Си мучкам разни природни работи и ми требаше, па барав од познати луѓе саглам пчелар. И не беше ни скап, мислам дека 1,5 или 2 кг купив за околу 1000-1200. Трае бидејќи се ренда и се става мала количина. Ај ако не најдеш восок и ако направам со масло од невен, ќе ти дадам една кутија
Мене не ми е јасно кој ги дава тие идеи за нелепење на каките поради мрсна крема. Значи бебе кака, дур е на доење или ад, е потечно, што сакаш ставај пак ќе лепи. Мислам гомно е гомно побогу не може да не лепи, затоа газе се мие одма по какање. Башка го какаат истото млеко што го пијат, а организмот не го искористил, оти бебе е на млеко само. Осипот е од хемијата во пелените или подолго не сменета пелена па се тоа заедно си има улога. Ама, толку гласно какаат на почеток што нема шанси да не слушнеш и не смениш пелена одма. Газето на миење. Толку е едноставно.
@0ли со две кила можеш за цел форум да произведеш кремче,таман и ке го патентираш @Milkiway од мене совет.Скоро 5 мес е беба,мачкам чат пат Веледа обична жолтата,а по потреба од наменската за пеленска регија со цинк оксид.Бришам со беби туфер натопен во вода и тоа не на секое менување пелени. Кога е искакана,бришам со влажни па директно на миење. До сега никаков проблем,еднаш само кога беше претопло имаше неколку црвени точки на препонот,ставив од кремата со цинк и одма се смири. На почеток можеш и со малку масло да пребришуваш,оти каките се чести и со леплива конзистенција. Мое мислење и став е дека мрсна крема е најдобро да се користи по потреба.
Фала ти многу за искуство. Секако решив ништо да не купувам сега најдобро педијатарот што ќе каже во болница тоа. Да не си играм. Па дента од аптека ќе се купи. Да не се трупам од сега а не знаеме бебето каква кожа ќе има А и секако педијаторот ќе каже валда дали има сува кожа што да се мачка и како... Веледата ми е секако набавена.
Ме насмеа со ова дека гласно какаат..Незнам дали сите така ама моево стварно гласно кака а нема запек течна каката е ама толку напиња и сите околу знаат што се дешава Само што ќе почни одма спремам вода и мијаме газе ако не е црвено не ни мачкам крем и досега еве 4 месеци скоро не ми појавил осип ни па црвенило
Драга крем со цинк оксид се мачка само во присуство на црвенило, а не секојдневно кога за тоа нема потреба. Многу е важно да се исфрлат марамиците, јас никогаш не ги препорачувам. Подобро навлажни крпче со вода или уште подобро измиј отколку марамица. Еден крем кој може сами дома да го направите на база на цинк оксид е: 25 гр. дестилирана вода 25 гр. растителен глицерин 25 гр. цинк оксид 25 гр. чист талк сите состојки може да ги најдете во аптеките а цинк оксидот и талкот само во оние аптеки кои имаат галенска лабораторија (јас ги земам секогаш од Виола, ќе ги нарачам и ми ги носат). Се мешаат прво цинк оксидот и талкот убаво да се спојат, па се додаваат водата и глицеринот. Сѐ убаво се меша и се става во едно празно чисто кутиче. Кога има иритации на бебешкото газе се нанесува од овој крем не секојдневно. Кремов нема потреба од конзерванси и ќе трае најмалку месеци поради фактот што количината на вода и глицерин се днакви и глицеринот со оглед на тоа што е “лаком за вода“ ја влече кон себе и не овозможува бактериски реакции и расипување на кремот. Овој крем доста суши со оглед на тоа што иритациите се појавуваат како резултат на влагата (од мочкање или какаењ на бебето) плус материјалот на пелените итн. Талкот ја влече кон себе влагата, а цинк оксидот ги змирува иритациите, Како што кажав се нанесува само кога има потреба од тоа. Штом црвенилото се повлече нема потреба. Истиов овој крем може да се користи и да смири црвенило пост депилација или пак црвенило како резултат на дерматит (кај мајка ми даде неверојатни ефекти околу пределот кај носот. Го тестирав на неа која страда од црвенило само кај носот). п.с. пчелин восок може да најдеш кај производители на мед и кемот подготвен со масло и мед може да се користи секојдневно. Поздрав
Фала ти. Јас не знаев за цинк оксид и користев од Веледа на секое менување пелена зашто кога се вративме од болница имаше многу црвенило и на некои места на нозете. Има многу осетлива кожа. И педијатарот кога ме праша што користам и кажав и ми вика да намалам со цинк оксид, а да мачкам мрсна и витаминска крема. Сакам да го мачкам со некоја крема зашто не сакам да чекам да дојде до иритација, па после да барам решение. Користам павловичева која ја користев и за мене во бременост, па прочитав дека содржела нафтени деривати што искрено не знам какво влијание имаат врз кожата и прашав фармацевт ми рече дека не е запознаена конкретно со составот на павловичева подлабоко (млад и не многу искусен фармацевт) ама вика дека сигурно е во дозволени дози кои не би направиле проблем. Друго што прочитав е дека е рафиниран и дека нема лошо влијание. Од друга страна, не му верувам многу на интернетот за да бидам сигурна и го мачкам еднаш дневно. После какање го мијам кога можам, не секогаш. Користам влажни марамици на Виолета 99% вода, а што содржи тој 1% не знам
@Jana06 мачкањето крема нема да превенира евентуален осип иако тоа супер звучи. Овде сите шлакаат креми нон стоп и токму тие често се жалат од осипи и црвенила. Ставање крема на здрава кожа само ќе направи да се презасити кожата, и подоцна кога реално би имала потреба од кремата нема да делуваат супстанциите што би требало да делуваат, па нема да делуваат и други креми со слични супстанци. Тоа што не веруваш на интернет, а веруваш на неискусен фармацевт, не го коментирам.
Влажни сум користела само кога не сум во можност да измијам бебе по какање, пример во парк или во воз или било каде надвор од дома. Инаку обавезно на мијалник и газето под вода. Не памтам па и нешто многу детска козметика да сме имале, еден шампон/купка (се во едно) и толку. Ама ако не слушате нас ќе пропадне индустријата.
Во 20 месеци дали 5 пати го имам намачкано со крема,одма оди под чешма,кога сме оделе на гости и таму сме го миеле и надвор кога сме подалеку од дома со шише маж ми го мие. Таков е маж ми и на бебе тоа го перферира а и баш мие непријатно какано само со влажна забришано.
Не знам за другите, јас не 'шлакам'. Моментално и јас не знам да донесам 'правилна' одлука дали и што да мачкам, па затоа мачкам ретко и ептен малце. Не верувам на интернетот, не поверував ни на фармацевтот затоа сум ни натака, ни навака. Затоа барам крема што можам да ја мачкам, а не штети на кожата. Ете, страв ми е така да го оставам зашто никој не може да гарантира дека нема да се појави црвенило.
Пелените ги менувам редовно особено ако се искака одма ја вадам. За миење многу ми е незгодна чешмата и во лавабо и во када, ми тежи и ептен ми е комплицирано. Еднаш пробав, ми се лизна од раце за малку да падне и си реков нема шанси. Никогаш не сме имале проблем ама ете ќе прочиташ нешто и нормално се преиспитуваш дали постапуваш правилно. А деца растат и со мачкање и без мачкање, за една година овој муабет небитен ќе биде ама ете, мајки.
Вака слично во моментов го мијам. Таму каде што сум во моментов не ми е погодено лавабото. Со пластичен сад потуривам со вода, а долу водата оди во легенче. Тежок е веќе и не е лесно, жива вода се правам кога го мијам. Уште малку ќе се издржи, верувам дека кога ќе седи, ќе биде полесно миењето. Или не?
Ќе пуниш коритото и со играчки ќе се шлапа. Јас лани цело лето го бањав на лабаво така ми беше најлесно,после секое прибирање од надвор под лабаво и во кревет,после потпорасна па во корито,а сега стоечки во када.