Има. Натура Сиберика беше само пример. Имаш и Логона и Лавера и Уртекрам и Corine de Farme и Gamarde.....значи има и тоа во МК зборам. Ако стварно си сакала, ќе си нашла со гаранција. И ајде пошто упорно ме влечеш за јазик, како ние да сме некои ботови на рипит стаени што немаме везе од тоа што го збориме, а ја еве по некоја случајност спремам докторат во Германија за биохемија на кожата и козметологија, а ти еве си се фатила во 2-3 постови по ред како упорно тврдиш дека тие канцерогени состојки ги има „во мал процент”, знаеш колку ги има? Еве да знаеш и за во иднина....состојките што се на првите 2 позиции на INCI листата, најчесто сочинуваат од 70-95% од производот! А кај оваа крема, баш тие две состојки се канцерогените нафтени деривати. 70-95% по твои стандарди е малку?
Ау @eva993 каков гол. Али џабе, во Македонија до 102,6% е граница за безбедно. Кока кола. Иначе е цепидлачење. Туку за друго ти пишувам. Кога веќе спомна дека професионално се занимаваш, знаеш ли нешто повеќе околу ланолинот? Ја читав биодевојка тврдеше дека без разлика што стои на упатството, паметно би било да се одмива пред бебето да цица доколку се користи, или соодветна замена е шеа путер, оти било невозможно да се прочисти скроз од пестициди. Имаш ли мислење околу тоа?
Баш ми се допадна споредбата на @MilaSs12 со дишењето чист воздух, купување куќа во село/планина наспроти користењето органска козметика. Да ми дишат децата чист воздух и да јадат здрава харана, а да ги мачкам со Бекутан и Павловичева, ќе бидат поздрави од оние во град што се мачкаат со Веледа. На времето немало органска козметика, нѐ бањале со Мерима сапунче, па немало толку оболени од рак како што има денес. Сѐ што сакам да кажам дека проблемот со козметиката е минорен. Ние можеме да си го подобриме животот, дали тоа ќе биде со скапи органски препарати, скапа органска храна и што ли уште, ама начинот на живот, средината во која живееме, тоа е она што намјногу влијае на болестите. @eva993 дали во твојата студија имаш истражено колкава количина треба да употребиш, еве да речеме на една одредена крема, за да предизвика клеточни промени односно појава на рак?
Малку надвор од последниве 10 страни.. Дали некој тука ја користи козметиката на Uriage? Слушнав од неколку Познанички дека ја користат и се задоволни, па сакав и тука да прашам за мислење..?
И обично тие најглаасните оставаат 50евричи минимум месечно по кафани, кафичи и уште толку на цигарчиња.
Мене никој не ми одговори дали шеа путерот е безбеден за бебиња без одмивање? И кокосово масло спомнавте. Ме интересира за 0+. Како што кажав, ке си најдеш куќа на село, воздухот чист, чист, дете ке трча по ниви цел ден. Воздухот во населено место и на планина кај што нема ни автомобили ни фабрики не е ист. Ама не е лесно да живееш од земјоделие и сточарство, полесно е да кажеш дека против рак веледа е мајката. Се фативте за павловиќевата, ама уз пат нагласувате органска та органска. Само павловиќева ли има канцерогени материи? Која е цената на сите тие креми? Иста цена како веледата имаат. @Kitten те прашала, а еве и јас. Според студијата, која количина на крема, и колку време треба да се користи за да предизвика појава на канцерогени клетки? Исто ме интересира, дали употреба на крема значи сигурен рак или има шанси, како што има шанси да добиеш рак од загаден воздух?
Постои сертифициран ланолин (од нетретирана волна без пестициди) и несертифициран, за кој нема гаранции. Првиот нема никаква потреба да се одмива и е апсолутно безбеден. За вториот таква гаранција нема и можеби е подобро да се одмие. Сертифициран, производот е наменет за доилки и е безбеден за користење и без измивање. Освен тоа, ланолинот е и најефикасен за справување со оваа проблематика. Дополнително ланолинот во својата природна форма се смета за хипоалергенска состојка. Некои одат чекор подалеку и прашуваат дали ланолинот е добиен преку процес наречен Mulesing (типичен за во Австралија употребуван на Мерино овците). Ова е доста контроверзна и според многумина неетичка метода (заради страдањето на самите животни) па често се избегнуваат производи добиени по овој пат. Во Германија е Mulesing забрането. Чист шеа путер, по можност nilotica - Источноафрикански (уште подобро), е исто така супер алтернатива.
Апсолутно секогаш. @MilaSs12 тоа е навистина убава споредба, ама нереална бе душо. Еден куп млади живеат со стари оти немаат услови за посебно. Во најголем број случаи тоа не е опција, додека пак козметиката е и те како опција. Можеш да бираш што ќе користиш! Ама ти бираш да рационализираш. Еве од китен коментарот да се надоврзам. Да, денеска има повеќе млади оболени од рак, дијабет, just name it, ама токму ние сме тие оболени генерации растени без органско, со павличева и мед на цуцла од 1 месец. И очигледно дел од нас и покрај сите достапни информации ќе го продолжат кругот. Средината и условите во кои живееме навистина игра значајна улога за сите болести, ама затоа човек се труди каде може и умее да го подобри начинот на живот, со што на некој начин ќе пркоси на "лошото време". Ама во ред. Вас крема со канцерогени нафтени деривати ви е минорен проблем, и тука веќе не планирам да продолжам да дискутирам. Цел свет се фокусира кон поздрав начин на живот, се менуваат стандарди, се трансформираат цели општества, ние овде се убедуваме за крема со докажани канцерогени состојки. За која има еден куп поздрави замени!! Просто неверојатно. Јас се одјавувам. Нема поента повеќе да се дискутира за нешто за што едноставно не би ни смеело да постои дискусија.
Во козметичките производи кои содржат нафтени детивати, се користат таканаречени Mineral Oil Aromatic Hydrocarbons - MOAH. Направени се испитувања при институтот на Stiftung Warentest на овие канцерогени нафтени деривати, чие количество во козметичките производи било за 15.000 (со зборови: петнаесет илјади) пати повисоко од она кај некои прехранбени производи. Конкретно најдени се вакви концентрации кај некои производи од брендовите Bebe, Blistex, Dove, Labello и Nivea. Најниски концентрации од сите овие се најдени кај маслото за тело од Dove (0,005%), кое сепак е 8 пати повисока концентрација од чоколадото со највисока тестирана концентрација на MOAH. Најстрашна е ситуацијата со вазелинот, кај кој се утврдени концентрации до 9% или како гореспоменатите 15.000 пати повеќе отколку кај прехранбените производи. И Европскиот Институт за Безбедност на Прехранбени Производи (Efsa) и Германскиот Национален Институт за Ризик (BfR) се согласни со тоа дека овие состојки се канцерогени и дека кај испитаници кои редовно користеле производи со високо количество на MOAH, најдени се остатоци од нив во црниот дроб, слезината и лимфниот систем кои биле алармантно високи! Инаку ракот не е мерлив во единица мерка, па сега да може некој да ти каже од толку и толку ќе добиеш рак, под тоа немаш гајле. Не е тоа термометар. Но добро е да се знае како стојат работите и да не се предизвикува свесно. Сѐ останато е непотребно искушување на сопствената генетика. Поздрав.
Јас почнав да ја користам за ќерка ми ама на поголема возраст 4 години , бидејќи многу и беше сува кожата во зима дури како лишаи и се јавија, земавт маслената купка во проѕирна туба и стварно преубава се покажа,сто пати подобра од еуцеринот.После кога ја истрошивме земав од другата маслена во плава туба и од истата колекција и лосион за тело.Мене ми се многу убави,мирисаат на чисто,свежо,а и една другарка ги користеше за бебе и тие другите креми за газе и за лице,рече добри се покажале.
Епа нели пред да добиеш дете планираш буџет? Тоа го зборам цело време, дека немаат сите пари за веледа или некоја друга органска крема. Се расфрлате со поимот канцерогени, и на крај испаѓа дека родители кои не користат органско се лоши родители, не го пресметале буџетот, не направиле добра математика дали да купат алишта или органска козметика. Ама за живеење на планина, кое е поздраво за секое дете, тогаш не е изводливо.
@Yowannty одам офф топик но сакав да кажам дека канцерот е болест на 21 век. Значи не сме само ние генерациите кои оболуваме, за да бараме вина во тоа како нѐ растеле нас и што користеле нашите родители од храна и козметика. Оболуваат и дечиња од 3, па и стари од 83. @eva993 ти благодарам на одговорот.
@Kitten да, ама сите статистики велат дека Македонија, на оваа мала популација води со одредени видови канцер, а посебно сме на врвот со млади луѓе заболени од дијабет. И првото, а посебно второто, многу кажува за тоа како не растеле нас. Значи некаде сериозно грешиме како народ.
Кога стана збор за козметиката на Бекутан, во Систина неа ја користат и Мустела, но ми изгледа дека 90% користат Бекутан. Дури и на интензивна нега кај што се предвремено родените бебиња, бидејки во инкубатори не ги бањат, ги пребрушуваат со хидрантнито млеко на Бекутан. Кога ги прашав што козметика да користам, тие ми рекоа каква сакам, и дека тие биле многу задоволни од Бекутан, кој немал им предизвикано проблем ниту кај едно предвреме родено дете. Ми рекоа дека разликата мегју Мустела и Бекутан е само во цената. Не знам дали ги форсираат производите од што се задоволни или можеби алкалоид им е спонзор, па мора да ги фалат.
Не ги плаќаат затоа ги користат. Знам дека им се спонзори и редовно им носат заради рекламирање. Јас не знам од Бекутанот мислам на прсти да се избројат мајки што се задоволни веројатно само со деца што имаат поотпорна кожа така да се изразам
Јас мислам малку во погрешна насока оди дискусија. Знам дека е невозможно се да биде органско и точно не може секој да си го дозволи. Може е полесно на тие што се надвор од МК и заработуваат повеќе. Во МК животот стана скап а платите стагнираат. Имаме европски цени на производи. Споредете Словенија и МК цените на Хофер и Веро се сосема исти на месо млеко кафе слатко..а платата во Сло мислам дека дојде 700еу минимална ако не и 800 да не зборам на памет. Точно дека не може секој да си дозволи. Поентата не ми беше секој да користи Веледа, туку си наоѓаш соодветна замена на Павловичева. Зошто искрено е многу некако неубаво чувството да користиш крема за која ЕУ ти забранува Увоз и продажба. Тоа му доаѓа исто како да јадеш Пилешко од некоја МК фирма што е забрането во ЕУ. Верувам дека ЕУ се построги во тој поглед особено сме биле сведоци кога неколку пати се повлекувала бебешка козметика ики храна дали на Хип или некои други а не било секогаш случај во МК да се повлече од рафт па кој чул чул или се повлекувало подоцна. Затоа подобро Бекутан или Природна на невен има од 119 ден во зегин отколку Павловичева Оригинал тоа ми беше мислата. И да сакав да дознаам дали е неопходно да се шљака било која 5 пати дневно, фала ви што укажавте дека не е морално. извинете на долго широко
Јас тебе апсолутно те разбрав, и мене истите прашања ми се вртеа во глава. Мене ме интересира, а никој не кажа, дали само павловиќевата и бекутан содржат нафтени деривати? Во продавница има еден куп производи а овдека само веледа, та веледа. Т. е. органско и крај. Еве мустела е хемии, хип е добра, а останатите? Нивеа, бејби лов, џонсонс бејби, чико, корине де фарм, фрезидерм? Со многу лош тон се пишува дека нафтените деривати се канцерогени, а што е со другите производи? Еве павловиќева ке исфрлам од употреба. А храната која ја јадама а преку млеко кое синко го цица една година? Ке најдам компири, моркови, домати непрскани, месо, а останатите продукти? Родители кои немаат пари за веледа и се органско ке се почувствуваат како најлоши на свет затоа што не си го пресметале буџетот а добиле дете. Се согласувам дека треба да се мисли на се кога добиваш бебе, ама претерување е да кажеш дека павловиќева е најголем грев во родителството. Се фатив за воздухот, затоа што ако е грев и непресметан буџет да мачкаш нафтени деривати, уште поголем грев е да живееш во град и дете да дише смог.
Абе луѓе никој не кажа дека тие се не родители, значи како прво има многу не информирани, други има како вас што се инаетат што има врска, трети не сакаат да се откажат од испаѓањето во кафанче викендов или од цигарите за на бебето да му купат поскапа купка. Тие што стварно немаат ќе немаат ни интернет за тука да се расправаат оти бекутан било исто со веледа. Тој што стварно нема ќе го гледа како знае и умее на крај ни купка нема да земе туку до сапунче што они си го користат ќе го избања или најдобра варијанта само со водичка. Имам пријатели кои не ја вадат платата од картичка и само калапат пари од што се стиснати, за децата ништо не купуваат квалитетно само за да го поминат месецот како да се рече. Од 4 месеци им даваат тетрапак и вода од чешма, од 6 веќе од нивното јадење, козметика најевтината, седишта, дубаци, колички, алишта се се позајмува од пријатели оти брзо растеле и се е ПА ШТО ИМА ВРСКА. И не дека немаат полни се како брод и повеќе од мене имаат, но едноставно не сакаат на детето да трошат пари оти се брзо ќе го израсне и што имало врска ние со свински сапун сме биле израснати па што ни фали. Ама разликата од тој свински сапун и денешната хемија е ехехеее.
Јас користев нон стоп веледа за ќерката а и сега за син ми. Ќерката одма после раѓање имаше страшен пеленски осип за кој имавме сѐ пробано - кортико креми, Павловичева, Павловичева оригинал, антибиотски креми - нистатин, афлодерм, миробакт… Џинџира спреј, Бекутан, што не.. на крај ни помогна веледата. Од тогаш па додека да остави пелени користевме само веледа и строго измивање после какање. Особено кога беше помала. Со неа ја користевме цело време бидејќи и до ден денес ја гледам има нежна кожа - од обично туширање има црвенила... Синчево има нормална кожа - дали два пати малку му се има зацрвенето газето, па соодветно на тоа веледата не ја мачкам на секое менување пелена. Ако е само мочан - не го мачкам. Ако е покакан, преку ден го мачкам со веледа масло од невен кое најтопло го препорачувам само не знам дали го имате во МК, а кремата ја ставам навечер пред спиење после бањање. Лично сум задоволна од козметиката, и за децава мои ми се има супер погодено.