или храната или радијација??? Не се изговори, факт е дека веледа е скапа козметика и крај. Не е само крема и гел, каде се останатите работи потребни за тоа бебе?
Пак таа за воздухот. @MilaSs12 воздухот драга не можеш да го смениш, тој е. Ама и те како менуваш се останато за подобро, бар таму каде што постојат опции, за што сум сигурна. Зарем храна воошто ли не внимаваш од кај набавуваш? Дискутираме за работи кои се штетни, а имаат поздрави замени. Работи кои ги браните со глава во ѕид, а нигде во свет не се користат. Во Скандинавија не патат ли од осипи дечињата, та само тука пресвета канцерогена павличева е најдобра?? И ти ли знаеш зошто заболело секое дете и колку кремата имала улога? Ајде да не ги ставаме во уста тие деца, не е фер. Знаеш што е факт? Што кога планираш дете факт е дека треба да го планираш и буџетот. Знаеш што е друг факт. Друг факт е тоа што сите ние купуваме безброј непотребни работи, тракатанци, играчки и облека која не стигаме да ја искористиме, и факт е дека ако се испланираат трошоците и се фокусираш на неопходно и потребно, секој ќе може да ја дозволи веледа, се останато е празни изговори. Ај пак сега за воздухот...
Прашакот со кој перете сте му виделе состав, омекнувачот, средствата со кои чистите по дома и дете све тоа конзумира? Храна не верувам дека некој наоѓа органско, бар кај нас во МК не постои, имаш контаминирана земја. Месо? Живеам во град не одгледувам дома и не секогаш успевав да најдам '' домашно'' купував од Веро? Демек не е начукано со хормони, исто како и за јајцата. Дете седи со нас и во кафана веќе јаде. Да! Храна спремана со палмино масло. Зборот ни е дека цепидлачите, сте се фатиле за тоа како мачкаме павловивечева! Е добро де, ете бањаме со органска купка. И точно е, нема секој пари да си дозволи. Јас сум користела Памперс, Веледа, Логона, Мустела крема 1000 ден за тело, а другарка ми Бекутан. Не ја прави тоа полоша ниту мене подобра мајка. И дај олабавете малку вие органски мајки што не знам каде живеете, ама далеку сте од реалноста!