Леле Мила аман! Аман значи. Милион пати објаснето, и пак едно те исто вртиш. Ме влечеш за јазик, и ветувам ова ми е последно излагање на темава, оти со "лош бил тонот" за крема со канцерогени состојки јас навистина не знам како повеќе да се дискутира. Не збориме за обична крема побогу. Уште еднаш одново. Никој, апсолутно никој, не те праи помалку мајка. Ти сама го спомнуваш тоа милион пати. Јасно ми е. Македонче секогаш претпочита да изиграва жртва, да се вади на тоа дека кај нас нема ништо, вака или така место да направи некоја промена... Факт е дека кој сака, ќе најде се што му треба или макар приближно. Недај боже да се упати критика, одма е тоа поврзано со напад на личност т.е. со немајка. Откако имам бебе, многу девојки ми посочува дека грешам негде посебно на почетокот, еве сум жива здрава, фала им на совети. Аман. Ти си таа што напна со Веледа, милион пати е пишано дека постојат еден куп поздрави замени за сечиј буџет, дури Ева и ти наброи примери во неколку наврати, ти Веледа та Веледа. И пак, да. Грев е дете да диши смог. Грев е за секој од нас да диши смог. Нереална ти е компарацијата за миграција жено божја, оти буџетот за едното и буџетот за другото се тотално различни. И да, по 101 пат, никој не вели дека можеш се да промениш и од се да се заштитиш. Сите пишаа дека тоа што може, кај што може, што е достапно и блиско може да се смени и примени за нечие добро. Тоа што не може да се смени, да сме здрави и живи, сите се бориме со нешто такво без разлика кај живееме. Едното не го оправдува другото. Повторно, не збориме за обични козметики, па оваа не ми одговара онаа ми одговара, збориме за козметички препарат користен само во ех ју, со докажани канцерогени состојки. ЗА КОЈ ПРОИЗВОД, ПОСТОЈАТ МАЛ МИЛИОН ПОЗДРАВИ ЗАМЕНИ. Дури жал ми е и мака ми е што воопшто постои дискусија за користење таква штетна крема. Ова нигде во свет го нема. Бар нигде во разумниот дел од светот. Северна и вечна! Темава е за детска козметика, успеавте да го внесете воздухот, водата, храната, да се направите жртви, ма се и сешто, за да оправдате користење крема со канцерогени состојки. Алал. Толку.
Дури сте овде умни и искусни жени собрани, кажете некој добар УВ крем ако постои, за кожа склона кон егземи. Ја купив Веледата, некако многу бел слој остава, има ли нешто помасно и помалку бело од неа? Или сите со природни филтери се такви?Искуство со Лавера можеби? Не за бебе, за дете.
Може некој да ми ја стави кремата за црвенила на пеленска регија на Веледа со слика? На нет ми отвара два вида. Па да знам која. @Kaetana ја спомна. Бебе ми е со дерматит, обично црвенилото на газе не поминува никако освен со кортико. Знае ептен да се воспали и од сон да ми се разбуди од болка/печење. Сите креми пробани, освен Веледата.
Ми отвара на нет една на која е назначено дека е за Diaper Rash. Не знам дали ја има кај нас. Оваа : Ја користел некој?
Треба да е таа, ама може поинаку изгледа за МК пазар. Нека пише некој кој ја има купено во последно време таму...
јас ја користам ама за мене, инаку е супер козметика и е на рамниште со Биодерма, и е исто француско производство. Само се зависи што ќе му се погоди на бебето.
Канцерот не е болест на 21 век, го има откако постои човекот, само што е откриен во 19-20 век поради зголемениот број случаи. Индустријализацијата си го направи своето. @MilaSs12 малку по малку почнува промената. Макар од кремот за тело. Ако павловичева е забранета во ЕУ, будала ли сум да ја купувам? Макар немала пари. Поарно свинска маст ќе користам. @eli.karameli користам органски прашоци и детергенти од ДМ за перење, не користам омекнувачи поради долгорочните последици врз респираторниот систем. Кога веќе дишеме загаден воздух и јадеме загадена храна (живеам во село и сами произведуваме голем дел од храната освен месо и млеко), барем да спречам несакано дејство на одредени хемии за секојдневна употреба кои секако можам да ги избегнам. Затоа и бирам органска козметика.
Има ли некој искуство, од Веледа и од Мустела која е подобра козметика за новороденче, или зависи од кожата на бебето? И уште, оние кои што користат Веледа козметика, за пеленската регија, кој производ го користат?
Така е зборот @Annath, не мора да се фаќаме за ситница. Така ја нареков бидејќи во задниве 20 години рапидно умираат луѓе од рак. Барем на овие простори.
Ве читам и ви се чудам како верувате во се што е напишано на препаратите. 90% за нашиот пазар се произведува во Турција или пак некои околни места за препакување. Од каде знаете дека се што купувате ви е органско? Да не сте биле вие да ги берете да ги одгледувате? Органско само од бафча ќе добиете кога ќе се окозите од работа и знаете дека нема ништо прскано. Сакам да кажам дека повеќето што е батал обично се продава на балканот доста фабрики имаат лиценци од Германски производи или од друга европска развиена земја. Можам да се кладам дека Веледата тука и во странство врска си нема. Само иста цена си ги плаќаме производите а добиваме 0 квалитет
Аман доста веќе со шпекулации и нафрлани „информации“ од ракав. Рекла-казала на најјако. Каква црна Турција какви околни места за препакување човече!? Што е ова 16-ти век? Па не треба да бидеш Ајнштајн.....оди само на официјалните страници на производителите и најди ја Македонската фирма која ги носи производите и крај на муабетот. Еве ти еден прост пример со 5 секунди гуглање.... https://www.drhauschka.de/en/dr-hauschka-international/ Macedonia BP Tarun d.o.o. Mrs. Lozenka Pavlevska Partizanski odredi 64A - 2/221 000 SkopjeMacedoniaPhone: +389 (2) 3062 235Fax: +389 (2) 3062 235 Dr. Hauschka Cosmetic lozenka.pavlevska@hotmail.com Facebook Еве ова стои на официјалната страница на Dr. Hauschka. Еве уште еден пример со Логона: https://www.logona.de/en/international-partner.html Или можеби нашиве најмиле хакер да им ја хакне страната на странците и да си ја стави фирмата без да приметат? Боже сачувај... P.S. Само за твоја дополнителна информација...сите овие органски брендови што ги спомнуваме, се сертифицирани. Во една клаузула од сертификатот стои, дека „сертификаторот има право да врши ненајавени инспекции на производите на сертифицираниот бренд, во било кое време и на било кое место на светот, кадешто се врши продажба на истите производи.“. Значи теоретски може да земе еден производ од Македонија, еден производ од Србија и еден производ од Германија и да ги спореди во лабораторија. Ако сите три не се ИДЕНТИЧНИ, им се одзема сертификатот. Мислиш дека некоја фирма/бренд при здрав разум би ризикувала такво нешто?
Јас прашувам што ставате од Веледа на пеленската регија секој ден, не кога е воспалена кожата. Ова што го објави @0ли е со цинк оксид и е за воспалена кожа.
https://www.weleda.de/produkt/c/calendula-pflegecreme#showSlider Оваа може да се користи за секојдневна употреба кога не е воспалена кожата.
Јас го користам кремот, но не на секое менување пелена ако е само измочан. Крем ставам после капење и откако ќе го измијам после какање. Оваа со цинков еднаш-двапати ја употребив и тоа по грешка, и по сликата се гледа дека е нова, сум немала потреба да го мачкам со неа. Маслото двапати го употребив на главчето кога почна да му паѓа косата и малку како сува му беше кожата горе. Помина за брзо и не сум го употребила пак. Купката ја употребувам за газето кога ќе се искака и понекогаш со неа го капам.