Дали некој ја користел линијата на Frezyderm? Сопругот ми донесе еден куп шампончиња и млеко за тело на база на камилица за бебе, па да знам дали да ги чувам или да ги фрлам؛ Фала
Се додека може да се плати никој не може да ти гарантира дека е 100% истиот состав сегде секој гледа повеќе профит да направи. Твое си е тоа што сакаш да се убедуваш себеси дека се е така розево. П.с кој работел во фабрика и што знае луѓе по магацини кај што се препакува и се лепат секакви декларации знае, а кој не го видел тоа ќе се убедува дека се е "органско". Исто како и Биокосмос "органска" храна путери и чуда што вредат по 30-40 денари они ги продаваат за 300-400 денари зошто? бидејќи на нив пишувало "ОРГАНСКО" нема проблем. Секој си го гледа профитот а никој квалитетот запамти КВАНТИТЕТ ПРЕД КВАЛИТЕТ
Добри се не се лоши, пробај ако не му одговараат на бебе ти можеш да си ги користиш или дај ги на некој.
Користев Фрезидерм кога ќерка ми беше новороденче (во клиниката кај што се роди ми дадоа две полни ќеси производи нивни и до акоро ги трошев) задоволна бев
Заради дискусиите тука им пишав директно на веледа и рекоа дека од кремата со цинк оксид може да се става после секое менување на пелена. Се става тенок слој, а ако е воспалено се става повеќе. Инаку е 450 денари, ја земав од Полин со достава.
Најлесно е да се плука по сѐ и сешто, да се омаловажува и да се обезвреднува. Терај си даље со тој став. Поздрав.
Да, и јас ја имам кремата за тело па ако може таа да се става на газето да му ја ставам наместо оваа со цинк.
Не, не, него се чудам на моево патешествие со веледа. Пред да се породам во аптека побарав се што ми треба од веледа и ми дадоа млеко за тело и шампон. Мислев тоа е тоа. Се роди малово и со млекото за тело го мачкав на лице и тело. После тоа дознав дека имало посебна крема за лице, ја нарачав и таа. Па после тоа дознав дека имало и крема за пеленска регија, ја нарачав и таа. После дознав за маслото ама го немам нарачано зашто не му се лупи главчето. И сега ти нова крема ми покажуваш, сега и оваа да ја нарачам Многу е лошо што паковањата се слични и јас се си мислам една иста крема е, а тоа уствари различни
Ако има потреба можеш да докупиш. Не ти треба ништо повеќе од шампонот и млекото за тело, кремата со цинк за црвенила и крем за зимно време за заштита од ладно. Сосема доволно ти е. Нема потреба од многу мачкање ако нема никаква мака со кожата.
Шеа путерот нема "состојки" туку е само шеа путер, како што е кокосово масло, значи 100 проценти е само шеа.
Убаво е кога може да се користи органска козметика, да. Ама и органските козметики имаат толку финти за вие да мислите дека ако пишува органско тогаш е здраво. Исто и со храна, не само козметика. Колку состојки има што се органски, а штетни. А дозволени од европски куќи што сертифицираат. Ама треба подлабоко да се копа. А најлесно е, ќе купам органско кремче и ќе одам да им кажувам на другите мајки дека се лоши. Кокосово масло не се дава ни на возрасен, а не пак на бебе. Самиот кокос, а замислете колку многу повеќе кокосовото масло пошо е поконцентрирано, има премногу заситени масти. Кокос се јаде во ограничени количини, па да земам кокос да јадам после некое време тешко ми станува, а не кокосово масло. Кокосово масло се користи само за надворешна употреба, за кожа и коса. Поради заситените масти. Не се реди на брадавици пред доење и бебето да го јаде. Ама вие си знаете, нели сте органски
Не сфаќам зошто се вели дека нафтените деривати во козметиката се забранети во ЕУ. Еве проверив на страната на Европската Комисија и да, вели дека (состојката) Petrolatum е карциногена ако не се знае целосната историја на рафинирање и не се докаже дека супстанцата од која е произведена не е карциногена. Со други зборови, Petrolatum е карциногена ако не е доволно и правилно рафинирана, во спротивно е безбедна состојка. Ако ЕУ се води по тоа дека мора да се знае сè околу рафинирањето на нафтата (Petroleum) за воопшто да дозволи некој производ со нејзин дериват (како Petrolatum) да се продава во ЕУ, тогаш може да се заклучи дека безбедни се и производите кои ги има кај нас и се продаваат во ЕУ, а содржат Petrolatum. Впрочем, Petrolatum е една од најдобрите состојки за екстремно сува кожа; неретко луѓе низ цел свет кажуваат дека ништо друго не им помогнало со кожата (на лицето или усните) колку еден обичен вазелин. Дерматолозите исто ја препорачуваат таа состојка (и mineral oil) за луѓе со премногу сува кожа, особено и бидејќи е состојка со премал процент на иритација, односно е една од најбезбедните состојки кога се работи за предизвикување на иритации. Дали е безбедна или не Павловичева не може да се каже (освен ако е испитана и е веќе докажано) и не знам детали, но можеби немаат намера да ја продаваат во ЕУ, можеби дозволите/сертификациите се скапи итн, што не мора да значи дека е карциногена. Додека не сум против органска козметика и сметам дека е во ред да се бара од брендовите да користат „чисти, неконтаминирани“ природни состојки, ќе се согласам со @Mantub дека само затоа што нешто е природно и органско, не значи дека е добро (за кожата, па дури и за јадење). Ако се водиме по ова, технички и нафтата е природна, т.е. ја добиваме од природата . Еве нека не биде класичниот пример дека и отровите од змиите и шкорпиите, или некои отровни бобинки се природни, а лоши (и неретко смртоносни) за нас; сите ја знаеме реакцијата кога ќе нè допре коприва, па не ја користиме на кожата само затоа што е природна. Има мал милион на природни состојки кои: 1. Не се добри ни за јадење, ни за ставање на кожата 2. Се добри за јадење, но не се добри за ставање на кожата 3. Не се добри (или вкусни) за јадење, но се добри за ставање на кожата 4. Се добри и за јадење и за ставање на кожата. Никој не ги негира 3. или 4., само не мислам дека natural/organic е end-all-be-all, односно сè надвор од тоа е лошо и/или карциногено. Впрочем, ретки се козметичките производи без ниедна природна состојка во нив. Не се согласувам и со тоа дека при премин од класична кон природна/органска козметика има некој процес на „чистење при премин“ на кожата (особено не од силикони). Поверојатно е кожата да има негативна реакција на некоја од природните состојки кои се користат во тие производи, за кои е покажано дека се иританти (како што чистата коприва нѝ ја иритира кожата) или, дури и сите состојки да се во ред, сепак кожата да има иритација на некoја од состојките, бидејќи кај секој е индивидуално и технички може да се биде „алергичен“ на буквално било која состојка. Нејсе, да не отвораме дискусии за природна/органска козметика, си има посебна тема за тоа, а и гледам дека прилично тензично и дефанзивно се пристапува кон темата, така што ќе прекратам тука . Ако некој го интересира повеќе околу природна козметика или clean beauty movement, може да ги изгледа следниве видеа (првото е од австралијански доктор (на науки) по козметичка хемија, а второто е од американски сертифициран дерматолог): Спојлер И двете имаат видеа што се однесуваат и на останатите класични offenders во козметиката, како силикони, парабени итн, така што, кој го интересира, може да побара.