@Biodevojka И јас би сакала предлог, ги гледав во дм нивните,сите имаат цинк Една беше шеа путер и камилица ама одвратно мирисаше
Дали сум јас единствена што освен купка ао ништо друго не шлакам ...ни за пеленска регија немам мачкано со исклучок на неколку пати.. После секое какање му мијам газе..неколку пати во ден му миеме раце и лице и го капам секој ден освен пред некое време ко рикаше во вода и прекинав со секојдневно капење и го капев на 2 дена..
Може ли да ве прашам зошто без цинк оксид? Ве плаши ли состојката или? Таа е баш онаа состојка која го смирува црвенилото
Ја суши кожата, кај мое дете не пријал цинкот воопшто. Масна наслага да не се лепи измет и да не ствари иритации да, ама еве чим е штетна не знам што да земам. Нема многу избор.
Земи 50 гр, масло од невен и 10 гр пчелин восок, стопи ги и стави ги во чисто кутиче. Откако ќе се стрвдне готово е за употреба. Нанеси мала количина на местата каде е црвено газето. Пробај. Поздрав
И јас исто не знам што да купам. Исто читав овде не мачкаат ништо. Еве сега другарка ме исплаши вика и она не мачкала толку се иритирала кожа кај бебе со плачки со вриштења со лекари и едвај се опоравиле. Од тогаш вика редовно шљака павловиќева и плус навечер веледа за пеленска регија. Немам памет што мрсна крема да земам...ама деф ми е страв да не мачкам скроз ништо да не си направам беља. Ти оваа ли ќе ја користиш? Ако најдеш нешто подобро те молам пиши
Понекогаш мрсно му мачкам масло од невен од Веледа. Не ми текнало да го измешам со пчелин восок, а имам, но брка работа и вака.
Ама не секое бебе е исто. Ако забележиш дека се суши или иритира кожата ќе почнеш да ставаш. Сигурно нема да чекаш страшна иритација. Незнам зошто понекогаш ве паничат пред време.
Нема везе ако наиде некоја на мрсна а квалитетна крема нека сподели...се изначитав етикети периодов се е исто
А зашто бараш мрсна? Колку е само тешка дури и за нас и ги запушува сите пори, а тек за бебешка кожа која треба да диши. Без потреба само шлакање нема корист. Корист ќе има бебето од мрсна крема, ако има проблематична кожа па токму таква крема да одговара.
Знам ве читав кога пишувавте за ова. Не барам да куоам. Чисто да имам во предвид која е добра ако затреба да купам. Отпосле ќе немам слободно време за market research
Јас го шлакав исто бебе цело време со павловичева, ама сега го мачкам само после бањање, преку ден ич. Таа од што е толку мрсна стои, највеќе ми е за кога ќе кака да не му се лепи измет, зошто имал малку осип неколку пати. Иначе јас со таа павловичева се мачкав на стомакот додека бев бремена, една стрија немам. На друго место ми излегоа.. А читам тука не е добра, ама ефикасна е и стварно малку ја користам сега.
Не знам да ти кажам со сигурност. Не сум користела друга. Едно време кога читав тука скроз прекинав да ја користам, ама му се вцрви гзето и сфатив дека еднаш дневно е доволно за мое бебе. Исто и со млеко за тело веќе не го мачкам, ептен ако забележам дека му се подсушила кожата, многу тенок слој. За сега е супер, ама се си зависи од бебето.
Каде се наоѓа пчелин восок? И дали вака направена крема може да се користи секојдневно или само за црвено кога е? Зашто и јас мачкам мрсно за да не дојде до црвенило. За цинк оксид... И мене педијатарот ми рече креми со цинк оксид да мачкам само еднаш дневно зашто ја сушеле кожата, а преку ден мрсна, витаминска крема.