Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детска козметика

Дискусија во 'Бебе' започната од Elena941, 12 февруари 2010.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.712
    Допаѓања:
    24.575
    Пол:
    Женски
    Австрија сум да, немат пеленски осип ама до сега користев Панетен за секој ден, а Судо ако има осип. Мустела немам сретнато тука...
     
  2. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.714
    Допаѓања:
    18.403
    Пол:
    Женски
    Користела ли некоја мајка веледа сапун?
     
  4. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Мајки користите ли млеко или крема за тело за новороденче? Купив на веледа шампонче, крема за пеленска регија со цинк и крема за лице знам дека е најдобро од се да се користи иста марка за почеток но незнам дали постоии(и воопшто се става) млеко или крема на тело после бањање на новороденче? Фалии ви:)
     
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.295
    Допаѓања:
    18.410
    Од раѓање го мачкам со млеко за тело,речиси после секое бањање. Некогаш од млекото му ставам и на лице.
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.714
    Допаѓања:
    18.403
    Пол:
    Женски
    Истата козметика ја користам за синко од раѓање. Одличен избор, се надевам дека ке ви се погоди. :)
    Има веледа лосион ама немаш потреба за почеток. Јас цело тело со крема му го мачкав, како памук му беше кожата.
     
  7. stoimanovskamarija

    stoimanovskamarija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.529
    Некој што го користи лосионот од мустела да ми каже дали можам и на лице да ја мачкам малку малата, суво и е многу лицето,има два месеци?
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга ако ми дозволиш да ти кажам...најнапред започнувам со фактот што јас не сум мајка, ама моментално работам на еден проект на оваа тема. Според мене:

    - во првите три месеци нема потреба од никакви производи од продажба за бањање на вашето бебе, без разлика на тоа колку истите се органски, нежни или убаво формулирани. Бебешката кожа е премногу нежна и во овој период ви препорачувам да да ставите малку оризов или пченкарен скроб (нишесте) во кадичката со вода за бањање. Доколку сакате, наместо нишесте, може да користите една шака ориз (завиткан во газа од аптека) ставен во водичката за бањање.

    - од 3 до 6 месеци може полека да се започне со воведување на многу нежно средство за миење, природно и со убаво избалансирана формула. Воведувањето потребно е да биде постепено: трипати бебето е измива со оризов скроб, а четвртиот со многу мала количина средство за измивање, растворено во кадичката со вода. На тој начин бебето постепено се доведува во контакт со производите за измивање и состојките кои ги содржат, се прави постепено навикнување на бебешката кожа на истите, и се спречува или минимализира појавата на алергиски реакции.

    Што се однеува до употреба на креми, млека и масла за нега на детската кожа, лично сметам дека, до третиот месец, доколку бебешката кожа е мека, убава и не покажува никакви знаци на црвенило или пак сува кожа, нема потреба да се користи ништо. Случајот е друг доколку кожата на бебето е иритирана, се забележуваат појава на црвенила или пак кожата резултира сува. Тука потребно е да се реагира со хидратантни производи кои ќе ја спречат иритацијата и ќе помогнат во задржувањето на влагата на бебешката кожа како на пример едноставни хидратантни креми на база на невен како на пример оној на Веледа.

    Поздрав
     
    На LucyLu, Yowannty, Кена Рис и 5 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.714
    Допаѓања:
    18.403
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали имаш искуство со сапунот на веледа? До сега користев од гелот, ама има куферче со сапун, крема и лосион, кој ми одговара, ама за сапунот сум во дилема.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Најискрено со сапунот немам искуство. Не сум го земала до сега.

    едит отидов на ајтот да ја видам декларацијата
    INCI: sodium palmate, sodium cocoate, water, sodium olivate, glycerin, fragrance (parfum), limonene, linalool, citronellol, geraniol, calendula officinalis flower extract, chamomilla recutita (Matricaria) extract, iris germanica root extract, viola tricolor extract, oryza sativa (Rice) extract, Malt extract, Sodium Chloride

    Лично не сум љубител на масло од палма поради еколошки причини и во сапуните кои ги правам лично не го користам никогаш, меѓутоа мора да кажам дека сапунов е направен многу добро, има убава формула и според мене е доста функционален. Не знам колкаво е бебето (ама мој совет ти е ако го миеш со сапун (ова важи за сите природни сапуни) да рендаш мала количина во кадичката со вода и така да го бањаш малку ратворено.
     
    На Thallia и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.714
    Допаѓања:
    18.403
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот.
    Бебето не е баш бебе, 1 година има, 13 месеци поточно.
    Скептик сум нјмногу заради сушењето на сапунот, ке мора да внимавам каде го ставам по бањање.
    На оваа возраст, може директно да втријам? Или на мои раце а потоа на кожа?
    Другите куферчиња имаат производи кои не ми ги треба баш, а не знам дали сапун е исто толку добар како гелот.
    Исто ме интересира, има едни гелчиња, над 3 години биле. Може да ми кажеш зошто?
    Screenshot_20200916_144613_com.android.chrome.jpg Screenshot_20200916_144642.jpg
     
    На Sanemsi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга јас сепак ти препорачувам да рендаш мала количина во кадичка како кога би ставила малку течен сапун. Ова другово (што ми ја покажа декларацијата) има етерично масло од сладок портокал сигурно затоа.
    [​IMG]
    ова е многу убаво....не знам само дали го има кај нас. Не прави многу пена и многу е нажно. Има кремаста структура.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.617
    Допаѓања:
    201.949
    Пол:
    Женски
    Имаше порано една баш бебешка убава козметика, не знам дали се сеќаваш @Biodevojka, баш по твоја препорака ја купив за малово кога го средувавме дерматитот. Ама веќе не ја носат, а лично бев многу задоволна, оти не ја сушеше кожата на малово воопшто. Италијанска беше, на Натура Верде, со срнче на амбалажата. Одамна не сум ја видела во Веро од каде што ја купував.
    Сега за малото користам глицеринско сапунче некогаш, а почесто гелот за туширање од Натура Сиберика за бебиња. За големиот глицеринско сапунче, а за двајцата шампон од невен наменет за деца од Уртекрам. Сите ги земам од Белина. Задоволна сум. Имаат и двајцата проблеми со сува кожа, особено поизразено во зима, а малово знае и сега да извади по некое лишајче, кое сепак брзо поминува. За мачкање по телото повремено користам кокосово масло на влажна кожа, мислам дека тоа им е најубаво. Иначе малово имаше проблем кога имаше активен дерматит, го мачкав со масло на Џонсон по препорака од дерматолог, од прво ставање се вцрви жар, го избањав пак, и оттогаш не ми текнало да ставам такви масла.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    @Biodevojka што мислиш за сапунчево од SebaMed ?
    20200916_153127.jpg 20200916_153113.jpg
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Да драга како не ми текнува. Имав и рецензија на блогот. Преубави беа тие штета што веќе ги нема. Тие на Натура иберика се исто многу убави а шампонот на уртекрам тој за деца е фантастичен. Дури и спрејот за коса од истата марка кај внука ми ако не го прснам нема расчешлување.
    Те гушкам

    Драга ова не е сапун во вистинска смисла за зборот (како оние домашни природни сапуни) туку претставува синдет. А како за синдет не е лош.
     
    На Yowannty, Annath и BY<3 им се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    94.004
    Пол:
    Женски
    @Annath малце офф топик ке сум може,се извинувам:)
    На беба и излезе забче,на точно 5 мес.Кога и како да почнам со орална хигиена,што препорачуваш?
    Ти благодарам однапред:)
     
  17. Sanemsi

    Sanemsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Здраво, сакав да консултирам и со вас. Предходно имам користено само Мустела и немав некој ефект само минимално смирување на црвенило. Педијатар ми рече егзема и да не ставам ништо. Ама мене ми е неубаво така да го гледам. Некое природно решеное за ова?
     

    Прикачени фајлови:

  18. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Благодарам :)
     
  19. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.100
    Овие добри ли се?
    33F50150-029E-4C37-A955-DC94C3F31915.png 71E54DC1-1B63-4117-9094-087D47CA0483.jpeg
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.617
    Допаѓања:
    201.949
    Пол:
    Женски
    Засега напрсток, или бебешка четка за заби, има по аптеките таму сигурно. Не само запчето, и за непцата ќе биде убава масажа. Паста нема потреба, тоа понатаму.
     
    На mal.ecka и dunika им се допаѓа ова.